Посета на членови на Младински образовен форум во рамки на Отворен Кабинет

19 април 2023 | Отворен Кабинет, Соопштенија

Во рамки на активноста Отворен Кабинет, денеска Кабинетот на претседателот го посетија членови на Младинскиот образовен форум.

Посетителите – средношколци од Скопје, Тетово, Битола, Струга, Велес и Струмица, го информираа претседателот Пендаровски за актуелните проекти во рамки на МОФ, насочени кон поголема вклученост и општествен развој на младите, преку квалитетни младински и образовни политики.

За време на средбата со претседателот Пендаровски разговараа за општествено-политичките прашања во земјата, за перспективата на младите луѓе, а се запознаа и со активностите кои се одвиваат во Кабинетот, со претседателската функција и уставните надлежности.

Посетителите имаа можност да се запознаат со начинот на функционирање на институцијата, да ги разгледаат просториите во коишто се реализираат официјалните и работните средби, свечености и прес-конференции, како и Мозаик салата со импозантниот диптих „Македонија – светла земја“ и „Македонија памети“ изработен од реномираниот уметник, академик Глигор Чемерски.

Отворен Кабинет како дел од проектот Лице в лице со Претседателот овозможува непосредна комуникација на граѓаните со претседателот Стево Пендаровски. Кабинетот досега го посетиле илјадници граѓани од различни возрасти и занимања, членови на организации, студенти од земјава и од странство, како и ученици од основни и средни училишта од земјава.

Категории

Categories

Kategori

Последни вести

Latest news

Lajmet e fundit

Честитка од претседателот Пендаровски по повод празникот Свети Климент Охридски

Честитка од претседателот Пендаровски по повод празникот Свети Климент Охридски

Претседателот Стево Пендаровски, по повод христијанскиот празник Свети Климент Охридски упати честитка до поглаварот на Македонската Православна Црква – Охридска Архиепископија, Господин Господин Стефан, Архиепископ Охридски и Македонски и на Јустинијана Прима и до...

Ѓоргиевска: Потребна е зголемена будност и грижа за менталното здравје на жената без разлика на нејзината возраст, положба и статус.

Ѓоргиевска: Потребна е зголемена будност и грижа за менталното здравје на жената без разлика на нејзината возраст, положба и статус.

Сопругата на претседателот, Елизабета Ѓоргиевска учествуваше и се обрати на панел дискусијата „Здравјето не е само физичко -Ти ја имаш силата“ што се одржа во организација на НЕОКОРТЕКС - Центар за психотерапија, психодијагностика, тренинг и едукација. Во своето...

Сопругата на претседателот учествуваше на настанот „Едуцирај, ангажирај се, еманципирај: Панел-дискусија за превенција на адолесцентна бременост“

Сопругата на претседателот учествуваше на настанот „Едуцирај, ангажирај се, еманципирај: Панел-дискусија за превенција на адолесцентна бременост“

 Сопругата на претседателот, Елизабета Ѓоргиевска учествуваше на настанот „Едуцирај, ангажирај се, еманципирај: Панел-дискусија за превенција од адолесцентна бременост“ што се одржа во Eвропска куќа, Скопје. ...

Отворен Кабинет за ученици од ООУ „Круме Кепески“ и ООУ „11 Октомври“ од Скопје

Отворен Кабинет за ученици од ООУ „Круме Кепески“ и ООУ „11 Октомври“ од Скопје

Во рамки на Отворен Кабинет, ученици од ООУ „Круме Кепески“ и ООУ „11 Октомври“ од Скопје, денеска го посетија Кабинетот на претседателот Пендаровски. За време на престојот, се сретнаа и...

Обраќање на претседателот Пендаровски на одбележувањето на 30 години од основањето на Државниот завод за индустриска сопственост

Обраќање на претседателот Пендаровски на одбележувањето на 30 години од основањето на Државниот завод за индустриска сопственост

Претседателот Стево Пендаровски денеска се обрати на настанот со кој се одбележува 30-годишнината од основањето на Државниот завод за индустриска сопственост.  Почитуван директор на Државниот завод, Почитувани...