Проштална средба на претседателот Пендаровски со јапонскиот амбасадор Хиронори Сaвада

20 декември 2022 | Соопштенија

Претседателот Стево Пендаровски, денеска го прими во проштална средба амбасадор на Јапонија, Хиронори Савада.

На средбата претседателот Пендаровски се заблагодари за севкупниот дипломатски ангажман на амбасадорот Сaвада, за одличната и конструктивна соработка со македонските институции како и за неговите заложби за продлабочување на македонско-јапонското пријателство.

Во таа насока, претседателот изрази благодарност до јапонската влада за севкупната поддршка и за реализицијата на голем број проекти во повеќе сектори во нашето општество, особено во областа на здравството и образованието, како и за помошта добиена за справување со пандемијата на Ковид-19.

На прошталната средба, претседателот му посака успех на амбасадорот Савада во натамошната кариера,  и ја реафирмираше подготвеноста на Северна Македонија за понатамошно унапредување на севкупните односи со Јапонија, динамизирање на политичкиот дијалог и интензивирање на економската соработка.

Категории

Categories

Kategori

Последни вести

Latest news

Lajmet e fundit

Претседателот Стево Пендаровски присуствуваше на инаугурацијата на турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган

Претседателот Стево Пендаровски присуствуваше на инаугурацијата на турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган

Претседателот Стево Пендаровски, денеска, 3 јуни 2023 година, на покана на турските власти, во Анкара присуствуваше на свечена церемонија на стапување на должност на претседателот на Турција, Реџеп Таип Ердоган. Претседателот Стево Пендаровски честитајќи му го новиот...

Отворен кабинет со посетители од Републичкиот центар за поддршка на лица со интелектуална попреченост „Порака“

Отворен кабинет со посетители од Републичкиот центар за поддршка на лица со интелектуална попреченост „Порака“

Во рамки на активноста Отворен кабинет, денеска Кабинетот на претседателот го посетија едукатори и корисници на Дневните центри на Републичкиот центар за поддршка на лица со интелектуална попреченост „Порака“. На...

Претседателот Пендаровски го посети скопското средно училиште „Цветан Димов“

Претседателот Пендаровски го посети скопското средно училиште „Цветан Димов“

Претседателот Стево Пендаровски денеска, по повод отворениот ден, го посети средното училиштето на Град Скопје „Цветан Димов“. Претседателот имаше можност да се запознае со условите во...

Учество на претседателот Пендаровски на Македонскиот енергетски форум 2023

Учество на претседателот Пендаровски на Македонскиот енергетски форум 2023

Претседателот Стево Пендаровски денеска учествуваше на Македонскиот енергетски форум 2023, што се одржува во Скопје во организација на ЗИП Институтот, во партнерство со Владата на Република Северна Македонија и Делегацијата на ЕУ во Скопје, на тема „Подобрување на...

Отворен кабинет со ученици од ООУ „Крсте Мисирков“- Куманово

Отворен кабинет со ученици од ООУ „Крсте Мисирков“- Куманово

Во рамки на активноста Отворен кабинет, денеска Кабинетот на претседателот го посетија ученици од ООУ „Крсте Мисирков“ од Куманово. Посетителите имаа можност да се сретнат и да поразговараат со...