Порака од претседателот Пендаровски на Регионалниот состанок на регулаторните тела за медиуми

10 ноември 2022 | Обраќања, Соопштенија

Претседателот Стево Пендаровски упати порака на отворањето на Регионалниот состанок на регулаторните тела за медиуми на Северна Македонија, Словенија, Хрватска, Босна и Херцеговина, Србија, Црна Гора, Косово, Албанија и Бугарија, што се одржува денеска во Скопје, во организација на Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги.

Во продолжение е интегралниот текст од пораката на претседателот Пендаровски.

Почитувани организатори и учесници,

Ви благодарам на укажаната можност да ве поздравам на регионалниот состанок на регулаторните тела за медиуми кој, во исто време ја означува 25-годишнината од формирањето на македонскиот регулатор за медиуми, еден од најстарите на Балканот.

Слободните и независни медиуми се столб на демократијата и предуслов за инклузивен развој на општеството, со големо влијание врз граѓаните и со уште поголема одговорност кон јавноста. Растечката употреба на интернетот и на дигиталните медиуми, придонесуваат за менување и на аудиовизуелните навики на луѓето. Брзото ширење на информациите и дезинформациите преку интернет платформите, поттикнува сосема нови трендови во информирањето и кај традиционалните медиуми, што, за жал, придонесува сензационализмот и површноста, често да имаат предност пред истражувачкото новинарство и дистрибуцијата на точни и релевантни информации.

Во таа насока, сѐ повеќе расте потребата од независни и одговорни регулаторни тела кои имаат значајна улога во промоцијата и одржувањето на слободата на изразување, почитувањето на различноста и заштитата на маргинализираните групи во медиумското известување, унапредување на медиумскиот плурализам и професионалните новинарски стандарди, понатаму, во заштита на малолетната публика, и на крај, се разбира, не и најмалку битно, во напорите за поголема медиумска писменост и борба против пропагандата и погрешните информации и сите нивни подвидови, од дезинформациите до мисинформациите и малинформациите.

Со отворањето на нашите преговори за членство во ЕУ, се отвораат и нови обврски и предизвици пред Агенцијата за аудио и аудио-визуелни услуги. Ќе биде потребно усогласување на националното законодавство со европската легислатива, вклучувајќи ги и законите од областа на медиумите, поточно, Законот за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги со изменетата Директива за аудиовизуелни услуги на ЕУ и со актите поврзани со медиумската сфера.

Во изминативе неколку извештаи Европската Комисија го нотира подобрувањето во медиумската сфера и проактивниот пристап на регулаторот за медиуми во поттикнување на медиумскиот плурализам, посветеноста на унапредување на професионалните новинарски стандарди и промовирање на медиумската писменост. Имајќи ја во предвид нужноста ваквите трендови да продолжат, треба да се работи на интензивирање на медиумските реформи, но и на обезбедување на независноста и финансиската стабилност на јавниот радиодифузен сервис и регулаторот за медиуми, што вклучува, меѓу останатото, и префрлање на буџетски пропишаните средства за развој на радиодифузната дејност.

Сето ова е значајно за напредокот во медиумската сфера и за достигнување на европските стандарди во слободата на изразување и информирање, што се заедно влијае врз севкупниот демократски развој на државите.

Оттука, ги поздравувам вашите напори за  продлабочување на регионалната соработка за размена на искуства со земјите од регионот – со земјите кои се веќе членки на ЕУ и ги имаат усогласено своите национални законодавства, со земјите кои преговараат за членство, како и со земјите кои имаат такви аспирации, а сѐ уште не ги започнале преговорите. Подобрата соработка меѓу нас ќе значи и зацврстување на европската перспектива на регионот, а тоа претставува основа за поефикасно заедничко решавање на проблемите со кои сите ние се соочуваме.

Почитувани,

Ви посакувам конструктивни дискусии и подобра регионална соработка во иднина затоа што имаме иста цел.

Ви благодарам.

Категории

Categories

Kategori

Последни вести

Latest news

Lajmet e fundit

Претседателот Пендаровски на одбележувањето на 25-годишнината од отворањето на Делегацијата на ЕУ во Скопје

Претседателот Пендаровски на одбележувањето на 25-годишнината од отворањето на Делегацијата на ЕУ во Скопје

Претседателот Стево Пендаровски денеска присуствуваше на одбележувањето на 25-годишнината од отворањето на Делегацијата на Европската Унија во Скопје. Честитајќи ја годишнината, претседателот Пендаровски изрази задоволство од досегашниот развој на односите меѓу...

Претседателот Пендаровски се обрати на Годишниот форум на „Виенската иницијатива“

Претседателот Пендаровски се обрати на Годишниот форум на „Виенската иницијатива“

Претседателот Стево Пендаровски се обрати пред учесниците на Годишниот форум на „Виенската иницијатива“ чиј домаќин е Народната банка на Република Северна Македонија. Во поздравното обраќање претседателот Пендаровски посочи дека овој форум на Иницијативата за...

Средба на претседателот Пендаровски со Аналена Баербок, сојузна министерка за надворешни работи на СР Германија

Средба на претседателот Пендаровски со Аналена Баербок, сојузна министерка за надворешни работи на СР Германија

Претседателот Стево Пендаровски денеска ја прими Аналена Баербок, сојузна министерка за надворешни работи на Сојузна Република Германија, која престојува во официјална посета на Република Северна Македонија. На средбата се...

Претседателот Пендаровски го потпиша Указот за новиот Закон за амнестија

Претседателот Пендаровски го потпиша Указот за новиот Закон за амнестија

Претседателот Стево Пендаровски денеска го потпиша Указот на усвоениот Закон за амнестија, со кој се предвидува лицата осудени за кривичните дела од член 205 „Пренесување на заразна болест“ и член 206 „Непостапување според здравствените прописи за време на епидемија“...

Повик за акредитирање на медиумски екипи – Официјална посета на сојузниот претседател на Република Австрија, Александер Ван дер Белен

Повик за акредитирање на медиумски екипи – Официјална посета на сојузниот претседател на Република Австрија, Александер Ван дер Белен

Ве известуваме дека на 28 и 29 март 2023 година во официјална посета на Република Северна Македонија ќе престојува сојузниот претседател на Република Австрија, Н.Е. д-р Александер Ван дер Белен, во придружба на неговата сопруга, г-а Дорис Шмидауер. Заинтересираните...