Петти модул на Школата за политики за 2022 година при Претседателскиот центар за политичко образование

8 октомври 2022 | Соопштенија

Викендов во Струга се одржа петтиот модул на Школата за политики за 2022 година при Претседателскиот центар за политичко образование којшто се реализира во соработка со Регионалната канцеларија за младинска соработка (RYCO).

На официјалното отворање на петтиот модул говореше Владимир Ѓорѓески, раководител на Регионалната канцеларија за младинска соработка (RYCO), по што следуваше панел дискусија на тема „Процеси на трансформација на конфликти во Западен Балкан. Помирување преку иницијативата на Берлинскиот процес и неговото влијание врз младите во регионот“, што ја водеше Алберт Хани, генерален секретар на RYCO.

На тема „Зошто е важно помирувањето и како значајно да се вклучат сите релевантни чинители во создавањето можности за младите – Фокус на естаблишментот на RYCO“ говореше Кренаре Гаши Красниќи, раководителка на локалната канцеларија на RYCO во Косово, додека на тема „Застапување на млади и значајно младинско учество“ говореше Марија Булат, раководителка на локалната канцеларија на RYCO во Србија.

На тема „Добри примери на значајно младинско учество“ своите искуства ги споделија Александра Јаковческа, претставничка на Superschools, одобрен проект преку RYCO, Драган Атанасов, претставник на одобрен проект преку RYCO, Габриела Лескова, учесничка на програмата ROUTEWB6 и Марјан Ицоски од НВО АРНО, проектен менаџер на проектот „RISE“ одобрен преку RYCO.

Во рамки на петтиот модул на школата се одржа и панел дискусија на тема „Иднината на младинското учество и соработката на Западниот Балкан“, на која учествуваа Алберт Хани, генерален секретар на RYCO, Маријана Ангелова, генерален секретар на Национален Младински Сојуз на Македонија и Анелија Митрова, оперативен координатор во Младински Сојуз од Крушево.

На последниот ден од петтиот модул на школата говореше Драган Атанасов од Сојуз за младинска работа на тема „Развој на нови иновативни форми на младинско учество“, а се одржа и дискусија со експертите и гостите за регионална соработка и младинско учество.

Школата за политики е организирана во соработка со канцелариите на фондациите и здруженијата во земјава „Фридрих Еберт“, Меѓународниот Републикански Институт (ИРИ), Фондацијата „Конрад Аденауер“, Националниот демократски институт за меѓународни работи (НДИ), Фондација за демократија на Вестминстер, Фондацијата „МК2025“ и Регионалната канцеларија за младинска соработка „RYCO“.

 

Категории

Categories

Kategori

Последни вести

Latest news

Lajmet e fundit

Официјална посета на сојузниот претседател на Република Австрија, Александер Ван дер Белен, на Република Северна Македонија

Официјална посета на сојузниот претседател на Република Австрија, Александер Ван дер Белен, на Република Северна Македонија

Претседателот Стево Пендаровски, утре – 29 март 2023 година, среда, ќе биде домаќин на сојузниот претседател на Република Австрија, Александер Ван дер Белен кој престојува во официјална посета на Република Северна Македонија, во придружба на неговата сопруга, Дорис...

Конференција: Стратегија за Роми, тек и следни чекори

Конференција: Стратегија за Роми, тек и следни чекори

Кабинетот на претседателот на Република Северна Македонија, на 6 април 2023 година, 11:00 часот, во Double Tree by Hilton Skopje ќе организира конференција со наслов „Стратегија за Роми, тек и следни чекори“ ПРОГРАМА Воведно обраќање на претседател на Република...

Средба со претставници на Шаховска Федерација на Македонија

Средба со претставници на Шаховска Федерација на Македонија

Претседателот Стево Пендаровски денеска прими претставници на Шаховска Федерација на Македонија. На средбата беше разговарано за тековните активности на федерацијата, учеството на меѓународни натпревари, организирањето на европски...

Средба на претседателот Пендаровски со Ољта Џачка, министерка за Европа и за надворешни работи на Република Албанија

Средба на претседателот Пендаровски со Ољта Џачка, министерка за Европа и за надворешни работи на Република Албанија

Претседателот Стево Пендаровски денеска ја прими Ољта Џачка, министерка за Европа и за надворешни работи на Република Албанија, која престојува во официјална посета на Република Северна Македонија. На средбата беше изразено...

Делегација од Кабинетот на претседателот  положи цвеќе пред Споменикот на бранителите

Делегација од Кабинетот на претседателот положи цвеќе пред Споменикот на бранителите

Генералниот секретар при Кабинетот на претседателот на Република Северна Македонија Миле Бошњаковски, денеска, 26 март 2023 година, оддаде почит и положи свежо цвеќе пред Споменикот на Бранителите во паркот „Жена борец“ во Скопје, во чест на бранителите, кои...