Ѓоргиевска: Менталното здравје на младите треба да претставува наш колективен приоритет

24 јуни 2022 | Aктивности, Соопштенија

На иницијатива на сопругата на претседателот, Елизабета Ѓоргиевска, во Кабинетот на претседателот се одржа панел-дискусија на тема „ Младите и менталното здравје“, со цел подигнување на свеста за менталното здравје на младите лица.

На настанот се обрати министерот за здравство Беким Сали и беше презентирано истражувањето изработено во соработка со студентите од Филозовскиот факултет „Младите и менталното здравје. Колку сме одговорни на потребите на младите ?“.

Панелистите на настанот беа Столе Бајрактаров, директор на Клиниката за психијатрија, Александра Филипова, менаџер за стратешки развој од НМСМ, Радмила Живановиќ, психолог и психотерапевт од НВО Метаморфозис, Бојан Кордалов, комуниколог и координатор на Програма во ИДУЕП Институт и Христијан Томовски, ко-основач и главен тренер на „Basmenet“.

На панел дискусијата присуствуваа младите од Националниот младински сојуз на Македонија, од Сојузот на средношколци и од Здружението на студенти по медицина.

Почитуван министер за здравство, Беким Сали,

Почитувани студенти,

Почитувани присутни,

Ме радува, што денеска ние сме домаќини на оваа панел-дискусија посветена на младите и менталното здравје, тема за која се зборува не така често, не така гласно и отворено, а која како состојба најмалку смее да се занемари и потцени и која за жал, во изминативе две тешки пандемиски години зазема се поголем замав кај младата популација.

Дозволете да изразам силна поддршка што ова прашање го адресираме токму кај младите кои припаѓаат во една ризична група и кои пред сé поради помалото животно искуство им е потешко да се справат со кризни ситуации.

Многу млади лица за време на пандемијата се соочија со нарушено секојдневие, со изолација, со недостаток на социјални контакти со нивните врсници, што предизвика чувството на осаменост, страв, анксиозност и депресија. Ваквите состојби доведоа до ментална, емотивна и физичка исцрпеност.

Секој од нас различно реагира и одговара на хроничниот стрес. Некои успеваат да се справат со кризни ситуации, но за жал дел развиваат долгорочни симптоми кои можат да предизвикаат хронична дисфункција.

Без ментално здравје, не можеме да зборуваме дека сме комплетно здрави. Токму менталното здравје ни овозоможува флексибилност и да се прилагодиме и справиме со тешкотиите и стресот. Кога нашето ментално здравје е нарушено, почнуваме да ја губиме флексибилноста и да избегнуваме да се соочиме со проблемите.

Затоа  менталното здравје треба да претствува наш колективен приоритет. За да одговориме на потребите на младите, за да полесно се справат со предизвиците со кои се соочуваат и ќе се соочуваат во иднина, и да ги превенираме негативните појави, мораме континуирано да работиме на подигнување на свеста за менталното здравје на младите лица.

Во овој процес треба да бидат инволвирани и да дадат придонес сите релевантни, здравствени но и образовни субјекти. Сите ние сме индивидуално, но и институционално одговорни да изградиме ментално здрава заедница. Преку промовирање на менталното здравје во училиштата, преку учење емоционални и социјални вештини, и што е најважно преку обезбедување на еднаков пристап до здравствените услуги за ментално здравје за сите лица, особено за ранливите категории.

Пред извесно време присуствував на работилница посветена токму на грижата за менталното здравје, поточно на т.н „Burn out syndrome“ – Синдром на прегореност.

Уверена сум дека овие работилници, бесплатните сесии со психолози, стручни прирачници, ќе ја променат перцепцијата во македонското општество, ќе помогнат кон отстранување на стигмата поврзана со менталното здравје и ќе им помогнат на младите луѓе да добијат добри и практични совети за грижа на нивното ментално здравје.

Ви благодарам.

Категории

Categories

Kategori

Последни вести

Latest news

Lajmet e fundit

Честитка од претседателот Пендаровски по повод празникот Свети Климент Охридски

Честитка од претседателот Пендаровски по повод празникот Свети Климент Охридски

Претседателот Стево Пендаровски, по повод христијанскиот празник Свети Климент Охридски упати честитка до поглаварот на Македонската Православна Црква – Охридска Архиепископија, Господин Господин Стефан, Архиепископ Охридски и Македонски и на Јустинијана Прима и до...

Ѓоргиевска: Потребна е зголемена будност и грижа за менталното здравје на жената без разлика на нејзината возраст, положба и статус.

Ѓоргиевска: Потребна е зголемена будност и грижа за менталното здравје на жената без разлика на нејзината возраст, положба и статус.

Сопругата на претседателот, Елизабета Ѓоргиевска учествуваше и се обрати на панел дискусијата „Здравјето не е само физичко -Ти ја имаш силата“ што се одржа во организација на НЕОКОРТЕКС - Центар за психотерапија, психодијагностика, тренинг и едукација. Во своето...

Сопругата на претседателот учествуваше на настанот „Едуцирај, ангажирај се, еманципирај: Панел-дискусија за превенција на адолесцентна бременост“

Сопругата на претседателот учествуваше на настанот „Едуцирај, ангажирај се, еманципирај: Панел-дискусија за превенција на адолесцентна бременост“

 Сопругата на претседателот, Елизабета Ѓоргиевска учествуваше на настанот „Едуцирај, ангажирај се, еманципирај: Панел-дискусија за превенција од адолесцентна бременост“ што се одржа во Eвропска куќа, Скопје. ...

Отворен Кабинет за ученици од ООУ „Круме Кепески“ и ООУ „11 Октомври“ од Скопје

Отворен Кабинет за ученици од ООУ „Круме Кепески“ и ООУ „11 Октомври“ од Скопје

Во рамки на Отворен Кабинет, ученици од ООУ „Круме Кепески“ и ООУ „11 Октомври“ од Скопје, денеска го посетија Кабинетот на претседателот Пендаровски. За време на престојот, се сретнаа и...

Обраќање на претседателот Пендаровски на одбележувањето на 30 години од основањето на Државниот завод за индустриска сопственост

Обраќање на претседателот Пендаровски на одбележувањето на 30 години од основањето на Државниот завод за индустриска сопственост

Претседателот Стево Пендаровски денеска се обрати на настанот со кој се одбележува 30-годишнината од основањето на Државниот завод за индустриска сопственост.  Почитуван директор на Државниот завод, Почитувани...