Учество на Ѓоргиевска на онлајн средба во организација на сопругата на украинскиот претседател, Зеленска

21 декември 2022 | Aктивности, Средби

Сопругата на претседателот Елизабета Ѓоргиевска, денеска учествуваше на онлајн средба во организација на сопругата на украинскиот претседател, Олена Зеленска, во чии рамки беше дискутирано за исходот од вториот Самит на првите дами и господа, којшто се одржа на 23 јули 2022 година во Киев.

Сопругата на претседателот се заблагодари за поканата за учество на онлајн средбата и ја реафирмираше поддршката на нашата земја за Украина особено со прифаќањето на бегалци од Украина и помошта од Црвениот крст, медицинската помош и во однос на образованието.  Ѓоргиевска истакна дека нејзините мисли се со украинскиот народ посакувајќи им мир и просперитет.

Учесниците на средбата разменија мислења за идните планови и активности, како и за темите на дискусија на третиот Самит на првите дами и господа, што треба да се одржи во 2023 година.

Во таа насока, беа разгледани можностите за продолжување на натамошната соработка во однос на реализација на хуманитарни и социјални проекти со цел надминување на кризата во Украина.

Категории

Categories

Kategori

Последни вести

Latest news

Lajmet e fundit

Претседателот Пендаровски се обрати на дискусијата „Заедничка иницијатива за климатска акција“ во пресрет на 28. Самит за климатски промени

Претседателот Пендаровски се обрати на дискусијата „Заедничка иницијатива за климатска акција“ во пресрет на 28. Самит за климатски промени

Претседателот Стево Пендаровски денеска се обрати на дискусијата „Заедничка иницијатива за климатска акција “, којашто се одржа во соработка со постојаниот претставник на Програмата за развој на Обединетите нации (УНДП) Армен Григорјан, а во пресрет на претстојниот...

Претседателот Пендаровски го додели признанието „Успешни млади“ за 2022 година

Претседателот Пендаровски го додели признанието „Успешни млади“ за 2022 година

Претседателот Стево Пендаровски, на церемонија во Кабинетот на претседателот, денеска го додели признанието „Успешни млади“ за 2022 година. Признанието се доделува како поттик на научноистражувачката мисла и уметничката работа на младите во нашата држава. За Најдобра...

Панел – дискусија „Вклучи се, превенирај, одговори и систематизирај“ во рамки на 16 дена активизам против родово-базирано насилство

Панел – дискусија „Вклучи се, превенирај, одговори и систематизирај“ во рамки на 16 дена активизам против родово-базирано насилство

Под покровителство на сопругата на претседателот, Елизабета Ѓоргиевска и во соработка со Сојуз-Национален совет за родова рамноправност, денеска се одржа панел-дискусија на тема „Вклучи се, превенирај, одговори и систематизирај“,  по повод кампањата „16 дена активизам...

Претседателот Пендаровски присуствуваше на настанот „Ацо Шопов – Невообичаено“

Претседателот Пендаровски присуствуваше на настанот „Ацо Шопов – Невообичаено“

Претседателот Стево Пендаровски присуствуваше на настанот „Ацо Шопов – Невообичаено“ којшто се одржа во рамки на чествувањето на 100-годишнината од раѓањето на македонскиот поет Ацо Шопов, иницијатива под покровителство на Претседателот. [gallery...

Обраќање на претседателот Пендаровски по повод одбележувањето на Денот на албанската азбука

Обраќање на претседателот Пендаровски по повод одбележувањето на Денот на албанската азбука

Претседателот Стево Пендаровски денеска се обрати по повод одбележувањето на Денот на албанската азбука -  22 ноември и 115. годишнината од одржувањето на конгресот во Битола, каде беа поставени темелите за стандардизација на албанскиот јазик. [gallery...