Претседателот Пендаровски се обрати на конференцијата „Регионални безбедносни предизвици и неодамнешни случувања во земјите од Западен Балкан“

3 мај 2023 | Соопштенија

Претседателот Стево Пендаровски денеска се обрати на конференцијата „Регионални безбедносни предизвици и неодамнешни случувања во земјите од Западен Балкан“ што во организација на Претседателскиот центар за политичко образование се одржа во Скопје.

Претседателот Пендаровски на отворањето на конференцијата изрази задоволство што и оваа година во рамки на активностите на Претседателскиот центар за политичко образование ќе учествуваат квалитетни предавачи, од академската област но и практичари, кои што ќе ги доближат главните политички категории, и ќе говорат за актуелните политички трендови, не само кај нас туку и пошироко, во регионот и во светот. Во таа насока ја нагласи можноста да се слушнат ставовите на амбасадорот на САД во Република Србија и поранешен американски амбасадор во нашата држава, Кристофер Хил.

Претседателот се осврна на поранешните ангажмани на амбасадорот Хил, нагласувајќи го неговиот исклучително продуктивен придонес како во дипломатијата така и во академската област. Претседателот Пендаровски ја нагласи неговата вклученост во голем број специфични општествено-политички и безбедносни предизвици.

На конференцијата свое обраќање имаше и Кристофер Хил, амбасадор на САД во Република Србија и поранешен американски амбасадор во нашата држава, кој сподели оптимистички погледи кон регионот. Тој ја посочи иницијативата Отворен Балкан како позитивен пример на регионална соработка и говореше за придобивките чија поента е да се креира чувство на заедништво и начин на функционирање во соседството. Амбасадорот Хил го нагласи значајното македонско учество во оваа иницијатива и рече дека нашата држава сега е успешна држава на патот кон Европската Унија. Запрашан за дијалогот меѓу Белград и Приштина, тој го оквалификува како тежок процес, за кој рече дека мора да биде забрзан и да се вложат максимални напори. Тој оцени дека продолжените тензии меѓу Србија и Косово се штетни за целиот регион и влијаат на сите земји од регионот. Во тој контекст, го посочи ангажманот на Европската Унија, како добра основа за размислување кон решение.

Амбасадорот Хил се осврна и на проблемите предизвикани од корупција во регионот, при што порача дека во справување со овие предизвици, фокусот треба да биде на институциите на државите. Тој го истакна и руското влијание како голем проблем за регионот, во контекст на војната во Украина и порача дека тоа не смее да се дозволи да продолжи. Запрашан за коментар во врска со уставни промени во нашата држава, амбасадорот Хил порача дека тоа е нешто што треба да го решат македонските политички процеси и додаде дека би сакал да ја види нашата држава во Европската Унија.

На конференцијата присуствуваа министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски, директорот на Агенцијата за разузнавање, Еролд Муслиу, амбасадорката на САД, Анџела Прајс Агелер, директори на партнерските фондации на ПЦПО, членовите на Програмскиот совет и Алумните на Школата за политики.

Категории

Categories

Kategori

Последни вести

Latest news

Lajmet e fundit

Отворен Кабинет за основци од 3 скопски училишта и ученици – членови на здружението „Несил“ од Скопје

Отворен Кабинет за основци од 3 скопски училишта и ученици – членови на здружението „Несил“ од Скопје

Кабинетот на претседателот Пендаровски, во рамки на Отворен Кабинет денеска го посетија основци од училиштата „Мустафа Кемал Ататурк“, „Тихомир Милошевски”, „Гоце Делчев“, како и ученици – членови на здружението „Несил“ од Скопје, посветено на едукативни активности за...

Сопругата на претседателот со најмладите во рамки на фестивалот „Литера“

Сопругата на претседателот со најмладите во рамки на фестивалот „Литера“

Сопругата на претседателот, Елизабета Ѓоргиевска учествуваше на Меѓународниот фестивал за литература и илустрација за деца „Литера 2023“ што се одржува во Музејот на град Скопје. Во рамки на настанот, г-ѓа...

Средба на претседателот Пендаровски со Ден Шехтман, добитник на Нобелова награда за хемија во 2011 година

Средба на претседателот Пендаровски со Ден Шехтман, добитник на Нобелова награда за хемија во 2011 година

Претседателот Стево Пендаровски денеска го прими Ден Шехтман, добитникот на Нобелова награда за хемија во 2011 година, кој престојува во посета на нашата држава во организација на Македонската академија на науките и уметностите и Сојузот на хемичари и технолози на...

Средба на претседателот Пендаровски со американскиот сенатор Крис Марфи

Средба на претседателот Пендаровски со американскиот сенатор Крис Марфи

Претседателот Стево Пендаровски денеска го прими американскиот сенатор Крис Марфи. На средбата се разговараше за севкупните билатерални односи меѓу двете држави, за состојбите во поширокиот регион во контекст на руската агресија врз Украина, како и за аспирациите на...

Положување цвеќе по повод 24 Мај – Денот на Свети Кирил и Методиј

Положување цвеќе по повод 24 Мај – Денот на Свети Кирил и Методиј

Претставник од Кабинетот на претседателот на Република Северна Македонија, по повод одбележувањето на 24 Мај – Денот на сесловенските просветители светите Кирил и Методиј, денеска положи свежо цвеќе пред споменикот на светите Кирил и Методиј на плоштадот во Охрид и...