Средба на претседателот Пендаровски со Збигњев Рау, министер за надворешни работи на Полска

16 јуни 2022 | Соопштенија

Претседателот Стево Пендаровски, денеска во Вила Билјана во Охрид го прими министерот за надворешни работи на Република Полска и претседавач со ОБСЕ, Збигњев Рау.

На средбата беа разменети мислења за севкупните билатерални односи меѓу Северна Македонија и Полска, при што беше констатирано дека истите бележат позитивен развој, со цврста основа за натамошно унапредување на досегашната одлична соработка.

На средбата претседателот Пендаровски истакна дека Полска е искрен и принципиелен поддржувач на македонските европски интеграции и изрази очекување поддршката да продолжи и во иднина. Двете држави, како членки на НАТО, беше констатирано на средбата, даваат свој придонес за безбедноста и стабилноста на евро-атлантскиот простор.

Претседателот Пендаровски и министерот Рау разговараа и за актуелните состојби во контекст на руската инвазија врз Украина. Претседателот Пендаровски истакна дека Северна Македонија, како одговорна членка на НАТО ќе продолжи да дава поддршка на Украина во рамки на можностите.

На средбата претседателот Пендаровски и министерот Рау разговараа и за тековните активности на полското претседателство со ОБСЕ, вклучувајќи ја и состојбата во Украина, како и за подготовките на претседателството на Република Северна Македонија со ОБСЕ во 2023 година.

Категории

Categories

Kategori

Последни вести

Latest news

Lajmet e fundit

Обраќање на сопругата на претседателот на тркалезната маса „Спречи, одговори, заштити: Како да се зајакне борбата против семејното насилство во Република Северна Македонија“

Обраќање на сопругата на претседателот на тркалезната маса „Спречи, одговори, заштити: Како да се зајакне борбата против семејното насилство во Република Северна Македонија“

Сопругата на претседателот, Елизабета Ѓоргиевска се обрати на тркалезната маса „Спречи, одговори, заштити: Како да се зајакне борбата против семејното насилство во Република Северна Македонија“ што се одржа во организација на Мисијата на ОБСЕ во Скопје, а по повод...

Претседателот Пендаровски се обрати на Светскиот самит за климатски активности во рамки на COP28

Претседателот Пендаровски се обрати на Светскиот самит за климатски активности во рамки на COP28

Претседателот Стево Пендаровски, во рамки на учеството на Конференцијата на Обединетите нации за климатски промени - COP28 која се одржува во Дубаи, Обединетите Арапски Емирати, денеска се обрати на Сегментот на високо ниво на Светскиот самит за климатски активности....

Средба на претседателот Пендаровски со претседателката на Европската банка за обнова и развој, Одил Рено-Басо во Дубаи

Средба на претседателот Пендаровски со претседателката на Европската банка за обнова и развој, Одил Рено-Басо во Дубаи

Претседателот Стево Пендаровски денеска во Дубаи, за време на неговото учество на Конференцијата на Обединетите нации за климатски промени - COP28, оствари средба со претседателката на Европската банка за обнова и развој, Одил Рено-Басо. ...

Средби на претседателот Пендаровски на маргините на Конференцијата на Обединетите нации за климатски промени – COP28 во Дубаи

Средби на претседателот Пендаровски на маргините на Конференцијата на Обединетите нации за климатски промени – COP28 во Дубаи

Претседателот Стево Пендаровски во рамки на учеството на Конференцијата на Обединетите нации за климатски промени – COP28 во Дубаи оствари кратки средби со британскиот крал Чарлс Трети, со кралот на Јордан Абдула Втори, со претседателката на Република Словенија Наташа...

Средба на генералниот секретар на Кабинетот на претседателот со заменик – министерот за надворешни работи на Јапонија

Средба на генералниот секретар на Кабинетот на претседателот со заменик – министерот за надворешни работи на Јапонија

Генералниот секретар на Кабинетот на претседателот Миле Бошњаковски, денеска прими делегација предводена од заменик – министерот за надворешни работи на Јапонија, Јоичи Фуказава, којашто престојува во земјава по повод учеството на Министерски совет на ОБСЕ. [gallery...