Претседателот Пендаровски се обрати на промоцијата на книгата „Политичка партиципација на лицата со попреченост“

18 мај 2023 | Обраќања, Соопштенија

Претседателот Стево Пендаровски денеска присуствуваше и се обрати на промоцијата на книгата „Политичка партиципација на лицата со попреченост“ од авторот Теодор Богоевски.

Во продолжение е интегралниот текст од обраќањето на претседателот Пендаровски.

Почитуван Теодор,
Почитувани гости,
Драги пријатели,

Денес имам особена чест да бидам дел од промоцијата на книгата „Политичка партиципација на лицата со попреченост“ од м-р Теодор Богоевски. Според мене, станува збор за вредно издание кое го заслужува вниманието на јавноста и во кое е обработена специфична тема, која, за жал, кај нас не е третирана со оној интензитет и обем кој го заслужува.

Минатата година кога Теодор беше кај мене, разговаравме на долго и на широко за положбата на лицата со попреченост кај нас, во контекст на заложбите за остварување на нивните права на еднаквост, достоинствен живот и вклученост во економскиот, културниот и општествениот живот. При тоа, стана збор и за сиот негов досегашен ангажман во насока на поголема инклузија на лицата со попреченост, поконкретно, студентите со попреченост. Тогаш, меѓу другото,  Теодор и ми го најави излегувањето на оваа книга која е, всушност, негов магистерски труд.

Навистина сум среќен што еве денес присуствуваме на нејзината промоција, со надеж дека покрај промовирањето на книгата, ќе го актуелизираме и остварувањето на правата на лицата со попреченост, како и значењето на нивната улога и придонес во политичкиот и воопшто во севкупниот општествен  живот. Впрочем, тоа е и е една од целите на м-р Богоевски со издавањето на неговата книга.

Во неа тој се осврнува на историјатот, но и на актуелните состојби на лицата со попреченост, за на крајот да се задржи на нашиот политички систем и интегрирањето на лицата со попреченост во органите на одлучување. Тоа, без дилема, треба да биде еден од приоритетите на секое демократско општество.

Имено, креирањето на амбиент во кој лицата со попреченост ќе ги имаат сите права, претпоставува и нивно партиципирање во политичкиот живот и, секако, во процесите на одлучување. Имајќи предвид дека рецензентите на трудот детално и аналитички се имаат произнесено за книгата и нејзините вредности, не би зборувал повеќе околу самата книга и нејзината структура и содржина.

Би сакал само да истакнам дека покрај научниот, систематски и длабоко осмислен пристап на авторот, посебна тежина на делото му дава и фактот што како лице со попреченост Теодор Богоевски во неа суптилно ја вткајува и својата лична приказна, личните сведоштва, емоции и дилеми. Според мене, токму таа автентичност е дополнителна вредност на книгата „Политичка партиципација на лицата со попреченост“. Во оваа прилика би сакал да упатам најискрени честитки на Теодор за книгата, но и за неговиот севкупен ангажман за подобрување на положбата на лицата со попреченост.

Особено треба да не радува фактот што м-р Теодор Богоевски е советник за лица со попреченост на претседателот на македонската влада, што несомнено е позитивен пример. Се надевам дека се повеќе лицата со попреченост ќе бидат вклучувани во процесите за креирање на политиките во нашата земја, не само за прашањата кои нив ги тангираат, туку, воопшто за сето она што е препознаено како проблем во македонското општество. Сите знаеме дека во секојдневниот живот се соочуваме со многу отворени прашања и предизвици и потребно е заеднички, со сите расположливи ресурси да пристапиме кон нивно решавање.

Драги пријатели,

На крајот, дозволете ми да истакнам дека подобрувањето на положбата на лицата со попреченост нема да се оствари само со подобрување на легислативата, или со подигнување на стандардите и нивно доследно имплементирање, ниту само со вклучување на лицата со попреченост во процесите на одлучување. За градење на вистински инклузивно, демократско и хумано општество неопходно е секој од нас да ја негува емпатијата, солидарноста и почитта кон овие наши сограѓани.

Уште еднаш честитки на Теодор за издавањето на книгата и многу успех и среќа и понатаму и на приватен и професионален план.

Ви благодарам.

Категории

Categories

Kategori

Последни вести

Latest news

Lajmet e fundit

Претседателот Пендаровски се обрати на дискусијата „Заедничка иницијатива за климатска акција“ во пресрет на 28. Самит за климатски промени

Претседателот Пендаровски се обрати на дискусијата „Заедничка иницијатива за климатска акција“ во пресрет на 28. Самит за климатски промени

Претседателот Стево Пендаровски денеска се обрати на дискусијата „Заедничка иницијатива за климатска акција “, којашто се одржа во соработка со постојаниот претставник на Програмата за развој на Обединетите нации (УНДП) Армен Григорјан, а во пресрет на претстојниот...

Претседателот Пендаровски го додели признанието „Успешни млади“ за 2022 година

Претседателот Пендаровски го додели признанието „Успешни млади“ за 2022 година

Претседателот Стево Пендаровски, на церемонија во Кабинетот на претседателот, денеска го додели признанието „Успешни млади“ за 2022 година. Признанието се доделува како поттик на научноистражувачката мисла и уметничката работа на младите во нашата држава. За Најдобра...

Панел – дискусија „Вклучи се, превенирај, одговори и систематизирај“ во рамки на 16 дена активизам против родово-базирано насилство

Панел – дискусија „Вклучи се, превенирај, одговори и систематизирај“ во рамки на 16 дена активизам против родово-базирано насилство

Под покровителство на сопругата на претседателот, Елизабета Ѓоргиевска и во соработка со Сојуз-Национален совет за родова рамноправност, денеска се одржа панел-дискусија на тема „Вклучи се, превенирај, одговори и систематизирај“,  по повод кампањата „16 дена активизам...

Претседателот Пендаровски присуствуваше на настанот „Ацо Шопов – Невообичаено“

Претседателот Пендаровски присуствуваше на настанот „Ацо Шопов – Невообичаено“

Претседателот Стево Пендаровски присуствуваше на настанот „Ацо Шопов – Невообичаено“ којшто се одржа во рамки на чествувањето на 100-годишнината од раѓањето на македонскиот поет Ацо Шопов, иницијатива под покровителство на Претседателот. [gallery...

Обраќање на претседателот Пендаровски по повод одбележувањето на Денот на албанската азбука

Обраќање на претседателот Пендаровски по повод одбележувањето на Денот на албанската азбука

Претседателот Стево Пендаровски денеска се обрати по повод одбележувањето на Денот на албанската азбука -  22 ноември и 115. годишнината од одржувањето на конгресот во Битола, каде беа поставени темелите за стандардизација на албанскиот јазик. [gallery...