Претседателот Пендаровски и претседателот Левиц положија венци на гробот на Гоце Делчев во црквата „Св. Спас“

21 април 2022 | Соопштенија

Во рамки на официјалната посета на претседателот на Република Латвија, Егилс Левиц, на Република Северна Македонија, денеска претседателот Пендаровски и претседателот Левиц положија венци на гробот на македонскиот револуционер Гоце Делчев, во црквата „Св. Спас“ во Скопје.

По завршувањето на церемонијата на положување венци, двајцата претседатели ги разгледаа иконостасот, иконите и фрескоживописот во црквата „Св. Спас“.

Претходно, претседателот Стево Пендаровски, во претседателскиот кабинет, на официјална церемонија со највисоки државни и воени почести го пречека претседателот Левиц, а по одржаната тет-а-тет средба и пленарниот состанок на официјалните делегации на Република Северна Македонија и Република Латвија, претседателите имаа заедничка прес-конференција.

 

Категории

Categories

Kategori

Последни вести

Latest news

Lajmet e fundit

Интервју на претседателот Пендаровски за емисијата „Патот кон“ на телевизија Алсат-М

Интервју на претседателот Пендаровски за емисијата „Патот кон“ на телевизија Алсат-М

Во интервју за емисијата „Патот кон“ на телевизија Алсат-М претседателот Стево Пендаровски зборуваше за последните случувања во домашната и надворешната политика на Северна Македонија. Реформите во виталните области, борбата со корупцијата и процесот на ветинг,...

Честитка од претседателот Пендаровски по повод празникот Свети Климент Охридски

Честитка од претседателот Пендаровски по повод празникот Свети Климент Охридски

Претседателот Стево Пендаровски, по повод христијанскиот празник Свети Климент Охридски упати честитка до Господин Господин Стефан, Архиепископ Охридски и Македонски и на Јустинијана Прима и до сите верници од православната вероисповед. Почитувани, Имам особено...

Претседателот Пендаровски на Самит во Брисел: ЕУ е најдобрата алтернатива и патеката од која нема да се откажеме

Претседателот Пендаровски на Самит во Брисел: ЕУ е најдобрата алтернатива и патеката од која нема да се откажеме

Претседателот Стево Пендаровски денеска во Брисел учествуваше на Самитот ЕУ - Западен Балкан во организација на аналитичкиот центар (тинк – тенк) Пријатели на Европа. На сесијата во рамки на Самитот,...

Претседателот Пендаровски во посета на Врховната команда на сојузничките сили за Европа на НАТО

Претседателот Пендаровски во посета на Врховната команда на сојузничките сили за Европа на НАТО

Претседателот Стево Пендаровски, денеска во Монс, Белгија ја посети Врховната команда на сојузничките сили за Европа на НАТО, каде оствари средба со Врховниот командант, генерал Кристофер Каволи. На средбата претседателот Пендаровски беше запознаен со тековните...

Претседателот Пендаровски во работна посета на Белгија

Претседателот Пендаровски во работна посета на Белгија

Претседателот Стево Пендаровски денеска - 7 декември 2022 година, среда, ќе престојува во работна посета на Кралството Белгија. Претседателот Пендаровски, во Монс, на церемонија со воени почести ќе биде пречекан од страна на Врховниот командант на сојузничките сили во...