Претседателот Пендаровски во посета на Прилеп во рамки на проектот „Лице в лице со претседателот“

28 септември 2022 | Соопштенија

Претседателот Стево Пендаровски денеска ја посети општина Прилеп во рамки на проектот „Лице в лице со претседателот“.

За време на престојот, претседателот Пендаровски го посети средното општинско училиште „Орде Чопела“, каде што беше запознаен со инклузивните образовни методи, со тековните проекти и иновативни решенија на тимовите од различни стручни области.

Учениците го презентираа системот за собирање дождовница за наводнување на училишниот мини овоштарник, проект со кој училиштето на натпревар во Струга, беше еден од добитниците на финансиски средства за социјални иновации во делот на климатските промени и заштитата на животната средина. Претседателот Пендаровски ги посети и ветеринарната амбуланта, училишната лабораторија каде што беше извршена контрола на квалитетот на дождовницата и пекарата во која младите пекари користат и продукти произведени во училиштето, манифестирајќи го мултидисциплинарниот пристап во реализацијата на проектите.

Претседателот Пендаровски упати честитки до наставниот и стручен кадар во училиштето што го препознава потенцијалот на учениците, континуирано поттикнувајќи ја нивната креативност. Во таа насока изрази задоволство и од посветеноста и високата мотивираност на учениците за стекнување нови знаења во стручните области.

Во рамки на проектот лице в лице, претседателот беше во посета на библиотеката и научната лабораторија во рамки на Јавната научна установа Институт за старословенска култура – Прилеп,  каде што му беа презентирани дел од тековните научноистражувачки проекти и изданијата од богатиот книжевен фонд, меѓу кои и ретката збирка на старопечатени книги кои датираат и од 15 век.

Претседателот беше информиран и за предизвиците со коишто се соочува Институтот во неговото функционирање. Во таа насока беше нагласена потребата од унапредување на научноистражувачката работа преку набавување на техничка опрема, како и неопходноста од остварување на соработка со поголем број научни, стручни и високообразовни институции во странство. Претседателот Пендаровски изрази задоволство од високиот професионализам во научноистражувачката дејност на Институтот, нагласувајќи ја неговата поддршка на научните проекти и активности кои имаат важен придонес во севкупните општествено-политички и образовни процеси.

Во Прилеп претседателот Пендаровски го разгледа и Музејот за тутун во рамки на Националната установа завод за заштита на спомениците на културата и музеј Прилеп. За време на посетата му беше презентирана импресивната колекција експонати, посветена на сите аспекти од историјатот на тутунската индустрија, која го вбројува нашиот музеј меѓу најзначајните во светот.

Нагласувајќи ја важноста на музејот во афирмацијата на нашата богата култура и традиција, претседателот Пендаровски изрази задоволство од ентузијазмот на сите ангажирани во собирањето и зачувувањето на овие раритети со непроценлива вредност во светски рамки.

 

Категории

Categories

Kategori

Последни вести

Latest news

Lajmet e fundit

Посета на ученици од ООУ „7 Марси“ и ООУ „Љубен Лапе” во рамки на Отворен Кабинет

Посета на ученици од ООУ „7 Марси“ и ООУ „Љубен Лапе” во рамки на Отворен Кабинет

Ученици од ООУ„7 Марси“ од Липково и од ООУ „Љубен Лапе" од Скопје, во рамки на активноста Отворен Кабинет, денеска се сретнаа и поразговараа со претседателот Пендаровски за неговата работа, за претседателските надлежности и активности. [gallery...

Ѓоргиевска: Мора системски, институционално да се искорени дискриминацијата и задскриената маргинализација

Ѓоргиевска: Мора системски, институционално да се искорени дискриминацијата и задскриената маргинализација

Сопругата на претседателот, Елизабета Ѓоргиевска присуствуваше и се обрати на завршната регионална конференција „Предизвици со кои се соочуваат жените и девојчињата во регионот на патот кон ЕУ – Гласно и храбро ги поместуваме границите“. Конференцијата е во...

Активности на сопругата на претседателот, Елизабета Ѓоргиевска со сопругата на австрискиот претседател, Дорис Шмидауер

Активности на сопругата на претседателот, Елизабета Ѓоргиевска со сопругата на австрискиот претседател, Дорис Шмидауер

Сопругата на претседателот, Елизабета Ѓоргиевска заедно со Дорис Шмидауер, сопруга на сојузниот претседател на Република Австрија, Александер Ван Дер Белен коишто престојуваат во официјална посета на Република Северна Македонија, денеска во Канцеларијата на...

Претседателите Пендаровски и Ван дер Белен се обратија на Македонско-австрискиот економски форум

Претседателите Пендаровски и Ван дер Белен се обратија на Македонско-австрискиот економски форум

Претседателот Стево Пендаровски и претседателот Александер Ван дер Белен, во рамки на официјалната посета на австрискиот претседател на Република Северна Македонија, денеска се обратија на Македонско-австрискиот економски форум „Зајакнување на деловните односи меѓу...

Претседателот Пендаровски и претседателот Ван дер Белен положија венци на гробот на Гоце Делчев во црквата „Св. Спас“

Претседателот Пендаровски и претседателот Ван дер Белен положија венци на гробот на Гоце Делчев во црквата „Св. Спас“

Во рамки на официјалната посета на сојузниот претседател на Република Австрија на Република Северна Македонија, претседателот Стево Пендаровски и претседателот Александер Ван дер Белен положија венци на гробот на македонскиот револуционер Гоце Делчев во црквата „Св....