Изјава на претседателката Сиљановска-Давкова на прес-конференцијата со хрватскиот претседател

7 мај 2025 | Соопштенија

Во рамки на официјалната посета на хрватскиот претседател беше одржана заедничка прес-конференција на претседателката Гордана Сиљановска-Давкова и претседателот Зоран Милановиќ.

Во продолжение е интегралното воведно обраќање на претседателката Сиљановска-Давкова:

Еве уште еднаш и јавно: благодарност до претседателот Милановиќ за посетата. Благодарност за разбирањето и за пријателскиот однос на Хрватска. Благодарност за советите, мислам дека се многу корисни. А што да кажам за односите меѓу двете држави? – традиционално пријателски. Да повторам дека никогаш нема да заборавиме дека во 2020 година за времето на хрватското претседателство со ЕУ го направивме чекорот заедно со Албанија. Тоа е знак на разбирање, знак на поддршка. Јас и претседателот, како и претходно, рековме дека односите во сите сфери одат напред. Се разбира дека може да се развиваат. Хрватска и покрај тоа што е членка на Европската Унија, има разбирање за регионалните потреби, има разбирање за Западен Балкан – многу пати претседателот повторува дека сме географски, културно и историски дел од Европа.

Што да кажам за нашето чекање за Европската Унија? – Копенхагенските критериуми се тие што од нас ќе направат стандардна, европска, досадна држава, дека ветото не е пријателски инструмент и дека очекувам разбирање. Се разбира, ние мораме да ја тераме државната агенда, бидејќи легитимитетот ни извира од граѓаните. Кога го велам ова, мислам економски, културно, образовно и научно, да се развиваме. Скринингот покажува дека ние сме многу напред во хармонизирањето со акито (Acquis communautaire). Нашите проблеми се од друга природа, тие се врзани за историјата, за перцепцијата на културата, па дури и за јазикот, нешта за коишто не се разговара и преговара. Но, да повторам: ветото ќе предизвикува проблеми и нема да бидеме осамен случај. Ние инсистираме и си го бараме местото во ЕУ според копенхагенските критериуми. Да речам дека се надевам утре да наидеме на разбирање – ќе згрешам. Да, разбирање од Хрватска, да, разбирање од Словенија, но мислам дека се важни и односите со другите соседи. Очекувам да исчекориме и во тој поглед. Уште еднаш, благодарам за посетата и на разбирањето на претседателот на Хрватска.

Категории

Categories

Kategori

Последни вести

Latest news

Lajmet e fundit

Сиљановска-Давкова оствари телефонски разговор со претседателот на Република Азербејџан, Илхам Алиев

Сиљановска-Давкова оствари телефонски разговор со претседателот на Република Азербејџан, Илхам Алиев

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова, на нејзино барање, утрово оствари телефонски разговор со претседателот на Република Азербејџан, Илхам Алиев. Соговорниците ги потврдија македонско-азербејџанските пријателски односи и подготвеноста за нивно натамошно...

Сиљановска-Давкова: Врело стана најдлабока подводна пештера во светот!

Сиљановска-Давкова: Врело стана најдлабока подводна пештера во светот!

Претседателката вчеравечер се сретна со учесниците во меѓународната експедиција „Врело 2026“ и членовите на Спелеонуркачкиот клуб „Врело“, кои ја информираа за текот на експедицијата и за историскиот успех со кој пештерата Врело во кањонот Матка, со истражена...

Сиљановска-Давкова се сретна со претставници на Проект ХОУП и Фондацијата БД

Сиљановска-Давкова се сретна со претставници на Проект ХОУП и Фондацијата БД

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова денеска ги прими Раби Торбеј, извршен директор на Проект ХОУП (Project HOPE) и Сиен Авалос, претседателка на Фондацијата БД (Becton, Dickinson and Company Foundation). За Сиљановска –...

Сиљановска-Давкова: Командата за операции е еден од столбовите на армискиот одбранбен систем

Сиљановска-Давкова: Командата за операции е еден од столбовите на армискиот одбранбен систем

Претседателката и врховна командантка на Вооружените сили, Гордана Сиљановска-Давкова, денеска се обрати на одбележувањето на 17 Октомври – Денот на Командата за операции, во касарната „Боро Менков“ во Куманово. Таа ја истакна клучната улога на Командата во одбраната...

Сиљановска-Давкова со експертот за Холокаустот Мајкл Баренбаум: Историската вистина за македонските Евреи мора да се зачува

Сиљановска-Давкова со експертот за Холокаустот Мајкл Баренбаум: Историската вистина за македонските Евреи мора да се зачува

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова денеска го прими д-р Мајкл Баренбаум, истакнат професор по еврејски студии и експерт за Холокаустот, кој во март годинава ја придружуваше за време на посетата на Меморијалниот комплекс „Треблинка“ во Полска. [gallery...