Претседателот Пендаровски оствари телефонски разговор со словенечкиот претседател Пахор

22 декември 2022 | Соопштенија

Претседателот Стево Пендаровски денеска оствари телефонски разговор со Претседателот на Република Словенија, Борут Пахор.

Во разговорот, кој се оствари на последниот ден од мандатот на претседателот Пахор беа реафирмирани одличните билатерални односи без отворени прашања, основани на традиционално пријателство.

Претседателот Пендаровски се заблагодари за поддршката од словенечкиот претседател во изминатите 10 години – за времето на двата мандата како претседател на пријателска Словенија, особено насочена за европските интеграции, како на Република Северна Македонија, така и на целиот регион, кои, како што истакна претседателот Пендаровски, се високо на агендата на словенечката надворешно-политичка агенда.

Посакувајќи му добро здравје на словенечкиот претседател и успех во понатамошните ангажмани, претседателот Пендаровски изрази очекување дека стекнатото лично пријателство меѓу двајцата претседатели, а кое се отсликува и во македонско-словенечките односи ќе продолжи и во иднина и рече дека претседателот Пахор секогаш ќе биде почитуван и добредојден во нашата држава како искрен и вистински пријател.

Категории

Categories

Kategori

Последни вести

Latest news

Lajmet e fundit

Претседателот Пендаровски домаќин на Ифтарска вечера по повод Рамазанските пости

Претседателот Пендаровски домаќин на Ифтарска вечера по повод Рамазанските пости

  Претседателот Стево Пендаровски беше домаќин и се обрати на Ифтарската вечера, којашто ја приреди по повод Рамазанските пости и во пресрет на големиот муслимански празник Рамазан Бајрам. На вечерата присуствуваа претставници од државно-владиниот врв, бизнис...

Отворен Кабинет за ученици од скопските основни училишта „Љубен Лапе“ и „Димитар Миладинов“

Отворен Кабинет за ученици од скопските основни училишта „Љубен Лапе“ и „Димитар Миладинов“

Во рамки на Отворен Кабинет, ученици од ООУ „Љубен Лапе“ и од ООУ „Димитар Миладинов“, од Скопје, денеска го посетија Кабинетот на претседателот Стево Пендаровски. Учениците имаа можност да се запознаат...

Претседателот Пендаровски ги прими акредитивните писма на новоименуваниот амбасадор на Белорусија, Сергеј Малиновски

Претседателот Пендаровски ги прими акредитивните писма на новоименуваниот амбасадор на Белорусија, Сергеј Малиновски

Претседателот Стево Пендаровски денеска ги прими акредитивните писма на Сергеј Малиновски, новоименуваниот амбасадор на Република Белорусија во Република Северна Македонија, со седиште во Белград. Претседателот Пендаровски во обраќањето на церемонијата на предавање на...

Претседателот Пендаровски ги прими акредитивните писма на новоименуваниот амбасадор на Египет, Надер Саад

Претседателот Пендаровски ги прими акредитивните писма на новоименуваниот амбасадор на Египет, Надер Саад

Претседателот Стево Пендаровски денеска ги прими акредитивните писма на Надер Саад, новоименуваниот амбасадор на Арапска Република Египет во Република Северна Македонија, со седиште во Софија. Претседателот Пендаровски во...

Средба со учесниците во програмата за регионална мобилност на млади истражувачи и активисти

Средба со учесниците во програмата за регионална мобилност на млади истражувачи и активисти

Претседателот Стево Пендаровски денеска прими учесници во Програмата за истражување на младински и образовни политики во Младински образовен форум (МОФ). За време на средбата младите од Албанија, Србија и од Северна Македонија,...