Проштална средба на Сиљановска-Давкова со британскиот амбасадор Лосон

23 септември 2026 | Соопштенија

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова денеска оствари проштална средба со амбасадорот на Обединетото Кралство, Метју Лосон, кому му заблагодари за личната посветеност и проактивност во зајакнувањето на македонско-британските односи.

За Сиљановска-Давкова, Обединетото Кралство претставува долгогодишен и докажан пријател во клучните моменти од поновата историја на нашата земја– од приемот во ОН, членството во НАТО, до процесот на европската интеграција.

Подигнувањето на односите на ниво на стратешко партнерство го оценија како ново поглавје во билатералните односи, коешто отвора простор за поширока соработка во иднина.

Договорот за партнерство меѓу двете влади за инфраструктурни проекти, со којшто се предвидени 6 милијарди евра за стратешки инвестиции, за Сиљановска-Давкова, е една од најзначајните можности што нашата земја ги добила од меѓународен партнер.

На средбата, соговорниците ја реафирмираа важноста на меѓусебната соработка во одбраната, како и во рамките на НАТО.

Во новоформираната Британска бизнис асоцијација во Скопје, обајцата препознаваат можност за продлабочување на економските односи.

Според нив, визното олеснување меѓу двете земји би ги зајакнало врските меѓу граѓаните и би придонело за поголема трговска и академска размена, како и за развој на туризмот.

На прошталната средба, Лосон ѝ се заблагодари на Претседателката за одличната соработка и изрази увереност дека истата ќе продолжи и со неговата наследничка. Во периодот што следи, тој очекува продлабочување на партнерството, преку нови британски инвестиции и проекти поврзани со дигитализацијата, младинските политики и женското лидерство.

На амбасадорот Лосон, Сиљановска-Давкова му посака добро здравје, среќа и понатамошен успех на професионален план.

Категории

Categories

Kategori

Последни вести

Latest news

Lajmet e fundit

Учество на претседателката Сиљановска-Давкова на 9. Париски мировен форум

Учество на претседателката Сиљановска-Давкова на 9. Париски мировен форум

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова престојува во работна посета на Француската Република, по повод учеството на деветтото издание на Парискиот мировен форум. Сиљановска-Давкова утре, 10 ноември 2026 година, вторник, ќе присуствува на отворањето на форумот...

Сиљановска-Давкова на проштална средба со шефот на мисијата на ОБСЕ во Скопје, амбасадорот Килијан Вал

Сиљановска-Давкова на проштална средба со шефот на мисијата на ОБСЕ во Скопје, амбасадорот Килијан Вал

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова денеска на проштална средба го прими шефот на мисијата на ОБСЕ во Скопје, амбасадорот Килијан Вал. Таа му изрази благодарност за неговиот личен ангажман, посветеност и придонес во јакнењето на капацитетите на националните...

Сиљановска-Давкова го прими Извештајот на ЕК за напредокот за 2026 година

Сиљановска-Давкова го прими Извештајот на ЕК за напредокот за 2026 година

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова го прими шефот на Делегацијата на Европската Унија, амбасадорот Михалис Рокас, кој ѝ го предаде Извештајот наЕвропската комисија за напредокот за 2026 година. Соговорниците се согласија...

Сиљановска-Давкова во Брисел се сретна со амбасадорите на земјите членки на групата „Пријатели на Западен Балкан“

Сиљановска-Давкова во Брисел се сретна со амбасадорите на земјите членки на групата „Пријатели на Западен Балкан“

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова оствари работна средба со амбасадорите на земјите членки на групата „Пријатели на Западен Балкан“, посветена на регионалната соработка и европската перспектива на земјите од Западен Балкан. [gallery...

Сиљановска-Давкова се сретна со претставници на македонската дијаспора во Белгија

Сиљановска-Давкова се сретна со претставници на македонската дијаспора во Белгија

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова, во рамки на работната посета на Брисел, оствари средба со претставници на дијаспората во Белгија. Присутните споделија свои искуства од животот и работата во Белгија, посочувајќи ја потребата од постојана комуникација и...