Панел – дискусија „Вклучи се, превенирај, одговори и систематизирај“ во рамки на 16 дена активизам против родово-базирано насилство

24 ноември 2023 | Aктивности, Соопштенија

Под покровителство на сопругата на претседателот, Елизабета Ѓоргиевска и во соработка со Сојуз-Национален совет за родова рамноправност, денеска се одржа панел-дискусија на тема „Вклучи се, превенирај, одговори и систематизирај“,  по повод кампањата „16 дена активизам против родово базирано насилство врз жените“.

Во поздравното обраќање, Ѓоргиевска истакна дека за насилството нема оправдување и дека наша задача е да ги охрабриме жените и девојчињата жртви на семејно и родово – базирано насилство да се обратат за помош и да имаме системски решенија со кои жртвите ќе се чувствуваат безбедно. „Мора да сме храбри во нашите постапки, да креираме социјални, психолошки и економски контексти со кои би се прекинал ланецот на насилството, одговарајќи со непоколеблива решителност“, истакна г-а Ѓоргиевска. Таа додаде дека мора да ги насочиме нашите напори во донесување подобра легислатива, да обезбедиме гонење на сторителите, да ги заштитиме жртвите и да обезбедиме суштинска промена при справувањето со оваа алармантна состојба.

Претседателката на Сојуз-Национален совет за родова рамноправност, Савка Тодоровска, посочи дека сите форми на насилство врз жените се сè почести и дека само последниве десет месеци на нивната бесплатна телефонска линија помош побарале над 300  жени. Таа повика на заедничка и координирана акција од страна на сите релевантни институции и осигурување на безбедноста на жените во семејството, работното место и во општеството.

На панел-дискусијата учествуваа министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски, заменик-министерката за правда, Викторија Аврамовска Мадиќ, заменик-министерката за здравство,  Маја Манолева, заменик-министерот за труд и социјална политика,  Енвер Хусејин, заменик-шефот на делегацијата на ЕУ, Бен Нупнау и раководителката на Канцеларијата на UN Women во Северна Македонија, Весна Ивановиќ Кастаред.

Министерот Спасовски ги истакна програмите кои се предвидени за обука и едукација на стручниот кадар во МВР и другите институции што постапуваат со случаи на насилство, како и нивните активности со цел да се сензибилизираат службениците коишто директно работат со жртви на семејно и родово базирано насилство, потенцирајќи ја важноста од јакнење на јавната свест дека не треба да се толерира семејното насилство.

Заменик – министерот Хусејин го претстави пристапот на центрите за социјална работа кон жртвите, како и предвидените активностите кои ќе помогнат за економското јакнење и социјалното интегрирање на жртвите, потенцирајќи дека МТСП ќе започне со процесот на изготвување и на Национална стратегија. Хусејин истакна дека покрај работа со жртвите, треба да се фокусираме и на работа со насилниците и дека се неопходни итни и ефикасни мерки за да и помогнат на жртвата да излезе од насилната средина.

Заменик – министерката за здравство, Маја Манолева ги посочи здравствените услуги кои се достапни за жртвите, третманот на жртвите на психолошко насилство, како и функционирањето на Центрите за упатување на жртвите на сексуално насилство, посочувајќи дека досега се обучени над 400 здравствени работници за справување со насилство и предвидено е овие обуки да продолжат и во наредниот период.

Заменик – министерката за правда, Аврамовска Мадиќ, образложи како правосудниот систем ги третира случаите на родово-базирано и семејно насилство, дали постојат пречки во пристапот до правда за жртвите, и иницијативите за подигнување на свесноста и обука на правниците и судиите за постапување со случаи на родово базирано и семејно насилство. Таа ги потенцираше и измените во Кривичниот законик со цел поголема заштита на жртвите и поголема казнивост на родово-базираното насилство.

Заменик-шефот на делегацијата на ЕУ, Бен Нупнау и раководителката на Канцеларијата на UN Women во Северна Македонија, Весна Ивановиќ Кастаред ги претставија своите размислувања со цел превенирање на семејното и родово- базирано насилство, се осврнаа на формите на насилство што се помалку препознаени и адресирани како што се психолошкото, економското насилство и говорот на омраза и ја истакнаа соработката што ја остваруваат со институциите во земјава со цел поддршка на иницијативите и програмите за борба против родовото и семејното насилство.

Целта на панел-дискусијата е превенција, препознавање и активно спречување на насилството врз жените и врз девојчињата и градење безбедна заедница, а во неа учествуваа претставници од релевантните државни институции, меѓународни организации и национални граѓански организации.

Категории

Categories

Kategori

Последни вести

Latest news

Lajmet e fundit

Претседателот Пендаровски ја посети компанијата ,,Везе Шари” и општина Пласница

Претседателот Пендаровски ја посети компанијата ,,Везе Шари” и општина Пласница

Претседателот Стево Пендаровски, во рамки на проектот „Лице в лице со Претседателот“ денеска во селото Требош, Општина Желино ја посети компанијата „Везе шари“. За време на посетата, претседателот Пендаровски беше запознаен со тековната работа на компанијата, која...

Изјава на претседателот Пендаровски на денешната прес-конференција

Изјава на претседателот Пендаровски на денешната прес-конференција

Претседателот Стево Пендаровски денеска одржа прес-конференција. Во продолжение е интегралниот текст на изјавата на претседателот Пендаровски. Почитувани медиуми, Почитувани граѓани, Благодарам за вашето присуство. Повод за...

Претседателот Пендаровски присуствуваше на завршниот настан „Иднината почнува дома“

Претседателот Пендаровски присуствуваше на завршниот настан „Иднината почнува дома“

Претседателот Стево Пендаровски вчеравечер присуствуваше на завршниот настан „Иднината почнува дома“, на којшто беа доделени признанија на триесет и двајцата номинирани личности, кои со нивната индивидуална ангажираност придонеле како двигатели на позитивни промени во...

Отворен Кабинет за претставници на Mладински клуб на Турците и ученици од ООУ „Браќа Миладиновци“

Отворен Кабинет за претставници на Mладински клуб на Турците и ученици од ООУ „Браќа Миладиновци“

Кабинетот на претседателот, денеска го посетија претставници на Mладински клуб на Турците и ученици од ООУ „Браќа Миладиновци“ од Аеродром, Скопје, во рамки на активноста Отворен Кабинет. [gallery...

Обраќање на сопругата на претседателот на панел дискусија по повод Денот на ретките болести

Обраќање на сопругата на претседателот на панел дискусија по повод Денот на ретките болести

  Сопругата на претседателот Елизабета Ѓоргиевска присуствуваше и се обрати на панел дискусија посветена на Денот на ретките болести во организација на Националната алијанса за ретки болести на Македонија – НАБРМ.   [gallery...