Ѓоргиевска: Едукацијата е клучна за спречување на стигматизацијата и дискриминацијата на ХИВ позитивните лица

1 декември 2021 | Aктивности, Соопштенија

Сопругата на претседателот, г-а Елизабета Ѓоргиевска, денеска учествуваше на панел дискусијата „Денес со ХИВ се живее“, по повод одбележувањето на 1 Декември – Светски ден за борба против СИДА.

На панелот се дискутираше за успешното партнерство на институциите и граѓанскиот сектор во справувањето со ХИВ инфекцијата, сервисите за ХИВ тестирање на граѓанските организации, важноста од навременото тестирање, клучните параметри околу епидемиолошката состојба и трендовите на ХИВ-инфекцијата во Северна Македонија, а воедно беа презентирани и сведоштва од пациенти.

г-а Ѓоргиевска изрази поддршка до сите наши сограѓани кои живеат со ХИВ, до нивните пошироки семејства и до сите институции и организации кои се грижат за лицата со ХИВ/СИДА.

Сопругата на претседателот посочи дека во услови на оваа продолжена пандемија на Ковид-19, овие дискусии и размена на искуства се одлична можност да се запознаеме со сите предизвици и проблеми со кои се соочуваат институциите, како и лицата со ХИВ позитивен статус.

Во своето обраќање, г-а Ѓоргиевска се осврна на дискриминацијата и стигмата со која се соочуваат лицата со ХИВ во остварувањето на своите права од областа на здравствената и социјална заштита, како и предрасудите од страна на заедницата.

„Клучниот момент во спречување на дискриминацијата и стигматизацијата е едукацијата и поттикнувањето на свеста од најмали нозе. Најважно е да ги научиме децата на правилни навики и сваќања“, порача г-а Ѓоргиевска.

Посочувајќи дека ова е глобално здравствено прашање и дека прближно 38 милиони лица во светот живеат со ХИВ/СИДА, г-а Ѓоргиевска истакна дека во нашата земја е постигнат исклучителен напредок во справувањето со ХИВ/СИДА. Во однос на статистиката дека бројот на новоинфицирани лица бележи пад, таа изрази надеж дека тој надолен тренд ќе продолжи и во наредните години.

„Јас се надевам дека до крајот на 2030 година, ќе успееме да ги исполниме оние глобално зацртани цели, а тоа е да имаме нула нови случаи инфицирани со ХИВ во нашата земја“, порача сопругата на Претседателот.

Потенцирајќи ја важноста од чести, навремени и анонимни тестирања и важноста од откривање на инфекцијата во рана фаза,  г-а Ѓоргиевска апелираше да се тестираат не само ризичните групи, туку и сите оние кои имале ризично однесување.

Воедно, таа изрази силна поддршка на платформата на граѓанските здруженија, кои се ангажирани во имплементацијата на ХИВ програмата и ја поздрави нивната одлична соработка со државните институции.

„Сакам да дадам јавна поддршка на сите граѓански здруженија кои соработуваат со државните институции во пружањето на психосоцијална помош, помагаат со тестирањата, давањето на терапија,и даваат поддршка на сите лица, не само на оние кои живеат со ХИВ, туку и на нивните пошироки семејства и пријатели, со цел практично да им се овозможи нормален живот и  тие да можат нормално да функционираат без разлика на нивниот ХИВ статус“, истакна во дискусијата г-а Ѓоргиевска.

На панел дискусијата учествуваа д-р Милена Стевановиќ, медицински директор на Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби, Весна Илиевска, проектна координаторка од Здружение ХЕРА, Андреј Сених, извршен директор на здружението за поддршка на луѓето што живеат со ХИВ „Заедно посилни“, Ангела Александровска, едукаторка и волонтерка од ХЕРА Млади и амбасадорот Дејвид Гир, шеф на делегацијата на ЕУ во Скопје.

Категории

Categories

Kategori

Последни вести

Latest news

Lajmet e fundit

Претседателот Пендаровски во Њујорк оствари средба со претседателот на Република Кореја, Јун Сук-Јеол

Претседателот Пендаровски во Њујорк оствари средба со претседателот на Република Кореја, Јун Сук-Јеол

Претседателот Стево Пендаровски вчера во Њујорк оствари билатерална средба со претседателот на Република Кореја, Јун Сук-Јеол. На средбата, која е прва средба на ниво на претседатели на држави, беше изразен интерес и подготвеност за истражување на правците за...

Претседателот Пендаровски во посета на Њу Џерси

Претседателот Пендаровски во посета на Њу Џерси

Претседателот Стево Пендаровски во рамки на работната посета на Соединетите Американски Држави, по повод учеството на Генерално Собрание на Обединетите Нации, вчера го посети Њу Џерси. Во придружба на сопругата, Елизабета Ѓоргиевска, претседателот Пендаровски го...

Претседателот Пендаровски ќе се обрати на 78. Генерално Собрание на Обединетите Нации

Претседателот Пендаровски ќе се обрати на 78. Генерално Собрание на Обединетите Нации

Претседателот Стево Пендаровски, денеска – 22 септември 2023 година, петок, ќе се обрати на Генералната дебата на 78. Генерално Собрание на Обединетите Нации, што се одржува на тема „Обнова на довербата и повторно стартување на глобалната солидарност: Забрзување на...

Обраќање на претседателот Пендаровски на отворената дебата за одржување на меѓународниот мир и безбедност на Советот за безбедност

Обраќање на претседателот Пендаровски на отворената дебата за одржување на меѓународниот мир и безбедност на Советот за безбедност

Претседателот Стево Пендаровски вчера попладне во Њујорк се обрати на отворената дебата за одржување на меѓународниот мир и безбедност на Советот за безбедност, на тема „Одржување на целите и принципите на Повелбата на ОН преку ефективен мултилатерализам: одржување на...

Претседателот Пендаровски во Њујорк на работна средба со потпретседателот на Европската Комисија Жозеп Борел и лидерите од регионот

Претседателот Пендаровски во Њујорк на работна средба со потпретседателот на Европската Комисија Жозеп Борел и лидерите од регионот

Претседателот Стево Пендаровски во рамки на учеството на 78. Генерално Собрание на Обединетите Нации во Њујорк, вчера попладне присуствуваше на средба којашто за лидерите на земјите од Западен Балкан ја организираше потпретседателот на Европската Комисија и висок...