Посета на ученици од три основни училишта во рамки на Отворен Кабинет

18 ноември 2022 | Отворен Кабинет, Соопштенија

Кабинетот на Претседателот на Република Северна Македонија, во рамки на активноста Отворен Кабинет, денеска го посетија ученици од ООУ „Ѓорѓија Пулевски“, ООУ „Гоце Делчев“ и од ООУ „Браќа Миладиновци“  од Скопје.

Посетителите имаа можност да се сретнат и да поразговараат со претседателот Пендаровски, да присуствуваат во просториите во коишто се реализираат официјалните и работните средби, како и во салите во коишто се одржуваат состаноци, свечености, настани и прес-конференции, седници на Советот за безбедност, предавање на акредитивни писма од странски амбасадори.

Од вработените во Кабинетот учениците беа информирани за историјатот на објектот во којшто е сместен Кабинетот на Претседателот, како и за начинот на функционирање на оваа институција, а го разгледаа и импозантниот диптих „Македонија – светла земја“ и „Македонија памети“ на еден од најзначајните современи македонски уметници – академик Глигор Чемерски, поставен на двата ѕида во Мозаик салата.

Учениците присуствуваа и на церемонијата за промена на државното знаме на платото пред Кабинетот, извршена од припадниците на Баталјонот за почести и опслужување на Армијата, што се одржува со цел подигнување на чувството и почитта кон знамето на Република Северна Македонија, како репрезент и симбол на државноста на нашата земја.

Отворен Кабинет е дел од проектот Лице в лице со Претседателот, во рамки на кој, досега Кабинетот го посетиле граѓани од различни возрасти, професии и занимања, студенти од земјава и од странство, како и ученици од основни и средни училишта.

 

Категории

Categories

Kategori

Последни вести

Latest news

Lajmet e fundit

Официјална посета на сојузниот претседател на Република Австрија, Александер Ван дер Белен, на Република Северна Македонија

Официјална посета на сојузниот претседател на Република Австрија, Александер Ван дер Белен, на Република Северна Македонија

Претседателот Стево Пендаровски, утре – 29 март 2023 година, среда, ќе биде домаќин на сојузниот претседател на Република Австрија, Александер Ван дер Белен кој престојува во официјална посета на Република Северна Македонија, во придружба на неговата сопруга, Дорис...

Конференција: Стратегија за Роми, тек и следни чекори

Конференција: Стратегија за Роми, тек и следни чекори

Кабинетот на претседателот на Република Северна Македонија, на 6 април 2023 година, 11:00 часот, во Double Tree by Hilton Skopje ќе организира конференција со наслов „Стратегија за Роми, тек и следни чекори“ ПРОГРАМА Воведно обраќање на претседател на Република...

Средба со претставници на Шаховска Федерација на Македонија

Средба со претставници на Шаховска Федерација на Македонија

Претседателот Стево Пендаровски денеска прими претставници на Шаховска Федерација на Македонија. На средбата беше разговарано за тековните активности на федерацијата, учеството на меѓународни натпревари, организирањето на европски...

Средба на претседателот Пендаровски со Ољта Џачка, министерка за Европа и за надворешни работи на Република Албанија

Средба на претседателот Пендаровски со Ољта Џачка, министерка за Европа и за надворешни работи на Република Албанија

Претседателот Стево Пендаровски денеска ја прими Ољта Џачка, министерка за Европа и за надворешни работи на Република Албанија, која престојува во официјална посета на Република Северна Македонија. На средбата беше изразено...

Делегација од Кабинетот на претседателот  положи цвеќе пред Споменикот на бранителите

Делегација од Кабинетот на претседателот положи цвеќе пред Споменикот на бранителите

Генералниот секретар при Кабинетот на претседателот на Република Северна Македонија Миле Бошњаковски, денеска, 26 март 2023 година, оддаде почит и положи свежо цвеќе пред Споменикот на Бранителите во паркот „Жена борец“ во Скопје, во чест на бранителите, кои...