Претседателот Пендаровски домаќин на латвискиот претседател Егилс Левиц

20 април 2022 | Соопштенија

Претседателот Стево Пендаровски, утре (четврток, 21 април 2022 год.) ќе биде домаќин на претседателот на Република Латвија, Егилс Левиц, кој престојува во официјална посета на Република Северна Македонија.

Претседателот Левиц ќе биде пречекан со највисоки државни и воени почести, по што следува тет-а-тет средба на претседателите и пленарен состанок на делегациите на Латвија и Северна Македонија.

Во рамки на посетата, во црквата „Св. Спас“ во Скопје двајцата претседатели ќе положат венци на гробот на Гоце Делчев.

ПРОГРАМА: четврток, 21 април 2022 година

  • 10:00 ч. (плато, Кабинет на претседателот): Церемонија на пречек со највисоки државни и воени почести
  • 10:10 ч. Тет-а-тет средба
  • 10:25 ч. Пленарен состанок на делегациите
  • 11:20 ч. Заедничка прес-конференција на двајцата претседатели

Покануваме новинарски екипи во Кабинетот на претседателот во 9:15 часот.

Официјалната церемонија на пречек, пленарниот состанок и заедничката прес-конференција се отворени за сите медиуми.

Инсерти и фотографии од тет-а-тет средбата ќе бидат дистрибуирани од страна на Секторот за односи со јавностa на Кабинетот на претседателот.

  • 12:00 ч. (Црква „Св. Спас“): Полагање на венци на гробот на Гоце Делчев

Покануваме сниматели и фоторепортери во црквата „Св. Спас“ во 11:30 часот.

Инсерти и фотографии од положувањето цвеќе во црквата „Св. Спас“ ќе бидат дистрибуирани од страна на Секторот за односи со јавностa на Кабинетот на претседателот.

За сите дополнителни прашања и информации, претставниците на медиумите може да се обратат на Билјана Радева +389 76 45 55 45 [email protected]

Категории

Categories

Kategori

Последни вести

Latest news

Lajmet e fundit

Претседателот Пендаровски го посети Националниот институт за ориентални јазици и цивилизации – ИНАЛКО во Париз

Претседателот Пендаровски го посети Националниот институт за ориентални јазици и цивилизации – ИНАЛКО во Париз

Претседателот Стево Пендаровски денеска во Париз го посети Националниот институт за ориентални јазици и цивилизации – ИНАЛКО, каде што оствари средба со Жан-Франсоа Хуше, претседател на ИНАЛКО и средба со Фроса Пејоска-Бушеро, шеф на Катедрата за македонски студии при...

Конференција „30 години македонско-германски дипломатски односи: Билатерална соработка и развојна поддршка со Северна Рајна – Вестфалија“ во организација на ПЦПО

Конференција „30 години македонско-германски дипломатски односи: Билатерална соработка и развојна поддршка со Северна Рајна – Вестфалија“ во организација на ПЦПО

Во организација на Претседателскиот центар за политичко образование денеска во Скопје се одржа конференција на тема „30 години македонско-германски дипломатски односи: Билатерална соработка и развојна поддршка со Северна Рајна - Вестфалија“. На отворањето на...

Консултативна средба за предлог-Законот за донирање на вишок на храна во Кабинетот на претседателот

Консултативна средба за предлог-Законот за донирање на вишок на храна во Кабинетот на претседателот

Во Кабинетот на претседателот денеска сопругата на претседателот, Елизабета Ѓоргиевска беше домаќин на консултативна средба за предлог-Законот за донирање на вишок на храна. На средбата присуствуваа министерката за труд и социјална политика, Јована Тренчевска,...

Порака од претседателот Пендаровски по повод Меѓународниот ден на Франкофонијата

Порака од претседателот Пендаровски по повод Меѓународниот ден на Франкофонијата

Претседателот Стево Пендаровски по повод Меѓународниот ден на Франкофонијата – 20 Mарт, ја упати следната порака: Денес го одбележуваме Меѓународниот ден на Франкофонијата. За Република Северна Македонија, членството во Меѓународната организација на Франкофонијата е...

Претседателот Пендаровски во посета на Париз по повод одбележувањето на 100-годишнината од раѓањето на Ацо Шопов

Претседателот Пендаровски во посета на Париз по повод одбележувањето на 100-годишнината од раѓањето на Ацо Шопов

Претседателот Стево Пендаровски од денеска престојува во работна посета на Француската Република, по повод одбележувањето на 100-годишнината од раѓањето на македонскиот поет Ацо Шопов. Претседателот Пендаровски утре – 21 март 2023 година, вторник, во седиштето на...