Обраќање на претседателот Пендаровски на вториот модул на Школата за политики

28 мај 2023 | Соопштенија

Претседателот Стево Пендаровски денеска се обрати на вториот модул на Школата за политики за 2023 година при Претседателскиот центар за политичко образование, што се одржа викендов во Охрид.

Пред учесниците на годинешната Школа за политики, претседателот Пендаровски говореше за актуелните и идните политички и безбедносни предизвици за Северна Македонија.

Во своето обраќање претседателот Пендаровски зборуваше за севкупните состојби во нашата држава на политички план, во контекст на политичкиот дијалог во земјата и на состојбите и предизвиците за македонските евроинтеграции, за безбедносните и геополитичките случувања во Европа и регионот, а се осврна и на темите за социоекономскиот развој и перспективите за младите во земјата.

На вториот модул на Школата за политики се дискутираше за учеството на младите на пазарот на трудот и политиките за намалување на младинската емиграција од земјава, за активните социјални политики за поттикнување на социоекономскиот развој, за влијанието на бизнис иновациите и стартапите врз економскиот раст, за иднината на капитализмот и глобализацијата, како и за политиките за заштита и промоција на правата на маргинализираните групи во македонското општество.

Вториот модул на Школата за политики го отвори директорот на фондацијата „Фридрих Еберт“ за Северна Македонија и Косово, Рене Шлее, а предавања одржаа и министерката за труд и социјална политика, Јована Тренчевска, Наташа Бошкова од Коалицијата за сексуални и здравствени права на маргинализираните заедници „Маргини“, професорот на правниот факултет „Јустинијан Први“, Ванчо Узунов, претседателот на Совет за унапредување на високото образование и стратешки истражувања при Стопанската комора на Северна Македонија, Глигор Бишев, главниот извршен директор на фондацијата „МК2025“, Никица Мојсоска-Блажевски, советникот за економски прашања на претседателот на Владата на Република Северна Македонија Јоханес Хајдекер и Тамара Димитрова, стартап експерт во Северна Македонија.

На вториот модул на школата се обрати и претседателот на Програмскиот совет на Претседателскиот центар за политичко образование и советник на претседателот за надворешна политика, внатрешна политика и уставни прашања, Александар Љ. Спасов.

Категории

Categories

Kategori

Последни вести

Latest news

Lajmet e fundit

Отворен Кабинет со ученици од ООУ „Григор Прличев“ од Скопје

Отворен Кабинет со ученици од ООУ „Григор Прличев“ од Скопје

Денеска Кабинетот на Претседателот, во рамки на активноста Отворен Кабинет, го посетија ученици од шесто одделение при ООУ „Григор Прличев“ од Скопје. За време на посетата, учениците беа запознаeни со историјатот на објектот во...

Обраќање на сопругата на претседателот на конференцијата „Родова еднаквост на работното место“

Обраќање на сопругата на претседателот на конференцијата „Родова еднаквост на работното место“

Сопругата на претседателот, Елизабета Ѓоргиевска присуствуваше и се обрати на конференцијата „Родова еднаквост на работното место“ организирана по повод Меѓународниот ден за еднакви плати. Говорејќи за значајноста на зајакнувањето на економската сигурност на жените во...

Трет модул на Школата за политики за 2023 година при Претседателскиот центар за политичко образование

Трет модул на Школата за политики за 2023 година при Претседателскиот центар за политичко образование

Викендов во Кавадарци се одржа третиот модул на Школата за политики за 2023 година, при Претседателскиот центар за политичко образование. Третиот модул на Школата го отворија д-р Александар Љ. Спасов, претседател на Програмскиот совет на Претседателскиот центар за...

Обраќање на претседателот Пендаровски на затворањето на 44. издание на фестивалот „Браќа Манаки“

Обраќање на претседателот Пендаровски на затворањето на 44. издание на фестивалот „Браќа Манаки“

Претседателот Стево Пендаровски присуствуваше и се обрати на затворањето на 44. издание на интернационалниот фестивал на филмска камера „Браќа Манаки“ во Битола. Во своето обраќање, претседателот Пендаровски кој е...

Претседателот Пендаровски се сретна со мешовитиот стручен тим за конзервација и реставрација во црквата „Св.Ѓорѓија“ во с. Курбиново

Претседателот Пендаровски се сретна со мешовитиот стручен тим за конзервација и реставрација во црквата „Св.Ѓорѓија“ во с. Курбиново

Претседателот Стево Пендаровски денеска ја посети црквата „Св. Ѓорѓија“ во с.Курбиново кадешто се одвива првата фаза од проектот за конзервација и реставрација на ѕидното сликарство во ентериерот на црквата којашто е ставена под заштита како културно-историски...