Отворен Кабинет со ученици од ООУ,,Вера Циривири – Трена, од ООУ „Киро Глигоров“ од Скопје и од ООУ „Илинден“ од Крива Паланка

11 мај 2023 | Отворен Кабинет, Соопштенија

Ученици од ООУ,,Вера Циривири – Трена“ и од ООУ „Киро Глигоров“ од Скопје, како и ученици од ООУ „Илинден“ од Крива Паланка, во рамки на активноста Отворен Кабинет, денеска го посетија Кабинетот на претседателот.

Посетителите имаа можност да се запознаат со претседателот Пендаровски, да се информираат за неговите редовни работни обврски и за теми поврзани со претседателската функција. Денешната посета беше можност претседателот Пендаровски да поразговара со нив за нивните омилени училишни предмети и лични афинитети, како и за важноста од инклузивноста и соработката меѓу учениците.

Учениците ги посетија и просториите во коишто се одржуваат официјалните и работните средби на претседателот Пендаровски, како и салите наменети за состаноци, свечености и прес-конференции.

Од вработените во Кабинетот се информираа со начинот на функционирање на институцијата, а во Мозаик салата го разгледаа и впечатливиот диптих „Македонија – светла земја“ и „Македонија – земјата памети“, дело на еден од нашите најзначајни современи уметници академик Глигор Чемерски.

Отворен Кабинет е дел од проектот Лице в лице со Претседателот со кој се овозможуваат директни средби на граѓаните со претседателот Стево Пендаровски. Во изминатите четири години Кабинет го посетија граѓани од различни возрасти и занимања, студенти од земјава и од странство, како и ученици од основни и средни училишта.

 

Категории

Categories

Kategori

Последни вести

Latest news

Lajmet e fundit

Доделено признанието „Инженерски прстен 2023“ на 12 најуспешни дипломирани инженери

Доделено признанието „Инженерски прстен 2023“ на 12 најуспешни дипломирани инженери

Претседателот Стево Пендаровски денеска ги врачи инженерските прстени на 12 најуспешни дипломирани студенти од македонските факултети што негуваат инженерски дисциплини. Манифестацијата „Инженерски прстен“, која традиционално е под покровителство на претседателот на...

Отворен кабинет со ученици од САД на размена во земјава во рамки на програмата Yes abroad

Отворен кабинет со ученици од САД на размена во земјава во рамки на програмата Yes abroad

Во рамки на активноста Отворен кабинет денеска Кабинетот на претседателот го посетија ученици од САД кои се на размена во земјава како дел од програмата Yes abroad на Американски совети за меѓународно образование – Северна Македонија. [gallery...

Интервју на претседателот Стево Пендаровски за Радио Слободна Европа

Интервју на претседателот Стево Пендаровски за Радио Слободна Европа

Понижувачки е да се слушаат критиките кои доаѓаат од САД и ЕУ, но тие претходно направија стратешка грешка и го заборавија Западниот Балкан и овие директни критики доаѓаат дури сега, вели во интервју за Радио Слободна Европа, претседателот Стево Пендаровски. Тој...

Претседателот Стево Пендаровски присуствуваше на инаугурацијата на турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган

Претседателот Стево Пендаровски присуствуваше на инаугурацијата на турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган

Претседателот Стево Пендаровски, денеска, 3 јуни 2023 година, на покана на турските власти, во Анкара присуствуваше на свечена церемонија на стапување на должност на претседателот на Турција, Реџеп Таип Ердоган. Претседателот Стево Пендаровски честитајќи му го новиот...

Отворен кабинет со посетители од Републичкиот центар за поддршка на лица со интелектуална попреченост „Порака“

Отворен кабинет со посетители од Републичкиот центар за поддршка на лица со интелектуална попреченост „Порака“

Во рамки на активноста Отворен кабинет, денеска Кабинетот на претседателот го посетија едукатори и корисници на Дневните центри на Републичкиот центар за поддршка на лица со интелектуална попреченост „Порака“. На...