Изјава на претседателот Пендаровски за време на официјалната посета на Република Хрватска

30 јуни 2021 | Соопштенија

Претседателот Стево Пендаровски денеска во рамки на официјалната посета на Република Хрватска оствари средба со претседателот на Република Хрватска, Зоран Милановиќ, по што се одржа и заедничка прес-конференција на двајцата претседатели.

Во продолжение е интегралната изјава на претседателот Пендаровски.

Почитуван претседателе Милановиќ,
Почитувани граѓани,
Почитувани медиуми,

Почестен сум со можноста да престојувам во официјална посета на Република Хрватска и со претседателот Милановиќ и другите претставници на хрватскиот политички врв да разговарам за теми од заеднички интерес.

Нашите две држави и нашите граѓани ги поврзуваат длабоки историски и културни врски. Ние сме блиски по географија, слични по јазик, култура, но и по менталитет, светоглед и вредности. Низ историјата, Хрватска за нас има особена улога и значење. Токму тука во Загреб, пред точно 160 години беше испечатен зборникот на народни песни на Браќата Миладиновци под покровителство на хрватскиот бискуп Штросмаер, како најзначајно дело на нашата преродба. Овој Зборник е предвесник на уште едно капитално дело кое е издадено повторно тука во Хрватска, во Самобор, една од првите стихозбирки напишани на македонски јазик, книгата Бели Мугри на Коста Солев Рацин, еден од основоположниците на современата македонска литература.

Врз богатата традиција на блиски односи, градиме и интензивна соработка во сегашноста затоа што имаме идентична визија за иднината. Хрватска е еден од најголемите поддржувачи на евроинтеграцијата на Република Северна Македонија. Хрватската поддршка е резултат на нејзината верба во столбовите на Европската Унија и нејзините базични принципи, кои, за жал, во последно време некои ги доведуваат во прашање.

Она што го кажав во разговорот со хрватскиот претседател би сакал и сега да го повторам. Ние сме благодарни на Република Хрватска за искрената поддршка, како и за одговорноста за мирен и просперитетен Балкан во обединета Европа. Овде во Загреб би сакал уште еднаш, да истакнам дека за нас не постои друга одржлива алтернатива освен полноправно членство во Европската Унија и за таа цел продолжуваме да работиме со несмален интензитет. Се разбира, за да стигнеме таму, нема да бидат доволни само нашата волја и нашите напори.

Почитувани,

Во современиот свет кој не е имун на геополитички конфликти, економски и здравствени кризи, секоја земја се обидува да им обезбеди на своите граѓани сигурност, безбедност и просперитет. Но без соработка меѓу државите, тоа би било невозможно. Да го искористиме капиталот кој го имаме во билатералните односи, да ја развиваме економската и трговска соработка и соработката во другите области како туризмот, инфраструктурата, науката.

За таа цел, во мојата делегација имам и претставници на бизнис заедницата, кои овде ќе остварат контакти со луѓето од хрватската бизнис заедница и ќе разговараат за конкретни проекти и решенија. Како крупен влог во и онака извонредните културни врски меѓу нашите две земји е отворањето на Културно информативниот центар на Северна Македонија во Загреб што ќе отвори нови простори за културна размена.

Како една од важните точки за разговор што ги имавме со претседателот Милановиќ е положбата на македонската заедница во Хрватска и хрватската во Северна Македонија. Објективно, правата на малцинствата во двете земји се на прилично високо ниво, иако постои целосна подготвеност од двете страни за нивно дополнително унапредување.

На крајот, дозволете уште еднаш да се заблагодарам на мојот домаќин, на Претседателот Милановиќ за поканата и за срдечниот пречек овде во Загреб. Се надевам дека во блиска иднина ќе имам можност да го возвратам гостопримството во Скопје.

Ви благодарам.

Категории

Categories

Kategori

Последни вести

Latest news

Lajmet e fundit

Посета на ученици од ООУ „7 Марси“ и ООУ „Љубен Лапе” во рамки на Отворен Кабинет

Посета на ученици од ООУ „7 Марси“ и ООУ „Љубен Лапе” во рамки на Отворен Кабинет

Ученици од ООУ„7 Марси“ од Липково и од ООУ „Љубен Лапе" од Скопје, во рамки на активноста Отворен Кабинет, денеска се сретнаа и поразговараа со претседателот Пендаровски за неговата работа, за претседателските надлежности и активности. [gallery...

Ѓоргиевска: Мора системски, институционално да се искорени дискриминацијата и задскриената маргинализација

Ѓоргиевска: Мора системски, институционално да се искорени дискриминацијата и задскриената маргинализација

Сопругата на претседателот, Елизабета Ѓоргиевска присуствуваше и се обрати на завршната регионална конференција „Предизвици со кои се соочуваат жените и девојчињата во регионот на патот кон ЕУ – Гласно и храбро ги поместуваме границите“. Конференцијата е во...

Активности на сопругата на претседателот, Елизабета Ѓоргиевска со сопругата на австрискиот претседател, Дорис Шмидауер

Активности на сопругата на претседателот, Елизабета Ѓоргиевска со сопругата на австрискиот претседател, Дорис Шмидауер

Сопругата на претседателот, Елизабета Ѓоргиевска заедно со Дорис Шмидауер, сопруга на сојузниот претседател на Република Австрија, Александер Ван Дер Белен коишто престојуваат во официјална посета на Република Северна Македонија, денеска во Канцеларијата на...

Претседателите Пендаровски и Ван дер Белен се обратија на Македонско-австрискиот економски форум

Претседателите Пендаровски и Ван дер Белен се обратија на Македонско-австрискиот економски форум

Претседателот Стево Пендаровски и претседателот Александер Ван дер Белен, во рамки на официјалната посета на австрискиот претседател на Република Северна Македонија, денеска се обратија на Македонско-австрискиот економски форум „Зајакнување на деловните односи меѓу...

Претседателот Пендаровски и претседателот Ван дер Белен положија венци на гробот на Гоце Делчев во црквата „Св. Спас“

Претседателот Пендаровски и претседателот Ван дер Белен положија венци на гробот на Гоце Делчев во црквата „Св. Спас“

Во рамки на официјалната посета на сојузниот претседател на Република Австрија на Република Северна Македонија, претседателот Стево Пендаровски и претседателот Александер Ван дер Белен положија венци на гробот на македонскиот револуционер Гоце Делчев во црквата „Св....