Трет модул на Школата за политики за 2023 година при Претседателскиот центар за политичко образование

1 октомври 2023 | Соопштенија

Викендов во Кавадарци се одржа третиот модул на Школата за политики за 2023 година, при Претседателскиот центар за политичко образование.

Третиот модул на Школата го отворија д-р Александар Љ. Спасов, претседател на Програмскиот совет на Претседателскиот центар за политичко образование, советник на претседателот за внатрешна и надворешна политика и уставни прашања и вонреден професор на Правниот факултет „Јустинијан Први“ при УКИМ и Филип Чапароски, програмски директор во Националниот демократски институт за меѓународни работи (НДИ), регионален тим лидер и член на Програмскиот совет на ПЦПО.

Во фокусот на третиот модул на Школата беше работата и надлежностите на Собранието, како претставнички орган на граѓаните и носител на законодавната власт.

На тема „Собранието како основа на демократијата (Улога и организација на законодавната власт; законодавната постапка и учество на јавноста)“ на школата говореше Златко Атанасов, државен советник и раководител на Посебната организациона единица – Парламентарен институт.

Во рамки на модулот се одржа панел дискусија на тема „Претставничко управување“ на која говореа пратениците Панчо Минов, Лолита Ристова, Златко Пенков и Бајрам Кадрија.

Томе Гушев, советник за право-политичка комуникација во Парламентарниот институт и Соња Стаменковска, советник во Парламентарниот институт ја претставија едукативната алатка „Имам став“ – симулација на процесот на разгледување предлог-закон во рамките на Собранието, стимулирање развој на сопствени ставови во врска со споделените теми, развивање и соочување на аргументи, развивање решенија, дебата, култура на настап и јавно говорење.

На последниот ден од третиот модул на школата на тема „Перцепциите на граѓаните за Собранието и квалитет на парламентарната дискусија“ говореше Александра Јовевска – Ѓорѓевиќ од Институт за демократија „Социетас Цивилис“ – Скопје, додека Роберт Скот Хејзлет, виш резидентен директор на Националниот демократски институт за меѓународни работи (НДИ) во нашата држава, зборуваше на тема „Активни граѓани за подобро општество – Употреба на наоди од истражувањата на јавно мислење за влијание врз јавните политики“.

Во рамките на модулот, учесниците и организаторите остварија и работна вечера со г-н Митко Јанчев, градоначалник на општина Кавадарци со кого имаа можност да разговараат за тековните проекти на кои работи општината и за позицијата на локалната власт во политичкиот систем на нашата држава и соработката на општините со централната власт.

Претходно, учесниците на третиот модул на Школата за политики го посетија Собранието, каде се запознаа со работата на законодавниот дом и одржаа средба со Горан Мисовски, потпретседател на Собранието, Вероник Улман, Амбасадорка на Швајцарија и Мики Милковски, заменик генерален секретар на Собранието.

Школата за политики за 2023 година се одржува во периодот од март до ноември годинава, преку реализација на вкупно пет едукативни семинари.

Категории

Categories

Kategori

Последни вести

Latest news

Lajmet e fundit

Обраќање на претседателот Пендаровски на одбележувањето на 30 години од основањето на Државниот завод за индустриска сопственост

Обраќање на претседателот Пендаровски на одбележувањето на 30 години од основањето на Државниот завод за индустриска сопственост

Претседателот Стево Пендаровски денеска се обрати на настанот со кој се одбележува 30-годишнината од основањето на Државниот завод за индустриска сопственост.  Почитуван директор на Државниот завод, Почитувани...

Претседателот Пендаровски се обрати на одбележувањето на 30-годишнината од воспоставувањето на дипломатските односи со Франција

Претседателот Пендаровски се обрати на одбележувањето на 30-годишнината од воспоставувањето на дипломатските односи со Франција

Претседателот Стево Пендаровски се обрати на приемот, што по повод 30-годишнината од воспоставувањето на дипломатските односи меѓу Република Северна Македонија и Француската Република, се одржа вчеравечер во Скопје. Претседателот Пендаровски оцени дека...

Отворен кабинет со ученици од Програмата за младински лидери од маргинализирани заедници

Отворен кабинет со ученици од Програмата за младински лидери од маргинализирани заедници

Во рамки на активноста Отворен кабинет денеска Кабинетот на претседателот го посетија ученици од средните училишта: СУГС „Шаип Јусуф“, СУГС Марија Склодовска Кири и СУГС Лазар Танев коишто учествуваат во Програмата за младински лидери од маргинализирани заедници, чија...

Обраќање на претседателот Пендаровски на Отворениот форум за антикорупција

Обраќање на претседателот Пендаровски на Отворениот форум за антикорупција

Претседателот Стево Пендаровски денеска се обрати на отворањето на дводневниот Отворен Форум за антикорупција организиран од Македонскиот центар за меѓународна соработка, а во рамки на Програмата Граѓаните против корупцијата и Програмата Регионалната мрежа за...

Обраќање на сопругата на претседателот на тркалезната маса „Спречи, одговори, заштити: Како да се зајакне борбата против семејното насилство во Република Северна Македонија“

Обраќање на сопругата на претседателот на тркалезната маса „Спречи, одговори, заштити: Како да се зајакне борбата против семејното насилство во Република Северна Македонија“

Сопругата на претседателот, Елизабета Ѓоргиевска се обрати на тркалезната маса „Спречи, одговори, заштити: Како да се зајакне борбата против семејното насилство во Република Северна Македонија“ што се одржа во организација на Мисијата на ОБСЕ во Скопје, а по повод...