Ученици од Скопје и учесници од  фестивалот „Гроздоберче“ во посета на Кабинетот на претседателот во рамки на Отворен Кабинет

18 мај 2022 | Отворен Кабинет, Соопштенија

Кабинетот на Претседателот на Република Северна Македонија, денеска го посетија ученици од СУГС „Сарај“, СУГС „Никола Карев“, ООУ „Ѓорѓија Пулевски“ од општина Аеродром, ООУ „Св. Климент Охридски“ од општина Кисела Вода и учесници од Интернационалниот фестивал на детски песни „Гроздоберче“ од Кавадарци во рамки на Отворен Кабинет.

Посетителите имаа можност да се сретнат и да поразговараат со претседателот Пендаровски за неговата работа и за активностите во Кабинетот, а присуствуваа и во просториите во коишто се реализираат официјалните и работните средби, како и во салите наменети за свечености, состаноци, седници на Советот за безбедност и прес-конференции.

Од вработените во Кабинетот беа информирани за историјатот на објектот во којшто е сместен Кабинетот на Претседателот, како и за начинот на функционирање институцијата, а во Мозаик салата го разгледаа и импозантниот диптих „Македонија – светла земја“ и „Македонија памети“, дело на еден од нашите најзначајни современи уметници – академик Глигор Чемерски.

Посетителите имаа можност да ја разгледаат и изложбата на ракотворби што по повод Деновите на занаетчиство се одржува на платото пред Кабинетот, во соработка со Центарот за управување со промени, а во рамки на проектот „Мерки за зајакнување на женски бизниси по Ковид-19“ поддржан од УСАИД и БТД.

Отворен Кабинет е дел од проектот Лице в лице со Претседателот, инициран за да се овозможи реализација на директни средби на граѓаните со претседателот Стево Пендаровски. Во рамки на активноста Кабинетот го посетуваат, граѓани од различни возрасти и области на занимања, организации, студенти од земјава и од странство, како и ученици од основни и средни училишта од земјава.

Категории

Categories

Kategori

Последни вести

Latest news

Lajmet e fundit

Средба со преставници на Лајонс дистрикт 132 – Северна Македонија и меѓународниот претседател  на организацијата, Брајан Шихан

Средба со преставници на Лајонс дистрикт 132 – Северна Македонија и меѓународниот претседател на организацијата, Брајан Шихан

Претседателот Стево Пендаровски денеска го прими Брајан Шихан, претседател на Меѓународната асоцијација на Лајонс клубови и претставници на Лајонс дистрикт 132 Северна Македонија, по повод 25-годишнината од нивната работа во нашата држава. [gallery...

Претседателот Пендаровски ги прими акредитивите на новоименуваниот амбасадор на Азербејџан, Камил Касијев

Претседателот Пендаровски ги прими акредитивите на новоименуваниот амбасадор на Азербејџан, Камил Касијев

Претседателот Стево Пендаровски денеска ги прими акредитивните писма на новоименуваниот амбасадор на Република Азербејџан за Република Северна Македонија, со седиште во Белград, Камил Касијев. На свечената церемонија на предавање...

Посета на ученици од ООУ „7 Марси“ и ООУ „Љубен Лапе” во рамки на Отворен Кабинет

Посета на ученици од ООУ „7 Марси“ и ООУ „Љубен Лапе” во рамки на Отворен Кабинет

Ученици од ООУ„7 Марси“ од Липково и од ООУ „Љубен Лапе" од Скопје, во рамки на активноста Отворен Кабинет, денеска се сретнаа и поразговараа со претседателот Пендаровски за неговата работа, за претседателските надлежности и активности. [gallery...

Ѓоргиевска: Мора системски, институционално да се искорени дискриминацијата и задскриената маргинализација

Ѓоргиевска: Мора системски, институционално да се искорени дискриминацијата и задскриената маргинализација

Сопругата на претседателот, Елизабета Ѓоргиевска присуствуваше и се обрати на завршната регионална конференција „Предизвици со кои се соочуваат жените и девојчињата во регионот на патот кон ЕУ – Гласно и храбро ги поместуваме границите“. Конференцијата е во...

Активности на сопругата на претседателот, Елизабета Ѓоргиевска со сопругата на австрискиот претседател, Дорис Шмидауер

Активности на сопругата на претседателот, Елизабета Ѓоргиевска со сопругата на австрискиот претседател, Дорис Шмидауер

Сопругата на претседателот, Елизабета Ѓоргиевска заедно со Дорис Шмидауер, сопруга на сојузниот претседател на Република Австрија, Александер Ван Дер Белен коишто престојуваат во официјална посета на Република Северна Македонија, денеска во Канцеларијата на...