Отворен Кабинет за ученици од ООУ „Јохан Хајнрих Песталоци“ и студенти од Меѓународниот Универзитет – Визион

12 декември 2023 | Отворен Кабинет, Соопштенија

Претседателот Стево Пендаровски денеска прими ученици од ООУ „Јохан Хајнрих Песталоци“ од Скопје и студенти од Меѓународниот Универзитет – Визион од Гостивар, коишто беа денешни посетители во рамки на активноста Отворен Кабинет.

Учениците – првоодделенци, за време на престојот во Кабинетот разговараа со претседателот Пендаровски за неговата работа и секојдневните активности.

Студентите по турска настава од земјава, од Република Туркије, Република Косово и од Република Казахстан имаа можност да поразговараат со претседателот за неговите уставни надлежности, за начинот на функционирање на Кабинетот, а ги споделија и нивните гледишта, образовни интереси и идните планови за личен и професионален развој.

Посетителите имаа можност да ги разгледаат просториите во коишто се реализираат официјалните и работните средби,  како и салите во коишто се одржуваат состаноци, свечености, настани и прес-конференции. Во Мозаик салата го разгледаа импозантниот диптих „Македонија – светла земја“ и „Македонија земјата памети“ – дело на еден од најзначајните современи македонски уметници, академик Глигор Чемерски.

Отворен Кабинет овозможува директни средби на граѓаните со претседателот Стево Пендаровски. Досега Кабинетот го посетиле граѓани од различни возрасти и занимања, студенти од земјава и од странство, како и ученици од основни и средни училишта од земјава.

 

Категории

Categories

Kategori

Последни вести

Latest news

Lajmet e fundit

Претседателот Пендаровски ја посети компанијата ,,Везе Шари” и општина Пласница

Претседателот Пендаровски ја посети компанијата ,,Везе Шари” и општина Пласница

Претседателот Стево Пендаровски, во рамки на проектот „Лице в лице со Претседателот“ денеска во селото Требош, Општина Желино ја посети компанијата „Везе шари“. За време на посетата, претседателот Пендаровски беше запознаен со тековната работа на компанијата, која...

Изјава на претседателот Пендаровски на денешната прес-конференција

Изјава на претседателот Пендаровски на денешната прес-конференција

Претседателот Стево Пендаровски денеска одржа прес-конференција. Во продолжение е интегралниот текст на изјавата на претседателот Пендаровски. Почитувани медиуми, Почитувани граѓани, Благодарам за вашето присуство. Повод за...

Претседателот Пендаровски присуствуваше на завршниот настан „Иднината почнува дома“

Претседателот Пендаровски присуствуваше на завршниот настан „Иднината почнува дома“

Претседателот Стево Пендаровски вчеравечер присуствуваше на завршниот настан „Иднината почнува дома“, на којшто беа доделени признанија на триесет и двајцата номинирани личности, кои со нивната индивидуална ангажираност придонеле како двигатели на позитивни промени во...

Отворен Кабинет за претставници на Mладински клуб на Турците и ученици од ООУ „Браќа Миладиновци“

Отворен Кабинет за претставници на Mладински клуб на Турците и ученици од ООУ „Браќа Миладиновци“

Кабинетот на претседателот, денеска го посетија претставници на Mладински клуб на Турците и ученици од ООУ „Браќа Миладиновци“ од Аеродром, Скопје, во рамки на активноста Отворен Кабинет. [gallery...

Обраќање на сопругата на претседателот на панел дискусија по повод Денот на ретките болести

Обраќање на сопругата на претседателот на панел дискусија по повод Денот на ретките болести

  Сопругата на претседателот Елизабета Ѓоргиевска присуствуваше и се обрати на панел дискусија посветена на Денот на ретките болести во организација на Националната алијанса за ретки болести на Македонија – НАБРМ.   [gallery...