Претседателот Пендаровски во посета на општина Тетово

13 април 2023 | Соопштенија

Претседателот Стево Пендаровски денеска престојуваше во Тетово, каде ги посети Универзитетот на Југоисточна Европа и новите простории на Торакална хирургија во рамки на дијагностичко-ургентниот центар во клиниката.

За време на престојот на Универзитетот на Југоисточна Европа од раководството, научниот и стручниот кадар беше информиран за функционирањето и тековните активности што се реализираат низ повеќе од 80 студиски програми со современи наставни методи. На средбата беше разговарано и за предизвиците во високото образование во земјата, како и за неопходните реформи и системски решенија, како едни од основните предуслови за продуцирање квалитетен кадар.

Пред студентите што следат настава на шесте факултети, претседателот Пендаровски говореше за актуелните општествено-политички состојби во земјава, за регионалните прашања, како и за главните аспекти на неговите надлежности. Во своето предавање, претседателот се осврна на Рамковниот договор и мултиетничката демократија, а ги сподели неговите ставови за борбата против високата корупција и демографијата, како предизвици за нашето општество.

За време на обиколката на кампусот, претседателот Пендаровски го посети Центарот за симулација, во рамки на Факултетот за здравствени науки, со високоопремени предавални и лаборатории. Пред претседателот беше презентирана софистицираната опрема којашто на студентите им овозможува клиничка пракса во реални услови.

Во новите простории на Торакална хирургија кои се во рамки на дијагностичко-ургентниот центар во тетовската клиника, претседателот Пендаровски беше информиран за условите и медицинските услуги коишто ќе ги овозможува одделот. Раководството и тимот хирурзи ја нагласија важноста од експертизата и современата опрема како резултат на заложбата на домашните надлежни здравствени институции и придонесот на Турската агенција за соработка и координација (ТИКА).

Претседателот Пендаровски беше запознат со идните планови за развој и зајакнување на капацитетите на Торакална хирургија, што ќе овозможи подобрување на здравствените услуги за Тетово и регионот.

 

Категории

Categories

Kategori

Последни вести

Latest news

Lajmet e fundit

Отворен Кабинет за основци од 3 скопски училишта и ученици – членови на здружението „Несил“ од Скопје

Отворен Кабинет за основци од 3 скопски училишта и ученици – членови на здружението „Несил“ од Скопје

Кабинетот на претседателот Пендаровски, во рамки на Отворен Кабинет денеска го посетија основци од училиштата „Мустафа Кемал Ататурк“, „Тихомир Милошевски”, „Гоце Делчев“, како и ученици – членови на здружението „Несил“ од Скопје, посветено на едукативни активности за...

Сопругата на претседателот со најмладите во рамки на фестивалот „Литера“

Сопругата на претседателот со најмладите во рамки на фестивалот „Литера“

Сопругата на претседателот, Елизабета Ѓоргиевска учествуваше на Меѓународниот фестивал за литература и илустрација за деца „Литера 2023“ што се одржува во Музејот на град Скопје. Во рамки на настанот, г-ѓа...

Средба на претседателот Пендаровски со Ден Шехтман, добитник на Нобелова награда за хемија во 2011 година

Средба на претседателот Пендаровски со Ден Шехтман, добитник на Нобелова награда за хемија во 2011 година

Претседателот Стево Пендаровски денеска го прими Ден Шехтман, добитникот на Нобелова награда за хемија во 2011 година, кој престојува во посета на нашата држава во организација на Македонската академија на науките и уметностите и Сојузот на хемичари и технолози на...

Средба на претседателот Пендаровски со американскиот сенатор Крис Марфи

Средба на претседателот Пендаровски со американскиот сенатор Крис Марфи

Претседателот Стево Пендаровски денеска го прими американскиот сенатор Крис Марфи. На средбата се разговараше за севкупните билатерални односи меѓу двете држави, за состојбите во поширокиот регион во контекст на руската агресија врз Украина, како и за аспирациите на...

Положување цвеќе по повод 24 Мај – Денот на Свети Кирил и Методиј

Положување цвеќе по повод 24 Мај – Денот на Свети Кирил и Методиј

Претставник од Кабинетот на претседателот на Република Северна Македонија, по повод одбележувањето на 24 Мај – Денот на сесловенските просветители светите Кирил и Методиј, денеска положи свежо цвеќе пред споменикот на светите Кирил и Методиј на плоштадот во Охрид и...