Средба на Сиљановска-Давкова со претседателот на Обединетите Арапски Емирати, шеик Мохамед бин Зајед Ал Нахјан

5 февруари 2026 | Соопштенија

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова, во рамки на учеството на Светскиот самит на владите во Дубаи, оствари средба со претседателот на Обединетите Арапски Емирати, шеик Мохамед бин Зајед Ал Нахјан.

Претседателката се заблагодари за гостопримството и за можноста да учествува на престижниот самит, оценувајќи го како исклучително значајна платформа за справување со глобалните и регионалните предизвици и за водење значаен дијалог со истакнати лидери и партнери од целиот свет.

Во фокусот на разговорот беа перспективите за продлабочување на билатералната соработка и беше посочена потребата од унапредување на правната рамка.

Посебен акцент беше ставен на економските односи и можноста за забрзување на проектите од взаемен интерес, коишто се во подготвителна фаза.

Претседателката го поздрави воведувањето на безвизен режим меѓу двете држави, оценувајќи го како одлична можност за олеснување на севкупната комуникација меѓу двете општества.

Таа изрази уверување дека средбата, што се реализира во пресрет на 30-годишнината од воспоставувањето на дипломатските односи меѓу двете држави, ќе даде силен импулс во севкупното натамошно унапредување на соработката меѓу двете земји.

Двајцата соговорници разменија мислења за актуелните глобални прашања и важноста на напорите за разрешување на постоечките конфликти.

Во тој контекст, претседателката ја поздрави конструктивната и одговорна улога на Обединетите Арапски Емирати, којашто се базира на принципите на мир и толеранција. Претседателката го истакна интересот од македонска страна за продлабочена соработка преку заеднички иницијативи за меѓукултурен дијалог и промоција на општите цивилизациски вредности.

Категории

Categories

Kategori

Последни вести

Latest news

Lajmet e fundit

Повик за акредитирање – Официјална посета на претседателот на Република Албанија, Бајрам Бегај

Повик за акредитирање – Официјална посета на претседателот на Република Албанија, Бајрам Бегај

Ве известуваме дека на 27 февруари 2026 година, петок, во официјална посета на земјава ќе престојува претседателот на Република Албанија, Бајрам Бегај. Заинтересираните медиуми за следење на посетата потребно е да се акредитираат најдоцна до 25 февруари 2026 година,...

Сиљановска-Давкова: Европа не може да биде целосно безбедна се додека Западен Балкан е надвор од Европската Унија

Сиљановска-Давкова: Европа не може да биде целосно безбедна се додека Западен Балкан е надвор од Европската Унија

Без поцврста и поодлучна ЕУ, Балканот останува простор каде што надворешните сили ќе продолжат да ја тестираат својата моќ, порача претседателката Гордана Сиљановска-Давкова на свеченото отворањето на Меѓународната конференција на Паневропската унија на Македонија,...

Сиљановска-Давкова прими претставници на „Стоп за Усје“

Сиљановска-Давкова прими претставници на „Стоп за Усје“

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова прими претставници на граѓанската иницијатива „Стоп за Усје“, кои ги образложија нивните ставови врзани за влијанието на цементарницата Усје врз квалитетот на воздухот и здравјето на луѓето. [gallery...

Сиљановска -Давкова: Мајчиниот јазик е чувар на семејната и национална традиција, на духовното богатство и култура на еден народ

Сиљановска -Давкова: Мајчиниот јазик е чувар на семејната и национална традиција, на духовното богатство и култура на еден народ

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова се обрати на одбележувањето на Меѓународниот ден на мајчиниот јазик, што традиционално го организира Институтот за македонски јазик „Крсте Мисирков“. Во своето обраќање, претседателката нагласи дека мајчиниот јазик не е само...

Средба на Сиљановска-Давкова со Никол Варнс, вршителка на должноста амбасадорка во Амбасадата на САД

Средба на Сиљановска-Давкова со Никол Варнс, вршителка на должноста амбасадорка во Амбасадата на САД

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова ја прими Никол Варнс, вршителка на должноста шеф на мисијата во Амбасадата на САД. Таа изрази подготвеност за понатамошна соработка со истата динамика и посветеност како со претходната...