Претседателката Сиљановска Давкова ги пречека победниците на 37. Охридски пливачки маратон и ги додели пехарите

31 август 2024 | Соопштенија

Претседателката Гордана Сиљановска Давкова ги пречека победниците на 37. Охридски пливачки маратон, чиј покровител е претседателот на државата.

Во машка конкуренција прв до целта стигна бразилецот Матеус Еванжелиста за 5 часа, 45 минути и 5 секунди, а французинката Каролин Жуис е победничка во женска конкуренција, која патеката „Климе Савин“ ја исплива за 5 часа 46 минути и 51 секунда.

Доделувајќи ги пехарите на годинашните победници на Охридскиот маратон, претседателката Сиљановска Давкова упати честитки до првопласираните пливачи и до сите останати натпреварувачи на маратонот, посакувајќи им добро здравје и уште многу натамошни спортски успеси.

Претходно, претседателката ја посети работилницата на средношколците од СОСУ „Св. Кирил и Методиј“ од Охрид, која се одржува за времетраењето на Охридскиот пливачки маратон, на кејот на Охридското езеро.

Младите ја запознаа претседателката со нивните годинашни проектни активности со цел заштита на екосистемот и ендемските видови во Охридското Езеро и разменија мислење со неа за нивните креативни идеи и заложби во насока на преземање на итни мерки за заштита на животната средина и уникатниот екосистем на Охридското Езеро.

На годинашното издание на Охридскиот пливачки маратон учествуваа деветнаесет пливачи од девет држави, единаесет во машка и осум во женска конкуренција.

Категории

Categories

Kategori

Последни вести

Latest news

Lajmet e fundit

Порака од претседателката Гордана Сиљановска-Давкова по повод 9 Мај

Порака од претседателката Гордана Сиљановска-Давкова по повод 9 Мај

9 Мај за нас е двоен празник: Ден на победата над фашизмот и Ден на Европа. Македонскиот народ застана на правата страна: антифашистичката. Илјадници македонски партизани, млади и стари, мажи и жени, селани, работници и интелектуалци станаа дел од...

Традиционална церемонија на свечено менување на државното знаме во претседателскиот кабинет

Традиционална церемонија на свечено менување на државното знаме во претседателскиот кабинет

Во дворот на претседателскиот Кабинет, во присуство на основци од скопските училишта „Владо Тасевски“, „Димитар Миладинов“, „Исмаил Ќемаљи“ како и од „Блаже Конески“ од Прилеп, денеска се одржа церемонија на менување на државното знаме. [gallery...

Сиљановска-Давкова: „Генералка Викенд“ треба да стане генералка 365

Сиљановска-Давкова: „Генералка Викенд“ треба да стане генералка 365

За претседателката „Генералка Викенд“ треба да прерасне во ,,Генералка 365 дена". ,,Секој ден да го почнуваме вака, имитирајќи ги Јапонците кои прво зачистуваат таму каде што живеат, а кога се овде, дури и околу нашите згради, а потоа одат на работа. Ова мора да стане...

Сиљановска-Давкова се обрати на приемот во чест на учесниците на регионалната конференција „Предводење на промените: Патеки кон демографска отпорност согласно потребите на луѓето“

Сиљановска-Давкова се обрати на приемот во чест на учесниците на регионалната конференција „Предводење на промените: Патеки кон демографска отпорност согласно потребите на луѓето“

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова вечерва се обрати на приемот во чест на учесниците на регионалната конференција „Предводење на промените: Патеки кон демографска отпорност согласно потребите на луѓето“, посветена на демографските промени и нивното влијание...

Средба на Сиљановска-Давкова со Генералниот секретар на Советот на Европа, Ален Берсе

Средба на Сиљановска-Давкова со Генералниот секретар на Советот на Европа, Ален Берсе

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова денеска оствари средба со Генералниот секретар на Советот на Европа, Ален Берсе, кој престојува во официјална посета на земјава. Таа ја истакна улогата на Советот на Европа, како најстара европска институција, којашто повеќе...