Претседателот Пендаровски во официјална посета на Црна Гора

11 април 2022 | Соопштенија

Претседателот Стево Пендаровски, утре и задутре – 12 и 13 април 2022 година, вторник и среда, ќе престојува во дводневна официјална посета на Црна Гора.

Во Подгорица, утре – 12 април 2022 година, претседателот Пендаровски со највисоки државни и воени почести ќе биде пречекан од претседателот на Црна Гора, Мило Ѓукановиќ, по што ќе се одржат тет-а-тет средба меѓу двајцата претседатели, пленарен состанок на делегациите на Република Северна Македонија и Црна Гора и заедничка прес конференција на двајцата претседатели.

Во рамки на посетата, претседателот Пендаровски ќе оствари средби со Здравко Кривокапиќ, претседател на Владата на Црна Гора и со Дритан Абазовиќ, потпретседател на Владата и мандатар за состав на нова Влада на Црна Гора.

Во среда – 13 април 2022 година во Бар ќе се одржи свечена церемонија на која претседателот Пендаровски ќе ја предаде спомен-плочата на Владимир и Косара на црногорскиот претседател Ѓукановиќ, во знак на силното пријателство и културно-историската врска меѓу Северна Македонија и Црна Гора.

Категории

Categories

Kategori

Последни вести

Latest news

Lajmet e fundit

Средба на претседателот Пендаровски со Аналена Баербок, сојузна министерка за надворешни работи на СР Германија

Средба на претседателот Пендаровски со Аналена Баербок, сојузна министерка за надворешни работи на СР Германија

Претседателот Стево Пендаровски денеска ја прими Аналена Баербок, сојузна министерка за надворешни работи на Сојузна Република Германија, која престојува во официјална посета на Република Северна Македонија. На средбата се...

Претседателот Пендаровски го потпиша Указот за новиот Закон за амнестија

Претседателот Пендаровски го потпиша Указот за новиот Закон за амнестија

Претседателот Стево Пендаровски денеска го потпиша Указот на усвоениот Закон за амнестија, со кој се предвидува лицата осудени за кривичните дела од член 205 „Пренесување на заразна болест“ и член 206 „Непостапување според здравствените прописи за време на епидемија“...

Повик за акредитирање на медиумски екипи – Официјална посета на сојузниот претседател на Република Австрија, Александер Ван дер Белен

Повик за акредитирање на медиумски екипи – Официјална посета на сојузниот претседател на Република Австрија, Александер Ван дер Белен

Ве известуваме дека на 28 и 29 март 2023 година во официјална посета на Република Северна Македонија ќе престојува сојузниот претседател на Република Австрија, Н.Е. д-р Александер Ван дер Белен, во придружба на неговата сопруга, г-а Дорис Шмидауер. Заинтересираните...

Претседателот Пендаровски се обрати на чествувањето на јубилејот „Сто години од раѓањето на Ацо Шопов“ во УНЕСКО во Париз

Претседателот Пендаровски се обрати на чествувањето на јубилејот „Сто години од раѓањето на Ацо Шопов“ во УНЕСКО во Париз

Претседателот Стево Пендаровски денеска во Париз се обрати на отворањето на меѓународниот симпозиум во рамки на чествувањето на јубилејот „Сто години од раѓањето на Ацо Шопов (1923 – 1982)“, што се одржува под негово покровителство во соработка со УНЕСКО. Воедно,...

Средба на претседателот Пендаровски со генералната директорка на УНЕСКО, Одре Азуле

Средба на претседателот Пендаровски со генералната директорка на УНЕСКО, Одре Азуле

Претседателот Стево Пендаровски денеска во Париз оствари средба со генералната директорка на УНЕСКО, Одре Азуле. На средбата се разговараше за севкупната соработка на Република Северна Македонија со УНЕСКО, во контекст на 30-годишнината од нашето членство во...