Претседателот Пендаровски присуствуваше и се обрати на промоцијата на книгата „Помеѓу поделено и едно општество“

14 декември 2021 | Соопштенија

Претседателот Стево Пендаровски денеска присуствуваше и се обрати на промоцијата на книгата „Помеѓу поделено и едно општество“ на авторите Рубин Земон, Петар Атанасов, Сефер Тахири, Мустафа Ибрахими и Ана Чупеска.

Претседателот Пендаровски, упатувајќи честитки до авторите, оцени дека обработената тема на книгата е подолг период академски и политички провокативна во нашата држава. Претседателот ги адресираше главните предизвици со коишто се соочува нашето општество, а врз основа на неговото досегашно кариерно искуство и личен влог, како портпарол на МВР во времето на конфликтот од 2001-та година, како член на Кабинетот на претседателот Борис Трајковски, преку неговото учество во дебатите за децентрализација, симболи и број на изборни единици според етнички резон, обавување на функцијата претседател на Државната изборна комисија и референдумот против децентрализацијата, како учесник во граѓанското движење со наднационална агенда 2015-2016 година, како пратеник во Собранието во 2017 и 2018 година и учесник во дебатата за Законот за јазици.

Претседателот Пендаровски подвлече дека поделбите во македонското општество се длабоки, дека довербата тешко се дава преку етнички линии, освен ако нема политички договор, а уште потешко се задржува. Таа брзо се губи, додаде Претседателот, не затоа што изборните ветувања биле неискрени, туку дека клиентелизмот е предоминантен – најголем дел од гласачите од сите етникуми бараат нешто за возрат за дадениот глас, а ретко се интересираат за инклузивноста на политиките, рече претседателот Пендаровски. Втора научена лекција, според претседателот е дека внесувањето на мултикултурализмот мора да биде постепено. Тој говореше за донесувањето и имплементацијата на Законот за јазици, за унапредувањата во Армијата и во Агенцијата за разузнавање и влијанието на овие промени кај чувствителни сектори во македонското општество.

Од донесувањето на Рамковниот договор, според претседателот, пробиви има, иако не се доволни. Исчекор во мултикултурата е направен многу повеќе во граѓанската комуникација, отколку во државните институции, оцени претседателот. Вроденото достоинство на човекот е првата одредница од која мораме да тргнеме кога ја обмислуваме политичката заедница во која  живееме, порача претседателот Пендаровски.

Проектирајќи ги гледиштата на авторите на книгата, за насоките во коишто треба да се гради Северна Македонија во годините пред нас, претседателот Пендаровски нагласи дека книгата „Помеѓу поделено и едно општество“ е позитивен пример на конструктивен придонес кон нашата заедничка иднина.

Категории

Categories

Kategori

Последни вести

Latest news

Lajmet e fundit

Претседателот Пендаровски на одбележувањето на 25-годишнината од отворањето на Делегацијата на ЕУ во Скопје

Претседателот Пендаровски на одбележувањето на 25-годишнината од отворањето на Делегацијата на ЕУ во Скопје

Претседателот Стево Пендаровски денеска присуствуваше на одбележувањето на 25-годишнината од отворањето на Делегацијата на Европската Унија во Скопје. Честитајќи ја годишнината, претседателот Пендаровски изрази задоволство од досегашниот развој на односите меѓу...

Претседателот Пендаровски се обрати на Годишниот форум на „Виенската иницијатива“

Претседателот Пендаровски се обрати на Годишниот форум на „Виенската иницијатива“

Претседателот Стево Пендаровски се обрати пред учесниците на Годишниот форум на „Виенската иницијатива“ чиј домаќин е Народната банка на Република Северна Македонија. Во поздравното обраќање претседателот Пендаровски посочи дека овој форум на Иницијативата за...

Средба на претседателот Пендаровски со Аналена Баербок, сојузна министерка за надворешни работи на СР Германија

Средба на претседателот Пендаровски со Аналена Баербок, сојузна министерка за надворешни работи на СР Германија

Претседателот Стево Пендаровски денеска ја прими Аналена Баербок, сојузна министерка за надворешни работи на Сојузна Република Германија, која престојува во официјална посета на Република Северна Македонија. На средбата се...

Претседателот Пендаровски го потпиша Указот за новиот Закон за амнестија

Претседателот Пендаровски го потпиша Указот за новиот Закон за амнестија

Претседателот Стево Пендаровски денеска го потпиша Указот на усвоениот Закон за амнестија, со кој се предвидува лицата осудени за кривичните дела од член 205 „Пренесување на заразна болест“ и член 206 „Непостапување според здравствените прописи за време на епидемија“...

Повик за акредитирање на медиумски екипи – Официјална посета на сојузниот претседател на Република Австрија, Александер Ван дер Белен

Повик за акредитирање на медиумски екипи – Официјална посета на сојузниот претседател на Република Австрија, Александер Ван дер Белен

Ве известуваме дека на 28 и 29 март 2023 година во официјална посета на Република Северна Македонија ќе престојува сојузниот претседател на Република Австрија, Н.Е. д-р Александер Ван дер Белен, во придружба на неговата сопруга, г-а Дорис Шмидауер. Заинтересираните...