Претседателот Пендаровски: Нашите војници покажаа дека се професионално обучени согласно највисоките НАТО стандарди

29 јуни 2021 | Соопштенија

Претседателот Стево Пендаровски денеска се обрати на свеченоста во касарната „Илинден“ во Скопје, по повод завршувањето на учеството на Армијата на Република Северна Македонија во мировната мисија во Исламската Република Авганистан 2002/2021.

„Оваа мировна мисија потврди дека нашите војници можат да служат успешно во рамките на било која мировна мисија, дека се обучени на највисоко професионално ниво и во согласност со највисоките стандарди на НАТО. Се разбира, оваа мисија немаше да биде можна без поддршката од нашите тогашни партнери, а сега сојузници – САД, Обединетото Кралство, Турција, Чешка, Грција, Норвешка и Германија“, порача претседателот Пендаровски.

 

Почитувани војници и офицери, припадници на Армијата,

Почитувани присутни,

Чест ми е што, како Врховен Командант на вооружените сили, сум овде денес, на оваа церемонија организирана по повод враќањето на последниот наш мировен контингент од Авганистан. Најпрво сакам на нашите мировници да им кажам – добредојдовте дома!

Сега и вие и вашите најблиски можете да воздивнете со големо олеснување бидејќи ни се вративте дома живи и здрави. Се вративте од мисија чиј што мандат воопшто не беше лесен. Не само што е предизвик, самиот по себе да се најдете во непозната средина, далеку од својот дом, уште поголем предизвик е да бидете во средина која веќе 20 години е нестабилна, а често пати и опасна. Затоа, вашето учество во оваа мировна операција е уште повредно, а придонесот не е само ваш, личен, туку и на вашите семејства кои ве поддржуваа.

Вие бевте таму во служба на својата земја, но и во служба на народот на Авганистан кој треба да ги ужива истите права, кои ги имаат и другите народи во светот. Затоа сакам, во свое лично име, но верувам и во име на сите наши граѓани да ви искажам огромна благодарност.

Пред безмалку 30 години кога на наша територија беа распоредени мировни сили на Обединетите Нации, или по конфликтот во 2001-та, кога бевме домаќини на три операции на НАТО, беше незамисливо дека наши војници еден ден ќе бидат дел од мировните мисии во светот. Но, во 2002-та, тоа стана реалност. Од земја – корисник, станавме земја извозник на безбедноста. Политичката одлука за испраќање на наши војници во странство е секогаш една од најтешките дилеми пред која можат да бидат исправени политичарите, но, денес, од оваа перспектива, убеден сум дека тогаш беше донесена вистинската одлука.

Политичарите често не се согласуваат за многу теми, но, кога стануваше збор за упатување на нашите луѓе во мировни мисии, парламентот одлуките секогаш ги носеше едногласно. Почнавме скромно, со испраќање на два штабни офицера во Меѓународните безбедносни сили за помош, продолживме со испраќање на поголеми контингенти. Учествувавме во заеднички состави со мировници од Турција и од Обединетото Кралство, испративме контингент во состав со Националната гарда на Вермонт од САД. Имавме медицински тимови во состав на грчката, чешката и норвешката полска болница и заедно со земјите од Jадранската Повелба.

По завршувањето на ИСАФ во 2014-та, продолживме со учество во новата мисија на НАТО, Решителна Подршка, во која нашите војници и старешини работеа заедно со силите на САД, Турција, Сојузна Република Германија, Кралството Норвешка, како и во А5 форматот. Во двете мисии, нашата армија учествуваше со над 3300 луѓе, од кои околу 190 беа припаднички на женскиот пол.

