Претседателски центар за политичко образование
Во насока на заложбите за јакнење на демократските политички вредности, промоција и заштита на човековите права и слободи, политичкиот плурализам, меѓусебната толеранција, заедништво и солидарност, со одлука на претседателот Стево Пендаровски е формиран Претседателски центар за политичко образование.
Како партнери во рамките на овој проект учествуваат фондациите и здруженијата Фондација „Фридрих Еберт” – Скопје; Фондација за демократија на Вестминстер, подружница во Република Северна Македонија; Фондација „Конрад Аденауер”, подружница – Скопје, Национален демократски институт за меѓународни работи (НДИ), канцеларија во Северна Македонија, Меѓународен републикански институт (ИРИ), подружница – Скопје и Фондација „МК2025”.
Со цел спроведување на активностите на Претседателски центар за политичко образование, како повремено работно тело на претседателот на Република Северна Македонија, е формиран Програмски совет кој се состои од претседател, седум членови и секретар.
Претседател на Програмскиот совет е д-р Александар Љ. Спасов – надворешен научен соработник во областа на надворешната и внатрешната политика на претседателот на Република Северна Македонија.
За членови на Програмскиот совет се именувани:
- Тоше Зафиров – заменик генерален секретар во Кабинетот на Претседателот на Република Северна Македонија;
- Нита Старова – Фондација „Фридрих Еберет” – Скопје;
- Дона Костуранова – Фондација за демократија на Вестминстер, подружница во Република Северна Македонија – Скопје;
- Даниела Поповска – „Конрад Аденауер” – фондација, подружница – Скопје;
- Филип Чапароски – Национален демократски институт за меѓународни работи (НДИ), канцеларија во Северна Македонија;
- Ана Алибегова – Меѓународен републикански институт (ИРИ) Вашингтон-САД – подружница,Скопје;
- Никица Мојсоска – Блажевски – Фондација „МК2025”;
Секретар на Програмскиот совет е Леа Матевска, Кабинет на претседател.
Во работата и активностите на Претседателски центар за политичко образование можат да учествуваат сите здруженија, фондации од земјата и странство кои имаат основна цел да ја промовираат културата на дијалог во духот на демократските вредности.