Отворен Кабинет за основци од училиштата „Наум Наумовски Борче“, „Свети Климент Охридски” и за деца од скопската градинка „13 Ноември“

12 мај 2023 | Отворен Кабинет, Соопштенија

Ученици од ООУ„Наум Наумовски Борче“, од ООУ „Свети Климент Охридски” од Скопје и деца од скопската градинка 13 Ноември, денеска го посетија Кабинетот на претседателот Пендаровски во рамки на активноста Отворен Кабинет.

Посетителите се сретнаа и поразговараа со претседателот, а имаа и можност да присуствуваат во просториите во коишто се реализираат официјалните и работните средби, како и во салите во коишто се одржуваат состаноци, свечености, настани и прес-конференции. Во Мозаик салата го разгледаа импозантниот диптих „Македонија – светла земја“ и „Македонија – земјата памети“ на академик Глигор Чемерски.

За време на нивната денешна посета присуствуваа и на церемонијата за промена на државното знаме на платото пред Кабинетот, извршена од припадниците на Баталјонот за почести и опслужување на Армијата, што се одржува со цел подигнување на чувството и почитта кон знамето на Република Северна Македонија, како репрезент и симбол на нашата држава.

Отворен Кабинет како дел од проектот Лице в лице со Претседателот, во континуитет овозможува граѓани од различни возрасти, професии и занимања, студенти од земјава и од странство и ученици од основни и средни училишта да остварат посета на Кабинетот и да се сретнат со претседателот Пендаровски.

Категории

Categories

Kategori

Последни вести

Latest news

Lajmet e fundit

Доделено признанието „Инженерски прстен 2023“ на 12 најуспешни дипломирани инженери

Доделено признанието „Инженерски прстен 2023“ на 12 најуспешни дипломирани инженери

Претседателот Стево Пендаровски денеска ги врачи инженерските прстени на 12 најуспешни дипломирани студенти од македонските факултети што негуваат инженерски дисциплини. Манифестацијата „Инженерски прстен“, која традиционално е под покровителство на претседателот на...

Отворен кабинет со ученици од САД на размена во земјава во рамки на програмата Yes abroad

Отворен кабинет со ученици од САД на размена во земјава во рамки на програмата Yes abroad

Во рамки на активноста Отворен кабинет денеска Кабинетот на претседателот го посетија ученици од САД кои се на размена во земјава како дел од програмата Yes abroad на Американски совети за меѓународно образование – Северна Македонија. [gallery...

Интервју на претседателот Стево Пендаровски за Радио Слободна Европа

Интервју на претседателот Стево Пендаровски за Радио Слободна Европа

Понижувачки е да се слушаат критиките кои доаѓаат од САД и ЕУ, но тие претходно направија стратешка грешка и го заборавија Западниот Балкан и овие директни критики доаѓаат дури сега, вели во интервју за Радио Слободна Европа, претседателот Стево Пендаровски. Тој...

Претседателот Стево Пендаровски присуствуваше на инаугурацијата на турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган

Претседателот Стево Пендаровски присуствуваше на инаугурацијата на турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган

Претседателот Стево Пендаровски, денеска, 3 јуни 2023 година, на покана на турските власти, во Анкара присуствуваше на свечена церемонија на стапување на должност на претседателот на Турција, Реџеп Таип Ердоган. Претседателот Стево Пендаровски честитајќи му го новиот...

Отворен кабинет со посетители од Републичкиот центар за поддршка на лица со интелектуална попреченост „Порака“

Отворен кабинет со посетители од Републичкиот центар за поддршка на лица со интелектуална попреченост „Порака“

Во рамки на активноста Отворен кабинет, денеска Кабинетот на претседателот го посетија едукатори и корисници на Дневните центри на Републичкиот центар за поддршка на лица со интелектуална попреченост „Порака“. На...