Прес-конференција на претседателот Пендаровски – Доставениот усвоен закон за работни односи нема одредба за 60 часовна работна недела

29 мај 2023 | Соопштенија

Изминатиот петок, на 26.05.2023. ги примив петте закони за изменување и дополнување на постојни закони, а чија што содржина се однесува на изградбата на коридорите 8 и 10Д, во јавноста познати како закони за проектот на државата со американско – турскиот конзорциум „Бехтел-Енка“.

Законите кои што беа усвоени со пропишано мнозинство во Собранието, а чии што укази за прогласување стигнаа до мене се следниве:

  1. Закон за изменување и дополнување на законот за работни односи
  2. Закон за изменување и дополнување на законот за експропријација
  3. Закон за изменување и дополнување на законот за градење
  4. Законот за изменување и дополнување на Законот за урбанистичко планирање
  5. Закон за изменување и дополнување на Законот за утврдување на јавен интерес и номинирање на стратешки партнер за импементација на проектот за изградба на коридорите 8 и 10Д.

Изминатите недели во јавноста се разви легитимна дебата во однос на содржината на овие закони, а за еден од нив и за неговата уставност имајќи ја предвид одлуката на Уставниот суд од минатата година.

Неспорејќи го легитимното право за сеопфатна дебата за секој закон, вклучително и овие, сакам да укажам дека дебатата од мал број на субјекти беше употребена за зголемување на и онака високата поларизација во нашето општество што го отргна фокусот од вистинските прашања поврзани со овие закони. Односно наместо дискусијата да се насочи кон придобивките и можните ризици во однос на проектот, јавната дебата се претвори во расправа за нашите стратешки евроатлански ориентации и аспирации.

Во однос на Законот за изменување и дополнување на Законот за работни односи сакам да ја информирам јавноста дека текстот на усвоениот закон не ја содржи оспорената одредба од Уставниот суд која што предвидуваше дека „работното време на секој работник може да биде во просек 60 часа неделно во текот на годината“.

Изминативе месеци дадов неколку јавни изјави дека нема да потпишам указ за прогласување на закон кој содржи одредба што претходно е оспорена од Уставниот суд и во таа насока новиот текст на законот не ја содржи  формулацијата „60 часовна работна недела“.

Изминативе денови направив низа консултации во однос на уставноста на новиот текст на законот со експерти од областа на трудовото право, со поранешни судии на Уставниот суд и со советниците во мојот кабинет.

По сумирањето на различните мислења донесов одлука да го потпишам Указот за прогласување на овој закон, и на останатите четири закони.

Сепак, имајќи ги предвид приговорите на дел од синдикатите, дел од граѓанските здруженија кои работат во оваа сфера, како и на некои политички партии укажувам дека секоја заинтересирана страна има право да поднесе иницијатива за оценка на уставноста на секој закон, вклучително и на овој закон.

Уставниот суд е единствената институција во нашиот правен поредок која го дава последниот збор во однос на уставноста на законите.

Уставниот суд има на располагање и механизми со кои може брзо и ефикасно да донесе соодветна одлука, ако така сметаат судиите на Уставниот суд.

Надвор од оваа тема, сакам сосема накусо да ја поздравам работата на комисијата составена од експерти, формирана по препорака на Владата, во рамки на Министерството за правда, која во прилично кус временски рок изработи предлог-иницијатива за уставните промени, кои ги проследи до Владата. За кратко време, велам, направи убава работа, вредна работа, квалитетна работа, затоа што, знаете, таа комисија беше опкружена со непомалку емоции од ова претходново што го дебатиравме, имаше различни влијанија врз нејзиното работење. Конечно, кога имате 24-25 члена во една комисија за вака емоционално прашање јасно е дека е можно дебатата да зазема сосема друг курс и да не ја завршите работата, во една опција со недели и месеци, а другата е внатре да имате предлози кои не соодвествуваат на заклучоците на Собранието, на нашиот парламент, кои се единствено меродавни и практично се изворот на легитимитетот за формирање и работа на таа комисија, кои беа усвоени минатата година, и кои се однесуваат на европската преговарачка рамка.

Категории

Categories

Kategori

Последни вести

Latest news

Lajmet e fundit

Честитка од претседателот Пендаровски по повод Рамазан бајрам

Честитка од претседателот Пендаровски по повод Рамазан бајрам

Претседателот Стево Пендаровски, по повод големиот муслимански празник Рамазан бајрам, упати честитка до граѓаните од исламска вероисповед во Република Северна Македонија и до поглаварот на Исламската верска заедница Реис-ул-улема х. хфз. Шаќир еф. Фетаху. Почитуван...

Средба на претседателот Пендаровски со делегација на Пацифичкиот Совет од САД

Средба на претседателот Пендаровски со делегација на Пацифичкиот Совет од САД

Претседателот Стево Пендаровски денеска прими делегација од Пацифичкиот Совет од САД, која престојува во посета на нашата држава. Истакнувајќи дека Соединетите Американски Држави се наш најголем стратешки партнер и сојузник во НАТО, претседателот Пендаровски посочи...

Средба на претседателот Пендаровски со лорд Стјуарт Пич, специјален претставник на Обединетото Кралство за Западен Балкан

Средба на претседателот Пендаровски со лорд Стјуарт Пич, специјален претставник на Обединетото Кралство за Западен Балкан

Претседателот Стево Пендаровски денеска го прими лорд Стјуарт Пич, специјален претставник на Обединетото Кралство за Западен Балкан. Двајцата соговорници разменија мислења за актуелните случувања во регионот на Западен Балкан, за стратешките интереси на земјава и...

Средба со Џилиан Стирк, Шеф на мисијата за набљудување  на претстојните избори (ЕОМ) на ОБСЕ – Канцеларија за демократски институции и човекови права (ОДИХР)

Средба со Џилиан Стирк, Шеф на мисијата за набљудување  на претстојните избори (ЕОМ) на ОБСЕ – Канцеларија за демократски институции и човекови права (ОДИХР)

Претседателот Стево Пендаровски, денеска ја прими Џилиан Стирк, Шеф на мисијата за набљудување на претстојните избори (ЕОМ) на ОБСЕ – Канцеларија за демократски институции и човекови права (ОДИХР). На средбата претседателот Пендаровски беше запознаен со планираните...

Честитка од претседателот Пендаровски до верниците кои го прославуваат Велигден според Грегоријанскиот календар

Честитка од претседателот Пендаровски до верниците кои го прославуваат Велигден според Грегоријанскиот календар

Претседателот Стево Пендаровски, по повод големиот христијански празник Воскресение Христово – Велигден, упати честитка до д-р Киро Стојанов, Скопски бискуп и епарх струмичко-скопски, и до сите христијански верници кои го прославуваат Велигден според Грегоријанскиот...