Посета на ученици од ООУ „Живко Брајковски“од Скопје во рамки на Отворен Кабинет

2 септември 2022 | Отворен Кабинет, Соопштенија

Кабинетот на Претседателот на Република Северна Македонија, во рамки на активноста Отворен Кабинет, денеска го посетија ученици кои следат настава на албански јазик во ООУ „Живко Брајковски“ од Скопје.

Посетителите имаа можност да се запознаат со претседателот Пендаровски, да поразговараат за неговата работа и за активностите во Кабинетот. Го информираа претседателот за нивните впечатоци од вчерашниот прв училишен ден и за нивните очекувања и интереси во рамки на образовниот процес.

Претседателот Пендаровски им посака успешна учебна година, нагласувајќи ја важноста на одговорниот пристап во основното образование, и на негувањето на другарството со нивните соученици како важни предуслови за нивниот натамошен личен развој.

Учениците ги посетија и просториите во коишто се одржуваат официјалните и работните средби, како и салите наменети за свечености, состаноци, седници на Советот за безбедност и прес-конференции. Од вработените во Кабинетот беа информирани за историјатот на објектот во којшто е сместен Кабинетот на Претседателот, како и за начинот на функционирање на институцијата, а во Мозаик салата го разгледаа и импозантниот диптих „Македонија – светла земја“ и „Македонија памети“, дело на еден од нашите најзначајни современи уметници – академик Глигор Чемерски.

Отворен Кабинет како дел од проектот Лице в лице со Претседателот овозможува директни средби на граѓаните со претседателот Стево Пендаровски. Досега Кабинетот го посетиле граѓани од различни возрасти и занимања, студенти од земјава и од странство, како и ученици од основни и средни училишта од земјава.

Категории

Categories

Kategori

Последни вести

Latest news

Lajmet e fundit

Претседателот Стево Пендаровски присуствуваше на инаугурацијата на турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган

Претседателот Стево Пендаровски присуствуваше на инаугурацијата на турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган

Претседателот Стево Пендаровски, денеска, 3 јуни 2023 година, на покана на турските власти, во Анкара присуствуваше на свечена церемонија на стапување на должност на претседателот на Турција, Реџеп Таип Ердоган. Претседателот Стево Пендаровски честитајќи му го новиот...

Отворен кабинет со посетители од Републичкиот центар за поддршка на лица со интелектуална попреченост „Порака“

Отворен кабинет со посетители од Републичкиот центар за поддршка на лица со интелектуална попреченост „Порака“

Во рамки на активноста Отворен кабинет, денеска Кабинетот на претседателот го посетија едукатори и корисници на Дневните центри на Републичкиот центар за поддршка на лица со интелектуална попреченост „Порака“. На...

Претседателот Пендаровски го посети скопското средно училиште „Цветан Димов“

Претседателот Пендаровски го посети скопското средно училиште „Цветан Димов“

Претседателот Стево Пендаровски денеска, по повод отворениот ден, го посети средното училиштето на Град Скопје „Цветан Димов“. Претседателот имаше можност да се запознае со условите во...

Учество на претседателот Пендаровски на Македонскиот енергетски форум 2023

Учество на претседателот Пендаровски на Македонскиот енергетски форум 2023

Претседателот Стево Пендаровски денеска учествуваше на Македонскиот енергетски форум 2023, што се одржува во Скопје во организација на ЗИП Институтот, во партнерство со Владата на Република Северна Македонија и Делегацијата на ЕУ во Скопје, на тема „Подобрување на...

Отворен кабинет со ученици од ООУ „Крсте Мисирков“- Куманово

Отворен кабинет со ученици од ООУ „Крсте Мисирков“- Куманово

Во рамки на активноста Отворен кабинет, денеска Кабинетот на претседателот го посетија ученици од ООУ „Крсте Мисирков“ од Куманово. Посетителите имаа можност да се сретнат и да поразговараат со...