Прв модул на Школата за политики за 2023 година при Претседателскиот центар за политичко образование

6 мај 2023 | Соопштенија

Викендов во Тетово се одржува првиот модул на Школата за политики за 2023 година при Претседателскиот центар за политичко образование, којшто се реализира во соработка со Фондацијата за демократија на Вестминстер.

На тема „Кризата на мејнстрим партиите и предизвиците за современата социјалдемократија и современиот политички конзервативизам“, денеска говореа д-р Александар Љ. Спасов, претседател на Програмскиот совет на Претседателскиот центар за политичко образование, советник на претседателот Пендаровски за правни прашања и вонреден професор на Правниот факултет „Јустинијан Први“, УКИМ, и д-р Александар Спасеновски, вонреден професор на Правниот факултет „Јустинијан Први“, УКИМ.

Редовниот професор на Правниот факултет „Јустинијан Први“, УКИМ, д-р Бобан Мисоски се обрати на тема „Владеење на правото, независност на судството, борбата против корупцијата и заштитата на човековите права како основа за преговорите за членство во Европската Унија“. Поранешната министерка за правда и редовна професорка на Правниот факултет „Јустинијан Први“, УКИМ, д-р Рената Тренеска-Дескоска одржа предавање на тема „Фер изборен процес – основа на демократијата“, а на тема „Влијанието на пресудите на Европскиот суд за човековите права врз демократските процеси“ своите искуства ги сподели г-а Мирјана Лазарова Трајковска, судијка во Врховниот суд и поранешна судијка во Европскиот суд за човекови права.

Во текот на вчерашниот ден, на првиот ден од првиот модул на Школата за политики за 2023, воведни обраќања имаа проф. д-р Александар Љ. Спасов и г-а Дона Костуранова, директорка на Фондацијата за демократија на Вестминстер во земјава, а говореа и претставници на Алумните на Школата за политики.

Утре, во завршниот дел од првиот модул, редовниот професор на Правниот факултет „Јустинијан Први“, УКИМ, д-р Ненад Марковиќ ќе се обрати на тема „Политичката култура и авторитарните тенденции во македонското општество“, додека пак г-а Искра Гешоска, советничка на претседателот Пендаровски за прашања од областа на културата и д-р Артан Садику, истражувач, теоретичар и активист ќе ги споделат своите согледувања на тема „Јавни политики и форми на ефективно политичко застапување преку граѓанско учество“.

Школата за политики е организирана во соработка со канцелариите на фондациите и здруженијата во земјава „Фридрих Еберт“, Меѓународниот Републикански Институт (ИРИ), Фондацијата „Конрад Аденауер“, Националниот демократски институт за меѓународни работи (НДИ), Фондацијата за демократија на Вестминстер, Фондацијата „МК2025“, Регионалната канцеларија за младинска соработка „RYCO“ и Фондацијата „Метаморфозис“.

Категории

Categories

Kategori

Последни вести

Latest news

Lajmet e fundit

Претседателот Пендаровски се обрати на дискусијата „Заедничка иницијатива за климатска акција“ во пресрет на 28. Самит за климатски промени

Претседателот Пендаровски се обрати на дискусијата „Заедничка иницијатива за климатска акција“ во пресрет на 28. Самит за климатски промени

Претседателот Стево Пендаровски денеска се обрати на дискусијата „Заедничка иницијатива за климатска акција “, којашто се одржа во соработка со постојаниот претставник на Програмата за развој на Обединетите нации (УНДП) Армен Григорјан, а во пресрет на претстојниот...

Претседателот Пендаровски го додели признанието „Успешни млади“ за 2022 година

Претседателот Пендаровски го додели признанието „Успешни млади“ за 2022 година

Претседателот Стево Пендаровски, на церемонија во Кабинетот на претседателот, денеска го додели признанието „Успешни млади“ за 2022 година. Признанието се доделува како поттик на научноистражувачката мисла и уметничката работа на младите во нашата држава. За Најдобра...

Панел – дискусија „Вклучи се, превенирај, одговори и систематизирај“ во рамки на 16 дена активизам против родово-базирано насилство

Панел – дискусија „Вклучи се, превенирај, одговори и систематизирај“ во рамки на 16 дена активизам против родово-базирано насилство

Под покровителство на сопругата на претседателот, Елизабета Ѓоргиевска и во соработка со Сојуз-Национален совет за родова рамноправност, денеска се одржа панел-дискусија на тема „Вклучи се, превенирај, одговори и систематизирај“,  по повод кампањата „16 дена активизам...

Претседателот Пендаровски присуствуваше на настанот „Ацо Шопов – Невообичаено“

Претседателот Пендаровски присуствуваше на настанот „Ацо Шопов – Невообичаено“

Претседателот Стево Пендаровски присуствуваше на настанот „Ацо Шопов – Невообичаено“ којшто се одржа во рамки на чествувањето на 100-годишнината од раѓањето на македонскиот поет Ацо Шопов, иницијатива под покровителство на Претседателот. [gallery...

Обраќање на претседателот Пендаровски по повод одбележувањето на Денот на албанската азбука

Обраќање на претседателот Пендаровски по повод одбележувањето на Денот на албанската азбука

Претседателот Стево Пендаровски денеска се обрати по повод одбележувањето на Денот на албанската азбука -  22 ноември и 115. годишнината од одржувањето на конгресот во Битола, каде беа поставени темелите за стандардизација на албанскиот јазик. [gallery...