Ученици од ООУ „Браќа Миладиновци“, Скопје во посета на Кабинетот на претседателот Пендаровски

11 ноември 2021 | Соопштенија

Ученици од Општинското основно училиште „Браќа Миладиновци“, Скопје, во рамки на изучувањето на предметот општество за IV одделение, денеска го посетија Кабинетот на Претседателот на Република Северна Македонија.

Учениците го запознаа претседателот Пендаровски со областите кои ги изучуваат и со нивното предзнаење за општественото уредување на Северна Македонија. Тие се интересираа за неговите секојдневни обврски, како и за надлежностите на неговата функција. Прашуваа за референдумот во 1991 година и создавањето на независноста, за досегашните претседатели.

Претседателот Пендаровски поздравувајќи ја посветеноста на наставниот кадар во изнаоѓањето на креативни форми и начини за поттикнување интерес кај учениците, ја нагласи важноста од континуирано практично унапредување на процесите во основното образование, како темел и клучен предуслов за продуцирање одговорни и прогресивни личности коишто ќе даваат значаен придонес во развојот на нашето општество.

Учениците, за време на посетата, имаа можност да престојуваат во просториите во коишто се реализираат официјалните средби, како салите во коишто се организираат свечености, настани и прес-конференции. Се запознаа и со дел од вработените во Кабинетот од коишто беа информирани за историјатот на објектот, во којшто е сместен Кабинетот на Претседателот, како и за начинот на функционирање на оваа институција. Посетата е во рамките на проектот „Отворен кабинет“.

Категории

Categories

Kategori

Последни вести

Latest news

Lajmet e fundit

Претседателот Пендаровски ги прими акредитивите на новоименуваниот амбасадор на Азербејџан, Камил Касијев

Претседателот Пендаровски ги прими акредитивите на новоименуваниот амбасадор на Азербејџан, Камил Касијев

Претседателот Стево Пендаровски денеска ги прими акредитивните писма на новоименуваниот амбасадор на Република Азербејџан за Република Северна Македонија, со седиште во Белград, Камил Касијев. На свечената церемонија на предавање...

Посета на ученици од ООУ „7 Марси“ и ООУ „Љубен Лапе” во рамки на Отворен Кабинет

Посета на ученици од ООУ „7 Марси“ и ООУ „Љубен Лапе” во рамки на Отворен Кабинет

Ученици од ООУ„7 Марси“ од Липково и од ООУ „Љубен Лапе" од Скопје, во рамки на активноста Отворен Кабинет, денеска се сретнаа и поразговараа со претседателот Пендаровски за неговата работа, за претседателските надлежности и активности. [gallery...

Ѓоргиевска: Мора системски, институционално да се искорени дискриминацијата и задскриената маргинализација

Ѓоргиевска: Мора системски, институционално да се искорени дискриминацијата и задскриената маргинализација

Сопругата на претседателот, Елизабета Ѓоргиевска присуствуваше и се обрати на завршната регионална конференција „Предизвици со кои се соочуваат жените и девојчињата во регионот на патот кон ЕУ – Гласно и храбро ги поместуваме границите“. Конференцијата е во...

Активности на сопругата на претседателот, Елизабета Ѓоргиевска со сопругата на австрискиот претседател, Дорис Шмидауер

Активности на сопругата на претседателот, Елизабета Ѓоргиевска со сопругата на австрискиот претседател, Дорис Шмидауер

Сопругата на претседателот, Елизабета Ѓоргиевска заедно со Дорис Шмидауер, сопруга на сојузниот претседател на Република Австрија, Александер Ван Дер Белен коишто престојуваат во официјална посета на Република Северна Македонија, денеска во Канцеларијата на...

Претседателите Пендаровски и Ван дер Белен се обратија на Македонско-австрискиот економски форум

Претседателите Пендаровски и Ван дер Белен се обратија на Македонско-австрискиот економски форум

Претседателот Стево Пендаровски и претседателот Александер Ван дер Белен, во рамки на официјалната посета на австрискиот претседател на Република Северна Македонија, денеска се обратија на Македонско-австрискиот економски форум „Зајакнување на деловните односи меѓу...