Претседателот Пендаровски се обрати на панел-дискусијата „Млади и аерозагадување“

5 април 2022 | Aктивности, Соопштенија

Претседателот Стево Пендаровски денеска се обрати на панел дискусијата „Млади и аерозагадување“, што во организација на Здружението на студенти по медицина се одржа во Млади Хаб – Канцеларијата на претседателот.

Говорејќи на тема „Национален консензус против аерозагадувањето“, претседателот Пендаровски ги претстави клучните поенти од Светскиот лидерски самит за климатски промени – COP26 во Глазгов, одржан во ноември 2021 година, како и усвоените ревидирани национални придонеси во справувањето со последиците од климатските промени.

Претседателот Пендаровски говореше и за неговите конкретни чекори што по стапувањето на функцијата ги има превземено на оваа тема, вклучувајќи го издигнувањето на аерозагадувањето на ниво на безбедносно прашање, поставувањето како точка на Советот за безбедност и неговото вклучување во Стратегијата за одбрана.

Според претседателот Пендаровски, многумина се свесни за проблемот на загадувањето, но немаат волја, а многумина ниту финансиски или други услови да направат промена во начинот на живот.

Претседателот Пендаровски посочи дека на глобално ниво постои консензус околу свесноста за постоењето на климатските промени, но сепак постојат предизвици во имплементацијата на мерките. Дополнително, според него, конспиративните теории поприлично ја поткопуваат таа заедничка свест дека климатските промени се нешто што е многу сериозно и што треба што побрзо да го адресираме.

Тој посочи и на високите бројки на починати како директна или индиректна последица на аерозагадувањето.

„Мораме да се здружиме или да бидеме погласни, но не да останеме само на зборови кога ќе ни заврши мандатот да се каже, јас потпишав  таков документ, таков указ, таква одлука, а во пракса иста или не дај боже поголема бројка од луѓе да ни починуваат од истите причини“, рече претседателот Пендаровски.

Претседателот Пендаровски повика младите да го искористат својот ентузијазам, иновативни идеи и креативни решенија за позитивни промени. Ги охрабри младите да бидат гласни и секогаш да ги поставуваат прашањата. Аерозагадувањето, според претседателот Пендаровски е доволно важно и се однесува на здравјето и животите на луѓето и поради тоа не треба да биде ставано настрана, туку треба да се решава заедно со сите останати проблеми.

На панел-дискусијата, на која присуствуваше и сопругата на претседателот, Елизабета Ѓоргиевска, се обратија и министерот за здравство, Беким Сали, како и Џулијан Васало, заменик-шеф на Делегацијата на ЕУ.

 

Категории

Categories

Kategori

Последни вести

Latest news

Lajmet e fundit

Отворен Кабинет за основци од 3 скопски училишта и ученици – членови на здружението „Несил“ од Скопје

Отворен Кабинет за основци од 3 скопски училишта и ученици – членови на здружението „Несил“ од Скопје

Кабинетот на претседателот Пендаровски, во рамки на Отворен Кабинет денеска го посетија основци од училиштата „Мустафа Кемал Ататурк“, „Тихомир Милошевски”, „Гоце Делчев“, како и ученици – членови на здружението „Несил“ од Скопје, посветено на едукативни активности за...

Сопругата на претседателот со најмладите во рамки на фестивалот „Литера“

Сопругата на претседателот со најмладите во рамки на фестивалот „Литера“

Сопругата на претседателот, Елизабета Ѓоргиевска учествуваше на Меѓународниот фестивал за литература и илустрација за деца „Литера 2023“ што се одржува во Музејот на град Скопје. Во рамки на настанот, г-ѓа...

Средба на претседателот Пендаровски со Ден Шехтман, добитник на Нобелова награда за хемија во 2011 година

Средба на претседателот Пендаровски со Ден Шехтман, добитник на Нобелова награда за хемија во 2011 година

Претседателот Стево Пендаровски денеска го прими Ден Шехтман, добитникот на Нобелова награда за хемија во 2011 година, кој престојува во посета на нашата држава во организација на Македонската академија на науките и уметностите и Сојузот на хемичари и технолози на...

Средба на претседателот Пендаровски со американскиот сенатор Крис Марфи

Средба на претседателот Пендаровски со американскиот сенатор Крис Марфи

Претседателот Стево Пендаровски денеска го прими американскиот сенатор Крис Марфи. На средбата се разговараше за севкупните билатерални односи меѓу двете држави, за состојбите во поширокиот регион во контекст на руската агресија врз Украина, како и за аспирациите на...

Положување цвеќе по повод 24 Мај – Денот на Свети Кирил и Методиј

Положување цвеќе по повод 24 Мај – Денот на Свети Кирил и Методиј

Претставник од Кабинетот на претседателот на Република Северна Македонија, по повод одбележувањето на 24 Мај – Денот на сесловенските просветители светите Кирил и Методиј, денеска положи свежо цвеќе пред споменикот на светите Кирил и Методиј на плоштадот во Охрид и...