Обраќање на претседателот Пендаровски по повод 30-годишнината од донесувањето на Уставот на првата независна, меѓународно признаена македонска република

17 ноември 2021 | Обраќања

Почитувани граѓани,

Денес се навршуваат 30 години од донесувањето на Уставот на првата независна, меѓународно признаена македонска република. На 17 Ноември 1991-та, Собранието, по повеќемесечна расправа, го изгласа Уставот со што го заокруживме процесот на осамостојување од поранешната југословенска федерација.

Нашиот Устав не е само формално правно највисок акт во државата. Тој документ е најдобриот доказ за вековната борба за сопствена, демократска држава, и на нашата заедничка визија за праведна, економски развиена и солидарна политичка заедница со човековите права и слободи во нејзиното средиште.

Во историска смисла, во нашиот устав се преплетуваат и надополнуваат Илинден 1903-та, народноослободителната борба и АСНОМ од 1944-та и референдумот за независност од 8 Септември 1991 година. Тој е симбол на илинденскиот идеал на борбата за слобода, еднаквост и братство на сите народи во Македонија. Тој го гарантира државно-правниот континуитет на современата македонска држава со одлуките на АСНОМ. Конечно, тој ја потврди јасно изразената референдумска волја на нашите граѓани за независна држава.

Истовремено, нашиот Устав од 1991-та го симболизира дисконтинуитетот со претходниот, еднопартиски систем на владеење. Тој во себе ги содржи сите вредности и принципи врз кои почиваат прогресивните демократии во светот. Со него беа промовирани суверенитетот на граѓаните, политичкиот плурализам и слободните демократски избори како единствена, легална и легитимна основа на секоја политичка власт. Наместо етноцентричност и национализам, тој декларира еднаквост на сите граѓани без разлика на етничкото или верско определување и истовремено, го гарантира слободниот културен развој и рамноправноста на сите заедници кои живеат во нашата држава. Со обврската за почитување на општоприфатените норми на меѓународното право, нашата држава се потврди како одговорен и стабилен субјект на меѓународната заедница на слободни и суверени нации.

Почитувани граѓани,

Додека на Балканот во деведесетите години од минатиот век се водеа крвави војни мотивирани од екстремен национализам, големодржавен експанзионизам и национална и верска омраза, ние донесовме устав што започнува со одредби за основните слободи и права на човекот и граѓанинот. Како што во 1903-та, во предвечерјето на големите војни на 20 век, со Крушевскиот манифест се определивме за демократска република на слободни и рамноправни луѓе, така и на 17 Ноември 1991-та година покажавме дека имаме државотворен капацитет,  политичка мудрост и визија која недостасуваше кај многу други поголеми народи од нас, со вековна државна традиција.

Големиот германски филозоф Хабермас, го дефинира патриотизмот во современи услови, како уставен патриотизам. Нашиот Устав ги исполнува сите критериуми на еден либерален и демократски устав. И затоа, доколку се прашаме, што треба да правиме за да бидеме македонски патриоти во 21-от век, одговорот е едноставен. Секој од нас, треба да го приложи својот дел за реализација на идеалот запишан во првиот став од првиот член на Уставот кој нашата татковина ја дефинира како суверена, самостојна, демократска и социјална држава.

Нека ни е честит јубилејот!

Нека ни е долговечна државата!

 

 

 

Категории

Categories

Kategori

Последни вести

Latest news

Lajmet e fundit

Претседателот Пендаровски: Потребни ни се блиски врски меѓу Македонија и дијаспората

Претседателот Пендаровски: Потребни ни се блиски врски меѓу Македонија и дијаспората

Претседателот Стево Пендаровски за време на работната посета на САД по повод учеството на 78. Генерално Собрание на Обединетите Нации, вчера попладне во Чикаго, како почесен гостин, присуствуваше и се обрати на донаторска вечера „Патишта кон просперитет“ во...

Порака од претседателот Пендаровски по повод еврејскиот празник Јом Кипур

Порака од претседателот Пендаровски по повод еврејскиот празник Јом Кипур

Претседателот Стево Пендаровски, по повод одбележувањето на еврејскиот празник Јом Кипур, упати порака до претседателот на Еврејската заедница во Република Северна Македонија, Пепо Леви и до сите припадници на еврејската заедница во Република Северна Македонија....

Претседателот Пендаровски во Њујорк ја одликуваше Организацијата на Обединетите Нации со Орден на Република Северна Македонија

Претседателот Пендаровски во Њујорк ја одликуваше Организацијата на Обединетите Нации со Орден на Република Северна Македонија

Претседателот Стево Пендаровски, во рамки на учеството на Генералното собрание на ОН, вчера попладне во Њујорк ја одликуваше Организацијата на Обединетите Нации со Орден на Република Северна Македонија. Претседателот Пендаровски му го врачи одликувањето на генералниот...

Активности на г-а Елизабета Ѓоргиевска во рамки на учеството на претседателот на 78. Генерално Собрание на ОН

Активности на г-а Елизабета Ѓоргиевска во рамки на учеството на претседателот на 78. Генерално Собрание на ОН

Сопругата на претседателот г-а Елизабета Ѓоргиевска, која престојуваше во Њујорк во придружба на претседателот при неговото учество на 78. сесија на Генералното Собрание на Обединетите Нации, оствари повеќе средби и активности. Г-а Ѓоргиевска оствари средба со Диен...

Интервју на претседателот Стево Пендаровски за Гласот на Америка

Интервју на претседателот Стево Пендаровски за Гласот на Америка

Претседателот Стево Пендаровски во интервју за Гласот на Америка на македонски јазик, изјави дека од Русија зависи дали ќе има примирје во Украина. Тој посочи дека руската делегација се оглушува на сите барања на цивилизираниот и демократскиот свет.  ...