Почитувани, 

Контингентите за кои зборуваме, можеби се чинат мали во однос на вкупната бројка на ангажирани сили која во некои периоди во Авганистан изнесуваше и над 150.000, но, се големи во релативна смисла имајќи предвид дека еден период Северна Македонија беше четврта според големината на придонесот во однос на бројот на нејзиното население. А, бројката од повеќе од 3300 припадници изнесува скоро половина од вкупната бројност на нашата армија. Самата бројка е многу позначајна ако се земе во предвид и нејзината структура која секогаш го одразуваше етничкиот состав на нашето население и дека нашите војници, заедно со нашите партнери, споделуваа исти вредности на слобода и демократија.

Почитувани мировници,

Вие со вашата професионалност и посветеност на најдобар начин ја претставувавте својата земја. Ако како држава веруваме дека сите луѓе се родени слободни и еднакви, не можеме да бидеме достојни на нашите зборови и верувања, ако не ги браниме тие вредности било каде во светот каде што има потреба.

Оваа мировна мисија потврди дека нашите војници можат да служат успешно во рамките на било која мировна мисија, дека се обучени на највисоко професионално ниво и во согласност со највисоките стандарди на НАТО. Се разбира, оваа мисија немаше да биде можна без поддршката од нашите тогашни партнери, а сега сојузници – САД, Обединетото Кралство, Турција, Чешка, Грција, Норвешка и Германија. Голема благодарност и до нив!

Верувам дека искуството стекнато за време на вашиот ангажман во оваа мисија од вас направи не само подобри војници, туку и подобри луѓе. Посакувам и во иднина да продолжите да ја претставувате својата татковина, својот народ и достоинството на нашата армија во најдобро можно светло, каде и да сте.

Изразувам голема благодарност и до сите мировници од целиот свет, во сите меѓународни мировни мисии и им оддавам почит за нивниот придонес за помирен и побезбеден свет.

Ви благодарам на вниманието!

 

Категории

Categories

Kategori

Последни вести

Latest news

Lajmet e fundit

Обраќање на претседателот Пендаровски на вториот модул на Школата за политики

Обраќање на претседателот Пендаровски на вториот модул на Школата за политики

Претседателот Стево Пендаровски денеска се обрати на вториот модул на Школата за политики за 2023 година при Претседателскиот центар за политичко образование, што се одржа викендов во Охрид. Пред учесниците на годинешната Школа за политики, претседателот Пендаровски...

Отворен Кабинет за основци од 3 скопски училишта и ученици – членови на здружението „Несил“ од Скопје

Отворен Кабинет за основци од 3 скопски училишта и ученици – членови на здружението „Несил“ од Скопје

Кабинетот на претседателот Пендаровски, во рамки на Отворен Кабинет денеска го посетија основци од училиштата „Мустафа Кемал Ататурк“, „Тихомир Милошевски”, „Гоце Делчев“, како и ученици – членови на здружението „Несил“ од Скопје, посветено на едукативни активности за...

Сопругата на претседателот со најмладите во рамки на фестивалот „Литера“

Сопругата на претседателот со најмладите во рамки на фестивалот „Литера“

Сопругата на претседателот, Елизабета Ѓоргиевска учествуваше на Меѓународниот фестивал за литература и илустрација за деца „Литера 2023“ што се одржува во Музејот на град Скопје. Во рамки на настанот, г-ѓа...

Средба на претседателот Пендаровски со Ден Шехтман, добитник на Нобелова награда за хемија во 2011 година

Средба на претседателот Пендаровски со Ден Шехтман, добитник на Нобелова награда за хемија во 2011 година

Претседателот Стево Пендаровски денеска го прими Ден Шехтман, добитникот на Нобелова награда за хемија во 2011 година, кој престојува во посета на нашата држава во организација на Македонската академија на науките и уметностите и Сојузот на хемичари и технолози на...

Средба на претседателот Пендаровски со американскиот сенатор Крис Марфи

Средба на претседателот Пендаровски со американскиот сенатор Крис Марфи

Претседателот Стево Пендаровски денеска го прими американскиот сенатор Крис Марфи. На средбата се разговараше за севкупните билатерални односи меѓу двете држави, за состојбите во поширокиот регион во контекст на руската агресија врз Украина, како и за аспирациите на...