Посета на дечиња од градинката „Мајски цвет“ во рамки на Отворен Кабинет

28 ноември 2022 | Отворен Кабинет, Соопштенија

Кабинетот на Претседателот на Република Северна Македонија, во рамки на активноста Отворен Кабинет, денеска го посетија дечиња од градинката „Мајски цвет“ од Скопје.

Посетителите имаа можност да се сретнат со претседателот Пендаровски и да поразговараат за неговите желби и омилени активности во детството. Дечињата раскажуваа за нивните секојдневни активности, другарување и сето она што досега го научиле за време на престојот во градинка. Пред претседателот Пендаровски рецитираа стихотворби и ги испејаа песничките коишто ги подготвиле за денешната посета.

Вработените во Кабинетот ги прошетаа низ работните простории на претседателот Пендаровски, како и во Мозаик салата

со импозантниот диптих „Македонија – светла земја“ и „Македонија памети“ на еден од најзначајните современи македонски уметници – академик Глигор Чемерски.

Отворен Кабинет е дел од проектот Лице в лице со Претседателот, во рамки на кој, институцијата ја посетиле граѓани од различни возрасти, професии и занимања, студенти од земјава и од странство, како и ученици од основни и средни училишта. Дечињата од градинката „Мајски цвет“ се, досега, најмладите посетители на Кабинетот на претседателот.

Категории

Categories

Kategori

Последни вести

Latest news

Lajmet e fundit

Претседателот Стево Пендаровски присуствуваше на инаугурацијата на турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган

Претседателот Стево Пендаровски присуствуваше на инаугурацијата на турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган

Претседателот Стево Пендаровски, денеска, 3 јуни 2023 година, на покана на турските власти, во Анкара присуствуваше на свечена церемонија на стапување на должност на претседателот на Турција, Реџеп Таип Ердоган. Претседателот Стево Пендаровски честитајќи му го новиот...

Отворен кабинет со посетители од Републичкиот центар за поддршка на лица со интелектуална попреченост „Порака“

Отворен кабинет со посетители од Републичкиот центар за поддршка на лица со интелектуална попреченост „Порака“

Во рамки на активноста Отворен кабинет, денеска Кабинетот на претседателот го посетија едукатори и корисници на Дневните центри на Републичкиот центар за поддршка на лица со интелектуална попреченост „Порака“. На...

Претседателот Пендаровски го посети скопското средно училиште „Цветан Димов“

Претседателот Пендаровски го посети скопското средно училиште „Цветан Димов“

Претседателот Стево Пендаровски денеска, по повод отворениот ден, го посети средното училиштето на Град Скопје „Цветан Димов“. Претседателот имаше можност да се запознае со условите во...

Учество на претседателот Пендаровски на Македонскиот енергетски форум 2023

Учество на претседателот Пендаровски на Македонскиот енергетски форум 2023

Претседателот Стево Пендаровски денеска учествуваше на Македонскиот енергетски форум 2023, што се одржува во Скопје во организација на ЗИП Институтот, во партнерство со Владата на Република Северна Македонија и Делегацијата на ЕУ во Скопје, на тема „Подобрување на...

Отворен кабинет со ученици од ООУ „Крсте Мисирков“- Куманово

Отворен кабинет со ученици од ООУ „Крсте Мисирков“- Куманово

Во рамки на активноста Отворен кабинет, денеска Кабинетот на претседателот го посетија ученици од ООУ „Крсте Мисирков“ од Куманово. Посетителите имаа можност да се сретнат и да поразговараат со...