Претседателот Пендаровски по повод Ханука: Северна Македонија е особено горда на својата Еврејска заедница

2 декември 2021 | Соопштенија

Во Кабинетот на претседателот Стево Пендаровски, по повод одбележувањето на еврејскиот празник Ханука, се одржа виртуелен настан на кој учествуваа претставници на Државата Израел и потомци на преживеани македонски Евреи од Холкаустот.

Претседателот Пендаровски упати порака со која го честита празникот на светлината, а како централен чин во одбележувањето на Ханука, традиционално беа запалени свеќите на Менората.

„Република Северна Македонија е особено горда на својата Еврејска заедница, која заедно со Меморијалниот центар на Холокаустот на македонските Евреи, е нашата симболична Ханукија, бидејќи не потсетува на конечната победа на животот над уништувањето, и сеќавањето над заборавот“, порача претседателот Пендаровски во своето обраќање.

Посакувајќи мир, радост и здравје, претседателот Пендаровски истакна дека празнувањето на Ханука е потсетување дека темнината не може да ја опфати светлината која го осветлува патот на човештвото кон слободата, еднаквоста, правдата и човечкото достоинство.

„Овие вредности ги крепат луѓето дури и во периоди на огромни предизвици како што е пандемијата на Ковид-19.Во овие тешки времиња, ние продолжуваме да го негуваме соживотот и почитувањето на различните, како најголема вредност на македонското општество“, истакна Претседателот.

Годинава свеќите на Менората беа запалени во спомен на Еврејската заедница од Северна Македонија која настрада во Холокаустот.

 

 

Категории

Categories

Kategori

Последни вести

Latest news

Lajmet e fundit

Средба со преставници на Лајонс дистрикт 132 – Северна Македонија и меѓународниот претседател  на организацијата, Брајан Шихан

Средба со преставници на Лајонс дистрикт 132 – Северна Македонија и меѓународниот претседател на организацијата, Брајан Шихан

Претседателот Стево Пендаровски денеска го прими Брајан Шихан, претседател на Меѓународната асоцијација на Лајонс клубови и претставници на Лајонс дистрикт 132 Северна Македонија, по повод 25-годишнината од нивната работа во нашата држава. [gallery...

Претседателот Пендаровски ги прими акредитивите на новоименуваниот амбасадор на Азербејџан, Камил Касијев

Претседателот Пендаровски ги прими акредитивите на новоименуваниот амбасадор на Азербејџан, Камил Касијев

Претседателот Стево Пендаровски денеска ги прими акредитивните писма на новоименуваниот амбасадор на Република Азербејџан за Република Северна Македонија, со седиште во Белград, Камил Касијев. На свечената церемонија на предавање...

Посета на ученици од ООУ „7 Марси“ и ООУ „Љубен Лапе” во рамки на Отворен Кабинет

Посета на ученици од ООУ „7 Марси“ и ООУ „Љубен Лапе” во рамки на Отворен Кабинет

Ученици од ООУ„7 Марси“ од Липково и од ООУ „Љубен Лапе" од Скопје, во рамки на активноста Отворен Кабинет, денеска се сретнаа и поразговараа со претседателот Пендаровски за неговата работа, за претседателските надлежности и активности. [gallery...

Ѓоргиевска: Мора системски, институционално да се искорени дискриминацијата и задскриената маргинализација

Ѓоргиевска: Мора системски, институционално да се искорени дискриминацијата и задскриената маргинализација

Сопругата на претседателот, Елизабета Ѓоргиевска присуствуваше и се обрати на завршната регионална конференција „Предизвици со кои се соочуваат жените и девојчињата во регионот на патот кон ЕУ – Гласно и храбро ги поместуваме границите“. Конференцијата е во...

Активности на сопругата на претседателот, Елизабета Ѓоргиевска со сопругата на австрискиот претседател, Дорис Шмидауер

Активности на сопругата на претседателот, Елизабета Ѓоргиевска со сопругата на австрискиот претседател, Дорис Шмидауер

Сопругата на претседателот, Елизабета Ѓоргиевска заедно со Дорис Шмидауер, сопруга на сојузниот претседател на Република Австрија, Александер Ван Дер Белен коишто престојуваат во официјална посета на Република Северна Македонија, денеска во Канцеларијата на...