Претседателот Пендаровски ги додели сертификатите на учесниците на првата Школа за политики

24 октомври 2021 | Соопштенија

Претседателот Стево Пендаровски денеска ги додели сертификатите на учесниците на Школата за политики при Претседателскиот центар за политичко образование, за 2021 година.

Школата се реализираше преку четири едукативни семинари во периодот од март до ноември 2021 година, со учество на еминентни предавачи и обучувачи од државата и од странство. На школата партиципираа 41 учесник на возраст од 25 до 35 години. Тие беа избрани на јавен конкурс, врз основа на нивниот интерес за активно учество во општествениот живот, професионалните квалификации и стручните постигнувања.

„Составот и постигнувањата на оваа прва генерација потврдува дека Школата е на вистинскиот пат да ја оствари оваа цел. Избрани за учесници на отворен повик врз основа на личните постигнувања и заслуги и со почитување на разновидноста на нашето општество, вие покажавте, независно од личните, социјалните, политичките и другите разлики, дека македонското општество има капацитет за демократски развој и обединување околу клучните стратешки цели на државата“, рече претседателот Пендаровски при доделувањето на сертификатите.

Учесниците на Школата за политики имаа можност да ги унапредат своите знаења во областа на демократскиот развој на политичкиот систем, функционирањето на правната држава, европската интеграција, социоекономскиот развој и економските политики во ерата на политичка и економска глобализација, надворешно политичките стратегии и приоритети на нашата држава и во регионот, членството во НАТО и безбедносниот аспект, како и политичката комуникација во време на дигиталната трансформација, дезинформациските кампањи и лажните вести и потребата за поголема транспарентност и внатрешна демократизација на институциите на власта. Поради пандемијата на Ковид-19, дел од обуките во рамки на Школата беа организирани онлајн, а дел со физичко присуство или во хибриден формат.

„Ова прво издание на Школата за политики пред себе си постави амбициозна задача. Во сложени здравствени услови да формираме група на учесници кои во период од повеќе месеци заеднички ќе учат и ќе дискутираат за најважните прашања од нашето општествено живење. Оттаму би сакал од срце да им се заблагодарам на учесниците за посветеноста кон работата во рамките на Школата“, рече проф. д-р Александар Љ. Спасов, претседател на Програмскиот совет на Претседателскиот центар за политичко образование и советник на претседателот за надворешна политика, внатрешна политика и уставни прашања.

Школата за политики при Претседателскиот центар за политичко образование се реализираше во соработка со Фондацијата „Фридрих Еберт”, Фондацијата за демократија на Вестминстер, Фондацијата „Конрад Аденауер”, Националниот демократски институт за меѓународни работи, Меѓународниот републикански институт и фондацијата „Македонија 2025“.

 

Категории

Categories

Kategori

Последни вести

Latest news

Lajmet e fundit

Повик за акредитирање на медиумски екипи – Официјална посета на сојузниот претседател на Република Австрија, Александер Ван дер Белен

Повик за акредитирање на медиумски екипи – Официјална посета на сојузниот претседател на Република Австрија, Александер Ван дер Белен

Ве известуваме дека на 28 и 29 март 2023 година во официјална посета на Република Северна Македонија ќе престојува сојузниот претседател на Република Австрија, Н.Е. д-р Александер Ван дер Белен, во придружба на неговата сопруга, г-а Дорис Шмидауер. Заинтересираните...

Претседателот Пендаровски се обрати на чествувањето на јубилејот „Сто години од раѓањето на Ацо Шопов“ во УНЕСКО во Париз

Претседателот Пендаровски се обрати на чествувањето на јубилејот „Сто години од раѓањето на Ацо Шопов“ во УНЕСКО во Париз

Претседателот Стево Пендаровски денеска во Париз се обрати на отворањето на меѓународниот симпозиум во рамки на чествувањето на јубилејот „Сто години од раѓањето на Ацо Шопов (1923 – 1982)“, што се одржува под негово покровителство во соработка со УНЕСКО. Воедно,...

Средба на претседателот Пендаровски со генералната директорка на УНЕСКО, Одре Азуле

Средба на претседателот Пендаровски со генералната директорка на УНЕСКО, Одре Азуле

Претседателот Стево Пендаровски денеска во Париз оствари средба со генералната директорка на УНЕСКО, Одре Азуле. На средбата се разговараше за севкупната соработка на Република Северна Македонија со УНЕСКО, во контекст на 30-годишнината од нашето членство во...

Претседателот Пендаровски го посети Националниот институт за ориентални јазици и цивилизации – ИНАЛКО во Париз

Претседателот Пендаровски го посети Националниот институт за ориентални јазици и цивилизации – ИНАЛКО во Париз

Претседателот Стево Пендаровски денеска во Париз го посети Националниот институт за ориентални јазици и цивилизации – ИНАЛКО, каде што оствари средба со Жан-Франсоа Хуше, претседател на ИНАЛКО и средба со Фроса Пејоска-Бушеро, шеф на Катедрата за македонски студии при...

Конференција „30 години македонско-германски дипломатски односи: Билатерална соработка и развојна поддршка со Северна Рајна – Вестфалија“ во организација на ПЦПО

Конференција „30 години македонско-германски дипломатски односи: Билатерална соработка и развојна поддршка со Северна Рајна – Вестфалија“ во организација на ПЦПО

Во организација на Претседателскиот центар за политичко образование денеска во Скопје се одржа конференција на тема „30 години македонско-германски дипломатски односи: Билатерална соработка и развојна поддршка со Северна Рајна - Вестфалија“. На отворањето на...