Претседателот Пендаровски се обрати на Преспа форум за дијалог

16 јуни 2022 | Соопштенија

Претседателот Стево Пендаровски вечерва се обрати на официјалната воведна сесија на високо ниво „Што после војната во Украина?“ на Преспа форум за дијалог, што од 16 до 18 јуни се одржува во Охрид на тема „Градење на иднината на Западниот Балкан во современата европска безбедносна архитектура“.

Пред учесниците на форумот претседателот Пендаровски порача дека незавршениот европски проект има безбедносни последици врз регионот и пошироко.

„Сега е замрзнато мислењето дека политиката на проширување е најуспешната политика на ЕУ, затоа што земјите членки на ЕУ со години зборуваат дека сакаат прво да ја продлабочат ЕУ, а потоа нејзино проширување“, рече претседателот Пендаровски.

Во тој контекст, претседателот Пендаровски посочи дека незавршената интеграција на Западен Балкан има поврзаност со дејствувањето на Русија, хибридните закани и лажни вести и притоа потсети дека нашата држава е една од земјите во регионот којашто протера повеќе руски дипломати во последните 12 месеци.

Според него, не е возможно Русија да ја видиме во демократските граници на Европа без или со војната во Украина, а уште повеќе поради војната во Украина.

Посочувајќи дека поддршката за членство во Европската Унија драстично опаѓа во изминатите години, претседателот Пендаровски побара јасна перспектива за земјите од регионот за членство во Европската Унија.

„Брисел треба да истапи и директно да ни каже – ова е нашиот план за вас, навистина сме сериозни во намерите за интегрирање на Западниот Балкан во економска, политичка и друга смисла. Во спротивно, се повеќе луѓе ќе стануваат скептични за европскиот проект и автократските режими се повеќе ќе се зајакнуваат во регионот“, рече претседателот Пендаровски во обраќањето, потсетувајќи дека регионот чекајќи напредок во евроинтегративниот процес се соочува со демографска катастрофа.

На воведната сесија се обратија и претседателот на Словенија, Борут Пахор, на Косово, Вјоса Османи, на Црна Гора, Мило Ѓукановиќ и на Хрватска, Зоран Милановиќ, додека преку видео-врска на присутните им се обрати претседателот на Украина, Володимир Зеленски.

Категории

Categories

Kategori

Последни вести

Latest news

Lajmet e fundit

Претседателот Пендаровски прими делегација од Советот на Европа за набљудување на претседателските и парламентарните избори

Претседателот Пендаровски прими делегација од Советот на Европа за набљудување на претседателските и парламентарните избори

Претседателот Стево Пендаровски денеска ја прими делегацијата на ад-хок комисијата на Парламентарното собрание на Советот на Европа за набљудување на претседателските и парламентарните избори во Република Северна Македонија, кои престојуваат во предизборна мисија во...

Претседателот Пендаровски присуствуваше на Отворениот ден на Армијата по повод 4-годишнината од членството во НАТО и 75-годишнината од основањето на Алијансата

Претседателот Пендаровски присуствуваше на Отворениот ден на Армијата по повод 4-годишнината од членството во НАТО и 75-годишнината од основањето на Алијансата

Претседателот Стево Пендаровски денеска присуствуваше на Отворениот ден на Армијата, што како дел од активностите по повод 4-годишнината од членството на Република Северна Македонија во НАТО и 75-годишнината од основањето на Алијансата, го организираа Министерството...

Обраќање на сопругата на претседателот на конференцијата „Успешни жени за успешен регион“

Обраќање на сопругата на претседателот на конференцијата „Успешни жени за успешен регион“

  Сопругата на претседателот Елизабета Ѓоргиевска се обрати на конференцијата  „Успешни жени за успешен регион“  што се одржа во Скопје во организација на регионалната непрофитна иницијатива Women on Boards Adria - WOBA (Жени во органи на управување Јадран). Во...

Претседателот Пендаровски го прими италијанскиот амбасадор Андреа Силвестри

Претседателот Пендаровски го прими италијанскиот амбасадор Андреа Силвестри

Претседателот Стево Пендаровски денеска го прими амбасадорот на Италијанската Република, Андреа Силвестри. На средбата беа потврдени традиционално пријателските односи меѓу двете држави, кои се карактеризираат со висок степен на...

Проштална средба со албанскиот амбасадор Фатос Река

Проштална средба со албанскиот амбасадор Фатос Река

Претседателот Стево Пендаровски на проштална средба го прими амбасадорот на Република Албанија, Фатос Река. На средбата беа разменети мислења за севкупниот развој на билатералните односи меѓу двете држави, при што беше оценето дека тие континуирано бележат позитивен и...