Отворен Кабинет за ученици од ООУ „Вера Циривири Трена“ и од ООУ„Браќа Миладиновци“ од Скопје

28 април 2023 | Отворен Кабинет, Соопштенија

Ученици од ООУ „Вера Циривири Трена“ и од ООУ„Браќа Миладиновци“ од Скопје денеска го посетија Кабинетот на претседателот Стево Пендаровски, во рамки на програмата Отворен Кабинет.

Посетителите имаа можност да поразговараат со претседателот Пендаровски за неговата работа за тековните активности во Кабинетот и да ги споделат своите интереси во рамки на образовниот процес.

За време на престојот во Кабинетот, ги посетија и просториите во коишто се одвиваат официјални и работни средби, свечености, церемонии и прес-конференции.

Од вработените во Кабинетот учениците беа запознати со историјатот на објектот во којшто е сместен Кабинетот на Претседателот, како и со начинот на функционирање на институцијата, а го разгледаа и импозантниот диптих „Македонија – светла земја“ и „Македонија памети“ дело на академик Глигор Чемерски.

Програмата „Отворен Кабинет овозможува непосредна комуникација на граѓаните со претседателот Пендаровски. Во изминативе години Кабинетот го посетиле неколку илјади граѓани од различни возрасти и занимања, младински организации и образовни институции.

 

Категории

Categories

Kategori

Последни вести

Latest news

Lajmet e fundit

Доделено признанието „Инженерски прстен 2023“ на 12 најуспешни дипломирани инженери

Доделено признанието „Инженерски прстен 2023“ на 12 најуспешни дипломирани инженери

Претседателот Стево Пендаровски денеска ги врачи инженерските прстени на 12 најуспешни дипломирани студенти од македонските факултети што негуваат инженерски дисциплини. Манифестацијата „Инженерски прстен“, која традиционално е под покровителство на претседателот на...

Отворен кабинет со ученици од САД на размена во земјава во рамки на програмата Yes abroad

Отворен кабинет со ученици од САД на размена во земјава во рамки на програмата Yes abroad

Во рамки на активноста Отворен кабинет денеска Кабинетот на претседателот го посетија ученици од САД кои се на размена во земјава како дел од програмата Yes abroad на Американски совети за меѓународно образование – Северна Македонија. [gallery...

Интервју на претседателот Стево Пендаровски за Радио Слободна Европа

Интервју на претседателот Стево Пендаровски за Радио Слободна Европа

Понижувачки е да се слушаат критиките кои доаѓаат од САД и ЕУ, но тие претходно направија стратешка грешка и го заборавија Западниот Балкан и овие директни критики доаѓаат дури сега, вели во интервју за Радио Слободна Европа, претседателот Стево Пендаровски. Тој...

Претседателот Стево Пендаровски присуствуваше на инаугурацијата на турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган

Претседателот Стево Пендаровски присуствуваше на инаугурацијата на турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган

Претседателот Стево Пендаровски, денеска, 3 јуни 2023 година, на покана на турските власти, во Анкара присуствуваше на свечена церемонија на стапување на должност на претседателот на Турција, Реџеп Таип Ердоган. Претседателот Стево Пендаровски честитајќи му го новиот...

Отворен кабинет со посетители од Републичкиот центар за поддршка на лица со интелектуална попреченост „Порака“

Отворен кабинет со посетители од Републичкиот центар за поддршка на лица со интелектуална попреченост „Порака“

Во рамки на активноста Отворен кабинет, денеска Кабинетот на претседателот го посетија едукатори и корисници на Дневните центри на Републичкиот центар за поддршка на лица со интелектуална попреченост „Порака“. На...