Отворен Кабинет во Кабинетот на претседателот Стево Пендаровски

17 март 2023 | Соопштенија

Кабинетот на претседателот на Република Северна Македонија, денеска го посетија ученици од ООУ „Владо Тасевски“ од Скопје, во рамки на Отворен Кабинет.

Учениците се сретнаа и поразговараа со претседателот Пендаровски за неговата работа и за активностите во Кабинетот, а ги посетија и просториите во коишто се реализираат официјалните и работните средби, како и салите наменети за свечености, состаноци, седници на Советот за безбедност и прес-конференции.

Во Мозаик салата учениците го разгледаа импозантниот диптих „Македонија – светла земја“ и „Македонија памети“, дело на еден од нашите најзначајни современи уметници – академик Глигор Чемерски.

Во рамки на Отворен Кабинет, претседателот Пендаровски денеска се сретна и со Јане Велковски, деветтоодделенец од ООУ „Димитар Поп-Георгиев Беровски“ со дијагностицирана спинална мускулна атрофија (СМА).

На средбата младиот активист раскажа за својот позитивен став, всаден од неговите родители уште од најмала возраст, што му овозможува, на свој начин да го прави сето она што го прават неговите врсници. 14 годишниот Јане ја сподели успешно извојуваната битка за добивање на неопходната терапија, благодарение на неговата најголема страст, фудбалот, што пак го поттикнала да се заложува и за еднаквост во спортот.

Тој го запозна претседателот Пендаровски со неговите активности во насока на унапредувањето на правата и подобрувањето на секојдневието на децата со атипичен развој, како и со учеството на претстојната 31. Европска конференција за социјални услуги, во Кралството Шведска, посветена на улогата на технологијата во промовирањето на автономијата и инклузијата.

Отворен Кабинет е дел од проектот Лице в лице со Претседателот, чија цел е овозможување директни средби на граѓаните со претседателот Пендаровски. Досега Кабинетот го посетиле граѓани од различни возрасти и занимања, студенти од земјава и од странство, како и ученици од основни и средни училишта од земјава.

Категории

Categories

Kategori

Последни вести

Latest news

Lajmet e fundit

Средба со преставници на Лајонс дистрикт 132 – Северна Македонија и меѓународниот претседател  на организацијата, Брајан Шихан

Средба со преставници на Лајонс дистрикт 132 – Северна Македонија и меѓународниот претседател на организацијата, Брајан Шихан

Претседателот Стево Пендаровски денеска го прими Брајан Шихан, претседател на Меѓународната асоцијација на Лајонс клубови и претставници на Лајонс дистрикт 132 Северна Македонија, по повод 25-годишнината од нивната работа во нашата држава. [gallery...

Претседателот Пендаровски ги прими акредитивите на новоименуваниот амбасадор на Азербејџан, Камил Касијев

Претседателот Пендаровски ги прими акредитивите на новоименуваниот амбасадор на Азербејџан, Камил Касијев

Претседателот Стево Пендаровски денеска ги прими акредитивните писма на новоименуваниот амбасадор на Република Азербејџан за Република Северна Македонија, со седиште во Белград, Камил Касијев. На свечената церемонија на предавање...

Посета на ученици од ООУ „7 Марси“ и ООУ „Љубен Лапе” во рамки на Отворен Кабинет

Посета на ученици од ООУ „7 Марси“ и ООУ „Љубен Лапе” во рамки на Отворен Кабинет

Ученици од ООУ„7 Марси“ од Липково и од ООУ „Љубен Лапе" од Скопје, во рамки на активноста Отворен Кабинет, денеска се сретнаа и поразговараа со претседателот Пендаровски за неговата работа, за претседателските надлежности и активности. [gallery...

Ѓоргиевска: Мора системски, институционално да се искорени дискриминацијата и задскриената маргинализација

Ѓоргиевска: Мора системски, институционално да се искорени дискриминацијата и задскриената маргинализација

Сопругата на претседателот, Елизабета Ѓоргиевска присуствуваше и се обрати на завршната регионална конференција „Предизвици со кои се соочуваат жените и девојчињата во регионот на патот кон ЕУ – Гласно и храбро ги поместуваме границите“. Конференцијата е во...

Активности на сопругата на претседателот, Елизабета Ѓоргиевска со сопругата на австрискиот претседател, Дорис Шмидауер

Активности на сопругата на претседателот, Елизабета Ѓоргиевска со сопругата на австрискиот претседател, Дорис Шмидауер

Сопругата на претседателот, Елизабета Ѓоргиевска заедно со Дорис Шмидауер, сопруга на сојузниот претседател на Република Австрија, Александер Ван Дер Белен коишто престојуваат во официјална посета на Република Северна Македонија, денеска во Канцеларијата на...