Средба на претседателот Пендаровски со хрватскиот премиер Пленковиќ

30 јуни 2021 | Соопштенија

Претседателот Стево Пендаровски, во рамки на официјалната посета на Република Хрватска, денеска во Загреб оствари средба со претседателот на Владата на Република Хрватска, Андреј Пленковиќ.

На средбата беше изразено задоволство од развојот на билатералните односи меѓу двете држави и беше нагласен нивниот пријателски карактер, континуираната размена на билатерални посети и средби на високо и највисоко ниво, како и конструктивната соработка во различни сфери од заемен интерес.

Истовремено беше оценето дека двете држави имаат одлична соработка на регионален и на мултилатерален план, со акцент на сојузништвото во НАТО алијансата, каде нашата држава е цврсто посветена на промовирање и споделување на заедничките вредности и одговорности.

Во контекст на натамошното продлабочување на билатералната соработка, претседателот Пендаровски ја поздрави идејата за одржување прва заедничка седница на владите на двете држави, на која би се разговарало за идните насоки на соработка.

Осврнувајќи се на последниот развој на настаните поврзани со интеграцијата на Република Северна Македонија во Европската Унија, претседателот Пендаровски изрази благодарност за принципиелната поддршка од Република Хрватска за неодложен почеток на пристапните преговори за членство во ЕУ.

На средбата беа разменети информации за тековниот процес на вакцинација против Ковид-19. Во тој контекст, претседателот Пендаровски се заблагодари за намерата хрватската влада да донира 10.000 дози од вакцината Астра Зенека за нашата држава.

Претседателот Пендаровски го истакна и интересот на нашата држава за интензивирање на економската соработка и трговската размена со Република Хрватска, за што постојат неискористени можности.

Категории

Categories

Kategori

Последни вести

Latest news

Lajmet e fundit

Средба со преставници на Лајонс дистрикт 132 – Северна Македонија и меѓународниот претседател  на организацијата, Брајан Шихан

Средба со преставници на Лајонс дистрикт 132 – Северна Македонија и меѓународниот претседател на организацијата, Брајан Шихан

Претседателот Стево Пендаровски денеска го прими Брајан Шихан, претседател на Меѓународната асоцијација на Лајонс клубови и претставници на Лајонс дистрикт 132 Северна Македонија, по повод 25-годишнината од нивната работа во нашата држава. [gallery...

Претседателот Пендаровски ги прими акредитивите на новоименуваниот амбасадор на Азербејџан, Камил Касијев

Претседателот Пендаровски ги прими акредитивите на новоименуваниот амбасадор на Азербејџан, Камил Касијев

Претседателот Стево Пендаровски денеска ги прими акредитивните писма на новоименуваниот амбасадор на Република Азербејџан за Република Северна Македонија, со седиште во Белград, Камил Касијев. На свечената церемонија на предавање...

Посета на ученици од ООУ „7 Марси“ и ООУ „Љубен Лапе” во рамки на Отворен Кабинет

Посета на ученици од ООУ „7 Марси“ и ООУ „Љубен Лапе” во рамки на Отворен Кабинет

Ученици од ООУ„7 Марси“ од Липково и од ООУ „Љубен Лапе" од Скопје, во рамки на активноста Отворен Кабинет, денеска се сретнаа и поразговараа со претседателот Пендаровски за неговата работа, за претседателските надлежности и активности. [gallery...

Ѓоргиевска: Мора системски, институционално да се искорени дискриминацијата и задскриената маргинализација

Ѓоргиевска: Мора системски, институционално да се искорени дискриминацијата и задскриената маргинализација

Сопругата на претседателот, Елизабета Ѓоргиевска присуствуваше и се обрати на завршната регионална конференција „Предизвици со кои се соочуваат жените и девојчињата во регионот на патот кон ЕУ – Гласно и храбро ги поместуваме границите“. Конференцијата е во...

Активности на сопругата на претседателот, Елизабета Ѓоргиевска со сопругата на австрискиот претседател, Дорис Шмидауер

Активности на сопругата на претседателот, Елизабета Ѓоргиевска со сопругата на австрискиот претседател, Дорис Шмидауер

Сопругата на претседателот, Елизабета Ѓоргиевска заедно со Дорис Шмидауер, сопруга на сојузниот претседател на Република Австрија, Александер Ван Дер Белен коишто престојуваат во официјална посета на Република Северна Македонија, денеска во Канцеларијата на...