„Отворен кабинет за талентирани ученици“ во Вила Билјана во Охрид

11 септември 2022 | Aктивности, Отворен Кабинет, Соопштенија

Единаесет талентирани ученици од основно и средно образование, од областа на информатиката меѓу кои и ученици кои освоиле прво, второ или трето место на меѓународни натпревари од оваа област со нивните ментори, викендов беа дел од активноста во Охрид „Отворен кабинет за талентирани ученици“ во соработка со Здружението на информатичари на Македонија.

Учениците заедно со нивните ментори имаа можност да ја посетат Вила Билјана во Охрид, при што им беа претставени историски податоци за објектот, беа информирани за работата и надлежностите на претседателот Пендаровски, а ги посетија и просториите во коишто се одржуваат официјалните и работните средби. Посетителите имаа можност да се сретнат и лично да поразговараат со претседателот Пендаровски и неговата сопруга, Елизабета Ѓоргиевска.

Исто така, учениците имаа две стручни сесии кои вклучуваа презентација и решенија од интернационалната олимпијада по информатика, како и работа со талентирани ученици.

Учесниците на „Отворен кабинет за талентирани ученици“ ги посетија и културно-историските знаменитости на Охрид.

Кабинетот на претседателот во насока на поддршка на талентираните ученици ќе продолжи и понатаму да организира повеќе активности со кои ќе се вреднува и стимулира нивниот труд и постигнати резултати.

 

Категории

Categories

Kategori

Последни вести

Latest news

Lajmet e fundit

Средба на претседателот Пендаровски со претставници на ЗНМ и на меѓународни новинарски и медиумски организации

Средба на претседателот Пендаровски со претставници на ЗНМ и на меѓународни новинарски и медиумски организации

Претседателот Стево Пендаровски денеска прими претставници на Здружението на новинари на Македонија, како и претставници на неколку меѓународни новинарски и медиумски организации. На средбата се разговараше за прашања поврзани со слободата на изразување и независноста...

Претседателот Пендаровски ги прими акредитивите на новоименуваниот амбасадор на Ангола

Претседателот Пендаровски ги прими акредитивите на новоименуваниот амбасадор на Ангола

Претседателот Стево Пендаровски денеска ги прими акредитивните писма на новоименуваниот амбасадор на Република Ангола во Република Северна Македонија со седиште во Будимпешта, Жозе Филипе. На церемонијата на предавање на...

Доделено признанието „Инженерски прстен 2023“ на 12 најуспешни дипломирани инженери

Доделено признанието „Инженерски прстен 2023“ на 12 најуспешни дипломирани инженери

Претседателот Стево Пендаровски денеска ги врачи инженерските прстени на 12 најуспешни дипломирани студенти од македонските факултети што негуваат инженерски дисциплини. Манифестацијата „Инженерски прстен“, која традиционално е под покровителство на претседателот на...

Отворен кабинет со ученици од САД на размена во земјава во рамки на програмата Yes abroad

Отворен кабинет со ученици од САД на размена во земјава во рамки на програмата Yes abroad

Во рамки на активноста Отворен кабинет денеска Кабинетот на претседателот го посетија ученици од САД кои се на размена во земјава како дел од програмата Yes abroad на Американски совети за меѓународно образование – Северна Македонија. [gallery...

Интервју на претседателот Стево Пендаровски за Радио Слободна Европа

Интервју на претседателот Стево Пендаровски за Радио Слободна Европа

Понижувачки е да се слушаат критиките кои доаѓаат од САД и ЕУ, но тие претходно направија стратешка грешка и го заборавија Западниот Балкан и овие директни критики доаѓаат дури сега, вели во интервју за Радио Слободна Европа, претседателот Стево Пендаровски. Тој...