Бодан Арсовски, Кокан Димушевски, Влатко Стефановски и Гарабет Тавитјан одликувани со Орден за заслуги за Република Северна Македонија

26 јули 2023 | Обраќања, Соопштенија

Претседателот Стево Пендаровски, вечерва на свечена церемонија во Кабинетот на Претседателот со „Орден за заслуги за Република Северна Македонија“ ги одликуваше Бодан Арсовски, Кокан Димушевски, Влатко Стефановски и Гарабет Тавитјан за извонредното, автохтоно и уникатно музичко творештво во рамките на џез-рок групата „Леб и сол“, како нејзини предводници, со којашто оставија трајни вредности во современата македонска музика и придонесоа за афирмација на македонската музичка уметност и на македонската култура во светот, како и за нивните значајни солистички постигнувања.

На церемонијата на доделување на медалите, во своето обраќање претседателот Пендаровски истакна дека музиката, опусот, животното дело на Влатко Стефановски, Бодан Арсовски, Кокан Димушевски и Гарабет Тавитјан се национално наследство кое е одамна впишано во културната и социјалната ДНК на нашата држава, на македонскиот народ и на сите наши граѓани.

„Вашата музика, драги лауреати, во дамарите на македонската душа има митски димензии, затоа што претставува културно наследство со кое се идентификуваа и растеа и сѐ уште растат и живеат генерации Македонци“, рече претседателот Пендаровски.

Почитувани гости,

Драги пријатели,

Вечерва ве пречекавме со леб и сол, традиција која постои не само кај нас, туку и кај многу други народи – нордиски, балтички, кај Евреите, кај Албанците, кај балканците. И секаде каде што постои, таа традиција означува една иста работа, а таа е дека гостите се добредојдени.

Само кај нас, во македонскиот јазик, тој израз има и друго, посебно, дополнително значење. Имено, кај нас, „Леб и сол“ oзначува култ, категорија, институција со наднационално значење и вонвременски карактер.

Зборуваме за музиката, опусот, животното дело на Влатко Стефановски, Бодан Арсовски, Кокан Димушевски и Гарабет Тавитјан. Зборуваме за национално наследство кое е одамна впишано во културната и социјалната ДНК на нашата држава, на македонскиот народ и на сите наши граѓани.

Вечерва, сите ние присутни овде, како и оние што го следат преносот во живо сме дојдени да искажеме почит и да се заблагодариме на нашата скопска четворка за тоа што ја поставија државата високо на глобалната карта на уметнички достигнувања.

Вашата музика, драги лауреати, во дамарите на македонската душа има митски димензии, затоа што претставува културно наследство со кое се идентификуваа и растеа и сѐ уште растат и живеат генерации Македонци.

Почитувани,

Уште од нивниот прв албум објавен во далечната 1978-та, „Леб и сол“ беа дефинирани како неприкосновени инструментални виртуози и пионери во она што критичарите го нарекоа „world music fusion„  – комбинирајќи рок, џез и традиционални македонски ритми, при тоа, создавајќи музика која далеку ги надмина границите на времето.

Пред речиси половина век, „Леб и сол“ се етаблираа во национална гордост и категорија, статус кој без напор го одржуваат низ годините, сѐ  до ден-денешен.

Во 1990-тите, членовите на групата започнаа и солистички кариери, соработувајќи со исклучителни музичари од целиот свет, проширувајќи ги музичките хоризонти, но, останувајќи верни на етничкото наследство и националниот дух без кои не можете да оставите белези на глобален план.

Почитувани,

Последниве години, испровоцирани од оние кои не се сигурни за сопствениот идентитет, многу време залудно трошиме во дебати за националниот идентитет на нас, Македонците, иако тој е заокружен од дамнешни времиња.

Во таа смисла, меѓу бројните, несоборливи докази за тоа кои сме ние Македонците, доволно е да го цитираме музичкото творештво и наследство на „Леб и сол“ кои и во 21-от век продолжува да ги инспирира музичарите да истражуваат нови предели додека ги почитуваат сопствените корени.

Прашајте кој било млад човек кога за прв пат навлегува во светот на музиката, дали знае за гитарското интро на Влатко во „Бистра вода“, фретлес бас-линиите на Бодан во истата нумера, аранжманите на Кокан во „Учи ме мајко, карај ме“ или седумосминските ритми на Гаро кога тапанот ќе грмне со подземен екот.

Патувањето на „Леб и сол“ од Скопје до меѓународно призната музичка постава е доказ за моќта на нивното креативно изразување кое далеку ги надминува националните граници. Преку специфичните миксови на наследството на нашата нација со планетарните музички влијанија, „Леб и сол“ не само што го збогатија културниот идентитет на македонското општество, туку, дадоа суштински придонес и за развојот на музиката и на глобално ниво.

Почитувани,

На крајот, дозволете ми да ја искористам оваа прилика и јавно да се обратам до четирите легенди кои се вечерва со нас. Вашиот професионален опус е доволен за барем уште десет вакви одликувања, но, на сите нас, а посебно на младите генерации во овие сложени и грди времиња, потребен ни е нов албум од вас, во овој формат.

Размислете!

Ви благодарам.

 

Категории

Categories

Kategori

Последни вести

Latest news

Lajmet e fundit

Одбележување на 20-годишнината од загинувањето на претседателот Борис Трајковски и членовите на делегацијата

Одбележување на 20-годишнината од загинувањето на претседателот Борис Трајковски и членовите на делегацијата

Претседателот Стево Пендаровски, утре, 26 февруари 2024 година, понеделник, во 12:00 часот ќе положи свежо цвеќе на вечното почивалиште на претседателот Борис Трајковски, по повод одбележувањето на 20-годишнината од неговото загинување во авионската несреќа во Босна и...

Средба на претседателот Пендаровски со ректорката на УКИМ проф. д-р Билјана Ангелова

Средба на претседателот Пендаровски со ректорката на УКИМ проф. д-р Билјана Ангелова

Претседателот Стево Пендаровски денеска ја прими ректорката на Универзитетот „Свети Кирил и Методиј“ во Скопје проф. д-р Билјана Ангелова и проректорот за финансии, инвестиции и развој проф. д-р Лазо Пендовски. На средбата претседателот Пендаровски беше информиран за...

Отворен кабинет со основци од скопски училишта

Отворен кабинет со основци од скопски училишта

Во рамки на активноста Отворен кабинет денеска Кабинетот на претседателот го посетија ученици од основните училишта од Скопје: „Петар Поп Арсов“, „Димитар Поп Георгиев - Беровски“, „11 Октомври“, „Коле Неделковски“ и „Живко Брајковски“. [gallery...

Претседателот Пендаровски се сретна со маратонецот Дарио Ивановски

Претседателот Пендаровски се сретна со маратонецот Дарио Ивановски

Претседателот Стево Пендаровски денеска во градскиот парк во Скопје се сретна со маратонецот Дарио Ивановски кој пред неколку дена постави нов македонски рекорд на маратонот во Севиља, Шпанија, како и со неговиот тренер и менаџер, Игор Јакимовски и атлетичарот Жан...

Средба на претседателот Пендаровски со претставници на хуманитарната организација „Ел Хилал“

Средба на претседателот Пендаровски со претставници на хуманитарната организација „Ел Хилал“

Претседателот Стево Пендаровски денеска прими претставници на хуманитарната организација „Ел Хилал“, предводени од Бехиџудин Шехапи, претседател на организацијата. Претставниците на организацијата го информираа претседателот Пендаровски за тековните активности на „Ел...