Проштална средба на претседателот Пендаровски со црногорската амбасадорка, Марија Петровиќ

14 декември 2023 | Соопштенија

Претседателот Стево Пендаровски денеска на проштална средба ја прими амбасадорката на Црна Гора, Марија Петровиќ.

 

На средбата беше констатирано дека двете земји негуваат традиционално партнерски и пријателски односи, без отворени прашања и беше нагласено дека како сојузници во НАТО и земји со заедничка цел – членството во Европската Унија, двете држави споделуваат исти вредности и даваат придонес во унапредувањето на регионалната соработка, како и кон стабилноста и безбедноста на нашиот регион.

Претседателот Пендаровски се заблагодари за дипломатскиот ангажман на црногорската амбасадорка Петровиќ во земјава и за нејзиниот придонес во унапредување на севкупните билатерални односи, посакувајќи и натамошен личен и професионален успех.

Категории

Categories

Kategori

Последни вести

Latest news

Lajmet e fundit

Заедничка иницијатива за климатска акција  – искуства од  28. Самит за климатски промени

Заедничка иницијатива за климатска акција – искуства од 28. Самит за климатски промени

Претседателот Стево Пендаровски денеска ја посети лабораторијата за мерење на квалитетот на воздухот во рамки на Универзитетот „Гоце Делчев“ во Штип и учествуваше во дискусијата „Заедничка иницијатива за климатска акција  - искуства од  28. Самит за климатски...

Претседателот Пендаровски го прими претседателот на Асоцијацијата Тим-40, Жарко Димитриоск

Претседателот Пендаровски го прими претседателот на Асоцијацијата Тим-40, Жарко Димитриоск

Претседателот Стево Пендаровски денеска го прими Жарко Димитриоски, претседател на Асоцијацијата на млади претприемачи во Стопанската комора на Северна Македонија, Тим-40. Димитриоски го запозна претседателот Пендаровски со активностите на нивната асоцијација, како и...

Отворен Кабинет за основци од училиштето „Мирче Ацев“ и за  лица од Заводот за рехабилитација на деца и младинци

Отворен Кабинет за основци од училиштето „Мирче Ацев“ и за лица од Заводот за рехабилитација на деца и младинци

Кабинетот на претседателот, во рамки на Отворен кабинет, денеска го посетија ученици од ООУ „Мирче Ацев“ и лица од Заводот за рехабилитација на деца и младинци од Скопје. [gallery...

Средба на претседателот Пендаровски со писателката Оља Петрушевска Томева

Средба на претседателот Пендаровски со писателката Оља Петрушевска Томева

Претседателот Стево Пендаровски денеска во книжарницата „Сакам книги“ оствари средба со писателката Оља Петрушевска Томева. Истакнувајќи дека речиси и да нема сличност меѓу пишувањето и нејзината примарна професија...

Средба на претседателот Пендаровски со претседателот на Црна Гора, Милатовиќ

Средба на претседателот Пендаровски со претседателот на Црна Гора, Милатовиќ

Претседателот Стево Пендаровски на маргините на 60. Минхенска безбедносна конференција, вчеравечер оствари средба со претседателот на Црна Гора, Јаков Милатовиќ. На средбата, двајцата соговорници разменија мислења за севкупните билатерални односи, изразувајќи...