Посета на ученици од ООУ „Ѓорги Сугарев” – Битола во рамки на Отворен Кабинет

2 декември 2022 | Отворен Кабинет, Соопштенија

Во пресрет на 3 декември, Меѓународниот ден на лицата со попреченост денеска се реализираше активноста Отворен Кабинет, во рамки на која Кабинетот на Претседателот на Република Северна Македонија го посетија ученици со атипичен развој од ООУ „Ѓорги Сугарев” – Битола.

Учениците се сретнаа со претседателот Пендаровски и со неговата сопруга, Елизабета Ѓоргиевска и ги споделија нивните желби, хобија, интереси и омилени активности во рамки на образовниот процес.

Во разговорот со специјалните едукатори и рехабилитатори, претседателот Пендаровски и г-ѓа Ѓоргиевска се запознаа со тековните проекти на Центарот за поддршка на учењето на децата со попреченост, што во рамки на битолското основно училиште, овозможува инклузивност, личен развој и индивидуална надградба на учениците.

Претседателот и неговата сопруга се заблагодарија за денешната посета на учениците, посакувајќи им да гo следат својот сон и постојано да се стремат кон остварување на своите цели.

Посетителите имаа можност да ги разгледаат и работните простории на претседателот Пендаровски, како и Мозаик салата во која е поставен диптихот „Македонија – светла земја“ и „Македонија памети“ на нашиот уметник – академик Глигор Чемерски.

Отворен Кабинет е дел од проектот Лице в лице со Претседателот, во рамки на кој, институцијата ја посетиле граѓани од различни возрасти, професии и занимања, студенти од земјава и од странство, како и ученици од основни и средни училишта.

Категории

Categories

Kategori

Последни вести

Latest news

Lajmet e fundit

Средба со припадници на бошњачката заедница во Република Северна Македонија

Средба со припадници на бошњачката заедница во Република Северна Македонија

Претседателот Стево Пендаровски, по повод 28 Септември, Меѓународниот ден на Бошњаците, денеска прими делегација на истакнати припадници на бошњачката заедница во Република Северна Македонија. На средбата присуствуваа Џелал Хоџиќ,...

Честитка од претседателот Пендаровски по повод Меѓународниот ден на Бошњаците

Честитка од претседателот Пендаровски по повод Меѓународниот ден на Бошњаците

Претседателот Стево Пендаровски, по повод 28 Септември, Меѓународниот ден на Бошњаците, упати честитка до припадниците на бошњачката заедница во Република Северна Македонија. Почитувани, Дозволете ми, во мое лично име и во името на граѓаните на Република Северна...

Претседателот Пендаровски ги прими акредитивите на новоименуваната амбасадорка на Република Куба

Претседателот Пендаровски ги прими акредитивите на новоименуваната амбасадорка на Република Куба

Претседателот Стево Пендаровски денеска ги прими акредитивните писма на новоименуваната амбасадорка на Република Куба во Република Северна Македонија, Мариета Гарсија Хордан. На свечената церемонија на предавање на акредитивните...

Претседателот Пендаровски ги прими акредитивите на новоименуваниот амбасадор на Грузија

Претседателот Пендаровски ги прими акредитивите на новоименуваниот амбасадор на Грузија

Претседателот Стево Пендаровски денеска ги прими акредитивните писма на новоименуваниот амбасадор на Грузија за Република Северна Македонија, Отар Бердзенишвили. Во обраќањето на свечената церемонија претседателот Пендаровски изрази очекување дека амбасадорoт со...

Обраќање на претседателот Пендаровски на 26-та Конференција на САД-Јадранската Повелба

Обраќање на претседателот Пендаровски на 26-та Конференција на САД-Јадранската Повелба

Претседателот Стево Пендаровски денеска се обрати на отворањето на 26-та Конференција на началници на генералштабови на земјите членки и набљудувачи на САД-Јадранската повелба, што се одржува во Скопје. [gallery...