Конференција „30 години македонско-германски дипломатски односи: Билатерална соработка и развојна поддршка со Северна Рајна – Вестфалија“ во организација на ПЦПО

20 март 2023 | Соопштенија

Во организација на Претседателскиот центар за политичко образование денеска во Скопје се одржа конференција на тема „30 години македонско-германски дипломатски односи: Билатерална соработка и развојна поддршка со Северна Рајна – Вестфалија“.

На отворањето на конференцијата се обратија Натанаел Лимински, министер за федерални, европски и меѓународни прашања и медиуми и шеф на државната канцеларија на Северна Рајна-Вестфалија, Бојан Маричиќ, заменик на претседателот на Владата за европски прашања, Борис Георгиевски, уредник на македонската редакција на Дојче Веле, како и Александар Љ. Спасов, советник за надворешна политика, внатрешна политика и уставни прашања во Кабинетот на претседателот на Република Северна Македонија.

Натанаел Лимински, министер за федерални, европски и меѓународни прашања и медиуми и шеф на државната канцеларија на Северна Рајна-Вестфалија во своето обраќање изрази уверување дека партнерството меѓу Германија и Северна Македонија може да биде дел од сложувалката на членството во Европската Унија – во тој процес, и затоа како што рече е тука, сакајќи да придонесе за посилна заедница, за европскиот дух и за нашата взаемна доверба, меѓу Северна Рајна-Вестфалија и Северна Македонија.

Бојан Маричиќ, заменик на претседателот на Владата за европски прашања рече дека Германија е еден од најголемите партнери и поддржувачи на нашите европски интеграции, а ја истакна и одличната соработка во областа на економијата. Тој се осврна на предизвиците на евроитегративниот пат на нашата земја во изминатите години и нотираше дека постојат три главни области во кои треба да испорачаме резултати заедно. Тој ги наведе домашните реформи и истакна дека дефинитивно фокусот е владеењето на правото, ефикасно судство, ефикасна борба против корупцијата, функционирањето на демократските институции и реформата на јавната администрација. Вицепремиерот Маричиќ рече дека овие области, исто така, беа идентификувани во скрининг процесот со Европската Унија.

Борис Георгиевски, уредник на македонската редакција на Дојче Веле ги запозна присутните со историјатот на овој медиум и потсети на околностите и времето кога била формирана македонската редакција и говореше за улогата на Дојче Веле во развојот на македонско-германските односи.

Александар Љ. Спасов, советник за надворешна политика, внатрешна политика и уставни прашања во Кабинетот на претседателот на Република Северна Македонија, во име на Претседателскиот центар за политичко образование се заблагодари на учесниците на оваа конференција и говореше за пријателството и партнерството меѓу двете држави, за билатералните односи и нивниот развој во изминатите 30 години.

Конференцијата „30 години македонско-германски дипломатски односи: Билатерална соработка и развојна поддршка со Северна Рајна – Вестфалија“ е организирана во рамки на активностите на Претседателскиот центар за политичко образование, а учесници на конференцијата беа алумните на првата и втората Школа за политики, како и стипендисти на програмата “Training programme for Young Professionals from North Macedonia to North-Rhein Westfalen”, во соработка со GIZ.

Категории

Categories

Kategori

Последни вести

Latest news

Lajmet e fundit

Доделено признанието „Инженерски прстен 2023“ на 12 најуспешни дипломирани инженери

Доделено признанието „Инженерски прстен 2023“ на 12 најуспешни дипломирани инженери

Претседателот Стево Пендаровски денеска ги врачи инженерските прстени на 12 најуспешни дипломирани студенти од македонските факултети што негуваат инженерски дисциплини. Манифестацијата „Инженерски прстен“, која традиционално е под покровителство на претседателот на...

Отворен кабинет со ученици од САД на размена во земјава во рамки на програмата Yes abroad

Отворен кабинет со ученици од САД на размена во земјава во рамки на програмата Yes abroad

Во рамки на активноста Отворен кабинет денеска Кабинетот на претседателот го посетија ученици од САД кои се на размена во земјава како дел од програмата Yes abroad на Американски совети за меѓународно образование – Северна Македонија. [gallery...

Интервју на претседателот Стево Пендаровски за Радио Слободна Европа

Интервју на претседателот Стево Пендаровски за Радио Слободна Европа

Понижувачки е да се слушаат критиките кои доаѓаат од САД и ЕУ, но тие претходно направија стратешка грешка и го заборавија Западниот Балкан и овие директни критики доаѓаат дури сега, вели во интервју за Радио Слободна Европа, претседателот Стево Пендаровски. Тој...

Претседателот Стево Пендаровски присуствуваше на инаугурацијата на турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган

Претседателот Стево Пендаровски присуствуваше на инаугурацијата на турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган

Претседателот Стево Пендаровски, денеска, 3 јуни 2023 година, на покана на турските власти, во Анкара присуствуваше на свечена церемонија на стапување на должност на претседателот на Турција, Реџеп Таип Ердоган. Претседателот Стево Пендаровски честитајќи му го новиот...

Отворен кабинет со посетители од Републичкиот центар за поддршка на лица со интелектуална попреченост „Порака“

Отворен кабинет со посетители од Републичкиот центар за поддршка на лица со интелектуална попреченост „Порака“

Во рамки на активноста Отворен кабинет, денеска Кабинетот на претседателот го посетија едукатори и корисници на Дневните центри на Републичкиот центар за поддршка на лица со интелектуална попреченост „Порака“. На...